3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
АвтомобилизамФото: Шкода подготвува уште еден кросоверЧешкиот произведувач објави дизајнерски цртежи од концептот „Vision In“ чија премиера ќе биде на автомобилскиот саем во Њу Делхи на почетокот на фебруари.Како што се наведува, во прашање е концептно возило кое го најавува продукцискиот компактен кросовер за индсики пазар. Сериската верзија ќе биде поставена на Фолксвагеновата „MQB A0“ механичка платформа а во продажните салони ќе се појави кон крајот на годината. Шкода не објави многу детали за ова возило, освен податоците дека неговата должина изнесува 4,26 метри, што значи дека автомобилот е подолг од европската верзија на моделот „Kamiq“ а пократок од „Karoqa“. Надворешноста на концептот „ Vision In“ е со карактеристичен Шкода дизајн кој е типичен за најновата генерација на автомобили од чешкиот произведувач. Предните светлосни групи се поставени високо и се состојат од два сегмента. Кај овој дел од возилото доминира голема маска и отвори за воздух кои допринесуваат за поагресивен изглед. Како кај многу концептни возила, и во овој случај има решенија кои од практични причини најверојатно ќе бидат исфрлени кај продукцискиот модел. Едно од таквите решенија се кваките на вратите кои се вовлечени. ЛЕД штоп светлата се исто така препознатливи и потсетуваат на некои други Шкода модели. Внатрешноста е дизајнирана минималистички, скоро без физички команди, но со голем централно поставен екран . Дигитална е и инструмент таблата а бочните вентилациони отвори имаат специфичен дизајн. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МакедонијаРепортажа од предизборна Брвеница: Симбол за соживот и прибежиште за жителите од урбаните средини Сместена во Полошката котлина, во непосредна близина на Тетово, Брвеница за дел од граѓаните значи место за мирен и едноставен живот, подалеку од градскиот метеж. Иако во земјава, луѓето се почесто од помалите места мигрираат во градовите, во потрага по подобри можности, жителите на Брвеница раскажуваат за обратен тренд -луѓе кои од градот ги продаваат своите станови и се преселуваат токму овде, каде велат имаат поквалитетен живот, повеќе простор, почиста средина и можност да живеат поблиску до природата. - Точно е тоа дека од градот доаѓаат тука и ова сега не е село е урбана населба. – Зошто е тоа така? Блискоста до градот, урбанизираноста, младите жители и културно забавниот живот, спортскиот живот и така натаму. - Еве јас сум во Тетово, јас сум живеел во Тетово пред судот. И дојден сум овде сум скоро 24 години седиме овде. Што ве натера да се преселите овде? Помирно е да ви кажам почисто и се тоа. - И поблизу што е до Тетово. Таму го продаваат станчето, ќе земат овде 500 квадрати место ќе посее пипер, патлиџан нешто и тоа. Со десет населени места и жители од различни етнички заедници, Општина Брвеница важи за средина во која соживотот е важен дел од секојдневието. Според Пописот од 2021 година, во општината живеат 54% Албанци и 41% Македонци. Покрај мирниот начин на живот, ваквата мултиетничка средина, соживотот и меѓусебното почитување се меѓу темите за кои зборуваат жителите, очекувајќи тие да бидат сочувани и негувани и за идните генерации. - Јас потекнувам од с,Челопек од мешана населба. Имаме добар соживот почитување и разбирање - Добар соживот има, добро е се многу убава е Брвеница. Има од повеќе места дојдени од ваму таму, народот живее и со албанците живееме добро. Пред Камерата на Канал 5 жителите на Брвеница ги кажаа и другите очекувања од новиот градоначалник. - Нека си продолжи да си ја тера својата работа. Брвеница и поголемиот дел од населените места мислам дека се завршени работите околу комуналија, водовод, канализација, асвалтирање на патишта, меѓутоа секогаш има недовршени работи па нека си продолжи таму каде што има потреба. - Што треба? Се треба да направи треба да се докаже ако сака и понатаму после да турка ако не ништо. Уште една градинка треба во село и готово. За градоначалничката функција на предвремените локални избори се натпреваруваат шест кандидати, четворица предложени од политички коалиции и двајца независни кандидати. - Во очи на утрешните локални избори овде во Брвеница, изборниот процес почна денеска. 88 болни и изнемоштени лица денеска го остваруваат своето право на глас. На потег утре се останатите гласачи, кои се очекува да излезат да го дадат своето право на глас а со тоа да одлучат кој ќе раководи со нивната општина. Од Општинската изборна комисија информираат дека гласањето на болните и изнемоштените лица се одвива во согласност со утврдените изборни процедури. -Процесот започна навремено, денеска ги подигнавме и материјалите и во состав на нашата изборна единица ќе одиме кај болните и изнемоштени лица. Процесот очекуваме да тече мирно и се во најдобар ред да биде. - Снежана Анѓелковска – општинска изборна комисија о.Брвеница Според податоците на Државната изборна комисија, во Избирачкиот список за Општина Брвеница се запишани вкупно 16.256 избирачи, а гласањето утре ќе се одвива на 24 избирачки места. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкција за решавање на проблемот со питачењето во центарот на СкопјеДосега во период од околу три недели кога акцијата и започна, на улица се затекнати 28 деца.-Ние сме инспектори за малолетници, тука сме заради децата. Тука и Центарот за социјални работи, Министерството за труд и социјална политика, ќе мора да дојдете со нас! Вака, тим од социјални работници и полициски службеници ги пресретнуваат питачите низ Скопје, ги земаат и возрасните и децата, ги идендификуваат и започнува постапката. Прво, во полициска станица или за децата преглед во болница, а потоа се „чешла“ документацијата за да се утврди дали затекнатите питачи имаат примања или некој вид на помош од државата. Досега во период од околу три недели кога акцијата и започна, на улица се затекнати 28 деца. -Дали користите социјална помош? Сега пуштив, да. За што? За социјална помош. И Ви одобрија? Да. Колку деца имате? Седум. Ова е седмото дете. Да. Каде се другите деца? Дома ми се. Акцијата деновиве се спроведува во и околу старата скопска чаршија, Дебар маало, и центарот на метрополата....освен на крстосниците, додека тимот се движи, се застанува и низ тротоарите. Кој и да е затекнат со пружена рака како проси, се проверува. -Не смеете на јавна површина да просите. Застанав само таблети да пијам. Господине, Ве молам лична карта. Иако полициските службеници во цивилна облека правеа обиколки за да утврдат дали станува збор за питачи или не, некои од оние што денеска беа забележани дека питачат ги убедуваа полицајците и инспекторите дека седеле на картон зошто им се вртело во главата. -Ми се вртеше, да се напијам апче. Пензионерот што беше затекнат на Бит пазар со возило од Центарот за социјална работа заедно со придружба беше однесен во полициска станица. -Невладините организации за заштита на правата на децата, а и Народниот правобранител со години алармираат дека државата мора да има функционален систем за помош на децата на улица. Овој пат, за разлика од минатото, надлежните велат дека токму таков имаат. Децата што ќе бидат отстранети од улица прво се носат во болница, за да им се обезбеди детален преглед, а во меѓувреме се лоцираат родителите, кои добиваат опомена и влегуваат во записник кој нотира злоупотреби на деца. Доколку истото дете два пати биде фатено како питачи, се одзема родителсткото право, односно тоа се носи во центар за деца или згрижувачко семејство. Надлежните уверуваат дека ова нема да биде само еднократна акција, туку ќе стане рутинска пракса, со цел ниту едно дете да не остане на улица, а сите да бидат вклучени во воспитно-образовниот процес за да научат дека можат да имаат поинаков живот од оној што им го пружа улицата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и ОхридНи помалку ни повеќе, туку еден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и Охрид, иако увозот и употребата на овој производ за човечка исхрана е забранета уште од средината на 2024 година. Против двете месарници се поднесени прекршочни мерки. Засега не се знае колку од овие желудници завршиле во човековата исхрана бидејки на лице место биле затекнати а потоа и уништени 55 килограми месни подготовки во кои биле користени пилешките желудници. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека забраната за употреба на консумација на овој тип на внатртешни органи од живина е донесена по анализа на ризиците за здравјето на луѓето. Меѓу потенцијалните опасности се контаминација со патогени бактерии и вируси, како и присуство на токсини. „Со цел обезбедување висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудници наменети за човечка исхрана“, Од АХВ посочуваат дека при претходните инспекциски контроли биле утврдени и случаи на злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии. Но останува неодговрено прашањето како забранетиот производ повторно се појавил во месарниците и каква е контролата врз храната на границите што се увезува за да се продава во земјава? Инаку со послендите засилени контроли на АХВ се откри значително количество небезбедна храна. Од јануари до август биле спроведени 75 илјади инспекциски надзори. Уништени се речиси 70 тони небезбедна храна од домашниот промет и од увоз, а забранет е увозот на повеќе од 21 тон небезбедна храна од растително потекло. Дополнително, вратени се пратки со храна од животинско потекло со вкупна тежина од над 122 тони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42