Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра
1Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра
Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
1Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
ЗабаваФото: Тој е најубавиот татко !!Мариано Ди Вајо е 28 –годишен Италијанец кога на Инстаграм го следат повеќе од шест милиони луѓе?!Секако повеќето од нив се припаднички на поубавиот пол. Кога ќе ги видите фотографиите ќе ви стане јасно и зошто. Симпатичниот Мариано покрај тоа што е успешен моден блогер, тој дизајнира и накит, облека, очила за сонце...Но, неговата популарност порасна многу кога Мариано стана татко. Откако 28 годишниот татко на Инстаграм почна да објавува фотки со својот син, многу брзо фановите го прогласија за најубавиот татко на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евраПо основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, Владата води сметка да го заштити стандардот на граѓаните.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку би била реалната цена нафтата, доколку Владата не ја донесе одлуката за намалување на данокот на додадена вредност, изјави: „Доколку не се донесеше оваа одлука и претходните одлуки за намалување на акцизата, еве на пример цената на дизел горивото ќе беше за отприлика 11-11,5 денари поскапа по литар, од ова што е денеска. Со други зборови, имајќи го предвид зголемениот конзум на бензинските станици во државата, посебно оние што гравитираат во северниот, западниот и јужниот дел од земјата, поради притисокот на граѓаните што доаѓаат од Грција, Албанија и Србија, стигнавме до повеќе од 2 милиони литри гориво коешто се точи на македонските бензински станици. Имајќи предвид дека отприлика седумдесетина проценти е дизел гориво, тогаш доаѓаме до некаде околу милион и четиристотини, милион и петстотини илјади литри. Што значи дека само по основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра. Или ако се земе предвид отприлика две недели и доколку се земе предвид веќе намалената царина, односно акциза за безоловниот 95 и 98 октански, тогаш доаѓаме до бројка помеѓу 4,2 и 4,5 милиони евра, тоа е директна заштеда којашто ја имаат македонските граѓани. А индиректната заштеда се проектира во ниската ставка на инфлација. Ние веќе два месеци, јули и август во пикот на најголемата светска енергетска криза што ја памети човештвото, имаме би рекол една од најниските ставки на инфлација, многу подолу од Европската Унија. Во регионот сме меѓу најниските, само нашиот северен сосед Србија има за некоја 0,3-0,2 проценти пониска ставка на инфлација. И она коешто исто така сакам да го напоменам е дека во моментот имаме најниска цена на дизел горивото и на безоловниот 95 и 98 октански бензин и ако се спореди со цената којашто ја имаат нашите соседи, па и во Европа, тогаш разликата е помеѓу 20 и 50%. Тоа значи дека оваа Влада води сметка во рамките на своите можности и повеќе од што може за да го заштити стандардот на граѓаните.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести39-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34
ЗдравјеПерински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигуреницитеВо август 2026 година Фондот исплати вкупно 623.150.780 денари за боледувања, од кои 414.050.780 денари за породилни надоместоци. Фондот за здравствено осигурување ќе продолжи со активности за воспоставување редовна и предвидлива исплата на надоместоците за боледување и породилно отсуство, истовремено со унапредување на правилата, поедноставување на постапките и зајакнување на контролата таму каде што постои ризик од злоупотреба. Ова беа дел од клучните пораки на генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, м-р Златко Перински, на денешниот медиумски брифинг, на кој со новинарите разговараше за актуелните резултати, новите решенија што се подготвуваат и приоритетите во работењето на Фондот. Во август 2026 година Фондот исплати вкупно 623.150.780 денари за боледувања, од кои 414.050.780 денари за породилни надоместоци. Средствата беа обезбедени преку активно управување со ликвидноста и забрзана наплата на дел од побарувањата по основ на придонеси, без притоа да се наруши редовното подмирување на останатите обврски на Фондот. „Нашата цел не е август да остане исклучок, туку редовната исплата да стане правило. За уредно комплетираните предмети за кои се исполнети условите за исплата, работиме кон воспоставување динамика во која надоместоците за претходниот месец ќе се исплаќаат во текот на наредниот месец“, истакна Перински. Појасни критериуми и посилна контрола на боледувањата На брифингот беа презентирани и предложените измени на правилата за утврдување и контрола на привремената спреченост за работа, кои треба да бидат разгледани од Управниот одбор на Фондот. Целта е да се воспостават појасни и посовремени медицински критериуми, да се олесни постапката за пациентите кои имаат реална медицинска потреба од боледување и истовремено да се зајакнат механизмите за спречување на неоправданото користење на ова право. Предложените решенија предвидуваат избраниот лекар, врз основа на медицинска проценка, да може да отвори боледување до пет дена без примена на утврдените критериуми, наместо сегашните седум дена. Се прошируваат и прецизираат случаите во кои боледувањето може да се утврди без физичко присуство на осигуреникот, се доуредуваат надлежностите на лекарските комисии и се воведува поголема дигитализација преку електронска евиденција и документација. Паралелно се предвидуваат и засилени механизми за контрола, вклучително и можност за контрола кај осигуреникот во текот на боледувањето, како и заеднички контроли со други надлежни институции. „Не ги менуваме правилата за да го ограничиме боледувањето. Ги менуваме за да направиме јасна разлика меѓу право кое мора да биде заштитено и злоупотреба која не смее да биде платена од парите на осигурениците. Правиме систем кој е поедноставен за оправданите случаи, а построг таму каде што има злоупотреба“, порача Перински. БПО: 237 барања за четврти, петти и шести обид На брифингот беа презентирани и актуелните податоци за биомедицински потпомогнато оплодување. Од вкупно 1.883 поднесени и разгледани барања за БПО, 237 се однесуваат на четврти, петти или шести обид – 216 за четврти, 17 за петти и четири за шести обид. Тоа покажува дека проширеното право реално се користи и обезбедува дополнителна можност за семејствата кои се соочуваат со проблеми во остварувањето родителство. Фондот истовремено ја анализира можноста за поинакво структурирање на пакетите за БПО, со поголемо финансиско покривање во првите обиди и градациски модел за последователните обиди, без намалување на правото на шест обиди. Намерата е средствата да бидат поставени таму каде што можат да создадат најдобри услови за успешност на постапката, со помало повторено изложување на жената на терапија и медицински процедури. Моделот е во фаза на анализа и за него ќе бидат разгледани медицинските и финансиските аспекти пред донесување конечно решение. Рецептот од дежурна служба да важи 24 часа Фондот подготвува и промена на правилото за рецептите издадени од дежурните служби при итен преглед. Според постојното решение, ваквиот рецепт важи до 00:00 часот на денот кога е издаден, што во пракса создава проблем кога пациентот е прегледан во доцните вечерни часови. Предлогот е рецептот да важи 24 часа, со што пациентите ќе добијат реален временски простор да го подигнат препишаниот лек. Пациент кој во 23 часот побарал итна медицинска помош не треба по излегувањето од амбуланта да води трка со часовникот за да го подигне лекот до полноќ. Правилото треба да му служи на пациентот, а не пациентот да се приспособува на правило кое во пракса не функционира, нагласи Перински. Фонд што ги препознава проблемите и иницира решенија Меѓу приоритетите во наредниот период се редовното и навремено остварување на правата на осигурениците, финансиската стабилност и ефикасното управување со средствата, поедноставувањето и дигитализацијата на постапките, како и активното иницирање законски измени кога постојните решенија создаваат непотребни административни пречки. Фондот ги разгледува и можностите за унапредување на здравственото осигурување на лицата до 18 години, со цел нивното право на здравствена заштита да биде што посигурно и да не зависи од промените во осигурителниот статус на родителот. Фондот не треба само да констатира дека нешто не функционира. Ако проблемот е кај нас, наша работа е да го смениме. Нашата цел е правата да се остваруваат навремено, постапките да бидат поедноставни, средствата да се насочуваат таму каде што даваат најголем ефект, а контролата да биде силна таму каде што постои простор за злоупотреба, истакна генералниот директор Перински. Медиумскиот брифинг е дел од определбата на Фондот за редовна, отворена и транспарентна комуникација со медиумите и јавноста, со навремено презентирање на резултатите, промените и иницијативите што непосредно ги засегаат осигурениците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани, судството под контрола на Мицкоски ги штити своитеПоминаа 18 месеци од трагедијата во „Пулс“ во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени а правда нема.Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста. Заробено судство под контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда. Повеќе од две години власта на Мицкоски ги контролира полицијата, обвинителството и судството. Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО. Како и за сè друго што ветил – излажа. Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата. Сега и „Газда Деко“ е на слобода. Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас. Враќаат имот стекнат со криминал. Телохранители на Мицкоски кои тепаат жени се спасуваат од одговорност. Нема одговорност за 5 тони дрога преку граница. Нема одговорност за криминални тендри. Се спасуваат градоначалници и функционери блиски до власта. Така изгледа „правдата“ на Мицкоски – заштита за моќните, неправда за жртвите. СДСМ стои со семејствата на загинатите и повредените во Кочани. Бараме целосна, неселективна и вистинска одговорност за трагедијата. Правдата за Кочани не смее да истече. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести39-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34