Фото: Што бил мегалодонот!? - Канал 5

Фото: Што бил мегалодонот!?

Магалодон е вид на ајкула кој изумрел пред неколку милиони години. Мегалодон е најголемата ајкула која некогаш пливала во океанот и една од најголемите откриени риби.

Фото: Што бил мегалодонот!?

Нејзиното научно име е „ Carcharocles megalodon“ што во превод значи „огромен заб“. Секако за ваквото име има добра причина, огромните заби на оваа ајкула биле скоро три пати поголеми од забите на денешната голема бела ајкула.

Научниците сега се обидуваат според фосилните остатоци да откријат во кој период мегалодонот изумрел. Најверојатно тоа се случиле пред настанокот на човекот.

Група од научници од Универзитетот во Цирих ги проучува фосилните остатките од мегалодонот користејќи техника која се вика оптимална линеарна естимација, за да се одредат годините на ајкулата.

Нивното истражување откриле дека фосилите од ајкулата датираат од периодот меѓу миоценската и плиоценската ера, односно од пред околу 15,9 милиони до 2,6 милиони години. Првиот Homo sapiens- човек настанал пред само 2,5 милиони години.

Според податоците на научниците од Универзитетот во Цирих има само 1 процент можност денеска да има жива ајкула мегалодон, што секако е и реално ако се земе во предвид дека не постојат никакви докази дека оваа џин ајкула ја има денеска во океаните.

Инаку, судејќи според големината на пронајдените заби, ајкулата мегалодон била долга околу 18 метри, некој научници велат дека оваа ајкула можела да достигне и должина од неверојатни 25 метри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јамал: „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“

Ламин Јамал не ја крие својата самодоверба, но смета дека сè уште не го покажал сето она што го може.

Јамал: „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“

Младата ѕвезда на светскиот фудбал, Јамал верува дека најдоброто допрва претстои.

Во интервју за „Movistar Plus“, фудбалерот на Барселона зборуваше за својот развој, советите од Серхио Бускетс и критериумите за доделување на „Златната топка“.

„Ќе биде тешко да се најде некој што е на моето ниво“, изјави Јамал, осврнувајќи се на моментот кога на натпреварите ќе може да го покаже сето она што веќе го прави на тренинзите.

Шпанскиот репрезентативец оцени дека брзо созреал, но и дека на одредени натпревари можел да настапи со поголема самодоверба. Во тоа гледа простор за напредок и причина да верува дека за четири години ќе биде значително подобар. Важна пресвртница бил разговорот со Бускетс по неговата суспензија во младинските категории.

Искусниот Бускетс го потсетил на одговорноста што ја носи играњето за Барселона, по што Јамал одлучи целосно да му се посвети на фудбалот. Тренинзите, натпреварите, семејството и одморот станаа негови приоритети.

Зборувајќи за „Златната топка“, Јамал ​​оценил дека бројот на постигнати голови и освоени трофеи не треба да биде пресуден.

Според него, признанието треба да му припадне на најдобриот фудбалер во светот, чии натпревари ѝ причинуваат најголемо задоволство на публиката.

„Златната топка мора да заврши кај најдобриот“, истакнал Јамал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи

.

Фото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи

По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот.

За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата.

Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи.

Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот.

Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ураган од четврта категорија се движи кон брегот на Мексико

Моќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.

Ураган од четврта категорија се движи кон брегот на Мексико

Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час.

Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот.

Жителите се повикуваат да се подготват.

Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот.

Државата халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер