Фото: Северина со и без стомак!? - Канал 5

Фото: Северина со и без стомак!?

Балканската музичка  ѕвезда Северина Којиќ обожува да носи костим за капење бидејќи на тој начин може да се пофали со совршената става.

Фото: Северина со и без стомак!?

Атрактивната Севе сега ги изненади фановите со фотки на кои позира во црно бикини со интересен коментар.

На фотографиите Северина е со и без стомак?!

Атрактивната пејачка под фотките објавени на социјалните мрежи напишала:

„Да им дадеме поддршка на нас кои го вовлекуваме стомакот кога влегуваме во море... Колку не има??“, напишала Северина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат

Судството повторно покажа дека служи како штит за политичките моќници од СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат

Судиите на Венко Филипче и Али Ахмети повторно одработија за спас и одбрана на нивните наредбодавци.

Само после неколку месеци откако обвинителот Ислам Абази го затвори случајот за набавката на модуларните болници со што Филипче го спаси од одговорност, сега и судијата Африм Фидани ги ослободи поранешните директори на тетовска болница, Артан Етеми и Флорин Бесими, за трагедијата во која животот го загубија 14 наши сограѓани.

Ова отвора сериозни прашања за функционирањето на правосудниот систем и за еднаквоста пред законите, штета има, жртви има, а виновни нема.

Како е можно за пожар во кој загинаа 14 луѓе виновен да биде кабелот и да нема соодветна кривична одговорност за најодговорните лица од тој период, како што се тогашните директори на болницата и тогашниот министер за здравство, Венко Филипче?

Како е можно да не се испита одговорноста на сите надлежни лица во синџирот на одлучување и управување, Филипче како најодговорен воопшто да не биде повикан на разговор, а од друга страна да се ослободуваат и Бесими и Етеми.

Дали во Македонија правдата зависи од партиската блискост и политичките врски, а блиските до Филипче и Ахмети имаат привилегија да бидат над законот?

За 14-те загубени животи правда и одговорност мора да има, Македонија не смее да биде држава во која политичките врски се посилни од правдата.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

Според излезните анкети Илијана Јотова ќе биде прва жена на претседателската функција во Бугарија, по вчерашниот втор круг на изборите. 

Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

Илијана Јотова и кандидатот за потпретседател Кирил Валчев победија на претседателските избори во Бугарија со 57,58 отсто од гласовите. Според обработени 99,95 проценти од записниците, за Јотова и Валчев гласале повеќе од 1 милиони избирачи. По објавувањето на резултатите, Јотова им се заблагодари на граѓаните за поддршката. Таа порача дека ќе се залага за соработка и изнаоѓање решенија.јотова оцени дека нејзината кампања била позитивна и без говор на омраза. Валчев најави посебно внимание за младите и нивната иднина. Тој рече дека ќе работи на создавање услови младите да останат во Бугарија, а раселените да се вратат. Премиерот Румен Радев им ја честиташе победата и порача дека граѓаните гласале за мир и стабилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата

На вториот круг од вонредните избори за градоначалник во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанче Радичевски. Во штабот на дуи во Брвеница синоќа се славеше.

Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбујк напиша:

„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови.

Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа.

Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер