Фото: Убавица која сака да стане модел на „Викторија сикретс“

Алексис Рен е атрактивна манекенка и фитнес модел која не се срами на социјалните мрежи да го покаже своето убаво тело.

Сексапилната Алексис која на социјалните мрежи ја следат повеќе од 13 милиони луѓе обожува да објавува свои провокативни фотки.

Нејзина најголема желба е да добие „крила“ и да стане ангел на „Викторија сикретс“ .

Карлеуша со нови леќи за сини очи и без фотошоп (ФОТО)

Јелена Карлеуша се појави на снимањето на шоуто Ѕвезде Гранда со светло сини леќи, а во студиото дојде во краток зелен фустан.

Пред да биде фотографирана во студиото, Карлеуша се пофали и со своите леќи на Инстаграм, но очигледно е дека малку ја уредила фотографијата.

Инаку, таа носела фустан со потпис на Софија Милошевиќ, свршеницата на фудбалерот Лука Јовиќ, која неодамна се породи.

Карлеуша ја следат 2,3 милиони луѓе на Инстаграм, а за нејзиното фотошопирање и селфи често се дискутира.

Hi 😏 In @bysofimilo

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

"Мотивациска порака за хејтерите: Изгледам 100 пати подобро во живо и сум убава без шминка. На сите им посакувам прекрасен ден", напишала еднаш на социјалните мрежи.

👧🏼

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Пропадна уште еден обид за примирје меѓу Ерменија и Азербејџан

Премиерот на Ерменија, Никола Пашинијан изјави дека примирјето што стапило на сила денеска наутро во Нагорно Карабах, не заживеа, пренесува Спутник.

Од друга страна, Азербејџан денеска го обвини Ереван за ракетни напади врз градот Тертер.

"Јасно е дека уште еднаш не успеавме да го зачуваме примирјето. Не знам каква ќе биде реакцијата на групата Минск, но ерменската страна стори се за да го почитува примирјето и армијата беше воздржана. Но, во вториот дел од денот можеме да кажеме дека не успеавме да го зачуваме примирјето “, рече Пашинијан во видеото објавено на Фејсбук.

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанјан објави дека „азербејџанската армија денес дури го зголеми интензитетот на нападите, користи артилерија и тенкови, по линијата на раздвојување во Нагорно Карабах“, додаде Спутник.

Во светот се излекувани над 32 милиони лица ,заразени со Ковид-19

Бројот на луѓе во светот кои биле излекувани од ковид- 19 надмина 32 милиони, според податоците на веб-страницата „Worldometers“.

Досега, 32.001.313 пациенти се излекувале од коронавирус во светот, или 96 проценти од 43.520.941, односно сите забележани случаи.

Како резултат на ковид- 19, досега починале 1.161.360 луѓе, што е четири проценти од вкупниот број на пациенти.

Во моментов има 10.358.268 активни случаи. Лесни симптоми на болеста покажуваат 99 проценти од заразените, или 10.280.049 лица, додека 78.219 пациенти се во критична состојба.

притисни ентер