3Честитка од претседателот на Уставниот суд, Костадиновски по повод 8 Септември -Денот на независноста
АвтомобилизамФото: Уникатен Мекларен П1 во чест на првата Ф1 титула на легендарниот Аиртон СенаМекларен во чест на првата титула во Формула 1 првенството на легендарниот возач Аиртон сена од 1998 година направи уникатен модел П1 ГТР.Единствената верзија на П1 со број на каросеријата 12 ја доби истата комбинација на бои црвена и бела како и карактеристичната линија на тогашниот спонзор Марлборо, како болидот Мекларен МП4/’ во кој покојниот Сена прв пат ја освои титулата во Ф1. Логото на Сена е ставено на неколку делови од каросеријата , исто како и неговиот број 12 и бразилското знаме. Само за фарбањето на овој тркачки автомобил биле потрошени дури 800 часови. На влезната врата на автомобилот напишана е пораката: „Не сум направен за да завршам втор или трет .. Направен сум за да победам“. Мекларен П1 ГРТ е тркачка верзија на славниот модел на британскиот производител направен во чест на 20 години од победата на Мекларен Ф1 на трката 24 часа Ле Ман во 1995.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДва бомбашки напади во центарот на Атина (ВИДЕО)Рачни гранати беа фрлени денеска на две локации во центарот на Атина, соопшти грчката полиција, додавајќи дека нема повредени.Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната беше фрлена во продавница за здрава храна во Ахарнон, а наводно во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач со сириско потекло, објави „Прото тема“. 💥 Νύχτα τρόμου στο κέντρο της Αθήνας – Δύο εκρήξεις μέσα σε λίγα λεπτά Συναγερμός σήμανε τα ξημερώματα μετά από επιθέσεις σε δύο καταστήματα σε Ομόνοια και πλατεία Αμερικής. Στην πρώτη περίπτωση, άγνωστος έσπασε την τζαμαρία καφετέριας στην Αχαρνών και στη συνέχεια πέταξε… pic.twitter.com/COuvqV0efM — in.gr/news (@in_gr) September 8, 2026 Вториот напад се случил во 4:55 часот наутро во областа Агиос Пантелејмонас, кога непознат напаѓач фрлил експлозивна направа во наргиле бар во сопственост на Сириец. Μπαράζ επιθέσεων σε καταστήματα στο κέντρο της Αθήνας: «Γυαλιά καρφιά» έγινε η τζαμαρία καφέ - Άγνωστος την έσπασε με μεταλλικό φρεάτιο και μετά έριξε εκρηκτικό μηχανισμό Βίντεο: Γιάννης Κέμμος pic.twitter.com/rbqZNqHMvC — Flash.gr (@flashgrofficial) September 8, 2026 Полицијата е на местото на настанот. Снимки од продавницата и барот по експлозиите се појавија и на социјалните мрежи.Тагови: Атина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаГаши: Честит 8 СептемвриДенот на независноста е еден од најзначајните датуми во историјата на нашата земја. 35 години живот на една држава не се многу, но се доволни за да разбереме дека државноста не се постигнува само со еден политички акт, со референдум или само со прогласувањето на независноста. Државата е нешто што се гради секој ден – со функционални институции, со еднакво право за сите, со одговорност, со работа, со образование, со економски развој и, пред сè, со луѓе кои веруваат дека нивната лична иднина е поврзана со заедничката иднина на државата. Оваа годишнина треба да ја гледаме со верба и оптимизам, преку она што сме го изградиле, но и преку она што останува да го направиме. Нашата Република е дом на граѓани со различна етничка, јазична, верска и културна припадност. Оваа разновидност не треба да биде извор на поделби, туку наша заедничка сила. Во темелите на нашата држава секогаш треба да стојат еднаквоста и чувството дека секој граѓанин има свое рамноправно место во државата. Наша заедничка должност е да градиме држава во која институциите им служат на граѓаните, во која законите се применуваат еднакво за сите, во која корупцијата не се толерира и во која европската перспектива е заедничка цел. На овој посебен ден, посакувам нашата држава да биде место во кое никој нема да се чувствува како странец, во кое разликите се можност за успех, во кое институциите се посилни од тесните интереси и во кое секој млад човек може со убедување да каже: „Тука е моето место и тука ја гледам мојата иднина.“ Со верба во граѓаните, со одговорност кон државата и со заедничка работа, да ја градиме државата што сакаме да им ја оставиме на идните генерации. Честит 8 Септември – 35-годишнината од независноста на Македонија! Африм Гаши Претседател на Собранието на МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧеститка од претседателот на Уставниот суд, Костадиновски по повод 8 Септември -Денот на независностаПо повод 8 Септември - Денот на независноста, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, упатува честитка до сите граѓани. Почитувани сограѓани, Независноста е избор направен во еден историски момент, тоа е нашата колективна гордост. 8 Септември е симбол за истрајноста и потсетник за сите генерации, посветено да придонесуваме за иднината на Републиката. Љубовта кон татковината не се изразува само со почит кон минатото, туку и со одговорност кон сегашноста, преку почитување на Уставот, силни институции и доследно владеење на правото. Денес, највисок чин на патриотизам е бескомпромисната посветеност на правната држава и на принципот дека правото мора да важи подеднакво за сите. Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter