Фото: Семејството Ѓоковиќ потроши 75000 евра за свадбата на најмладиот син - Канал 5

Фото: Семејството Ѓоковиќ потроши 75000 евра за свадбата на најмладиот син

Семејството Ѓоковиќ потрошило 75000 евра за венчавката на најмладиот брат на Новак Ѓорѓе и неговата избраничка Сашка Веселинов. 

Фото: Семејството Ѓоковиќ потроши 75000 евра за свадбата на најмладиот син

Тие направија свадба во две земји, во Србија и во Црна Гора. Семејството Ѓоковиќ потрошило 75000 евра за венчавката на најмладиот брат на Новак Ѓорѓе и неговата избраничка Сашка Веселинов.

Вчера точно напладне младенците во црквата Свети Марко во Белград во кругот на најтесното семејство и кумовите се заветија на вечна љубов, а потоа со авион отпатуваа за Тиват.

На црковната венчавка, браќата на Ѓоле, Новак и Марко, како и нивните родители,беа највесели на свадбата.

Во еден момент мајката Дијана била многу емотивна и заплакала во прегратките на синот Новак.

-Невестата блесна во луксузна бела венчаница, која чинеше околу 5000 евра. Новак на свадбата од музичарите на кои им даде многу бакшиш ги нарача песните „Лицкаста си ти“, Данас мико, жениш сина“,.....Посебно го погоди песбата „Ружо румена“, која го натера веднаш да посегне по паричникот, па ги почести трубачите - вели извор близок до ова семејство.

По црковната венчавка младенците заедно со сгостите одлетале за Црна Гора.

- По црковната венчавка, младенците со семејствата заминаа во ресторанот на Новак на кратка пауза, а попладнето заминаа на аеродромот, од каде полетаа за Тиват. Само за авионски превоз искеширале 12.000 евра. Тие обезбедија и хотелски престој за сите гости, што ги чинеше околу 10000 евра. Музиката им била важна ставка, па платиле 25000 евра за неа, а уште 5000 евра дале за украсување. Другите трошоци, како што се шминката на Сашка, чевлите, пресоблекувањето, оделото на Ѓоле, чевлите и многу други ситници ги чинат дополнителни 10.000евра - вели изворот. Новак бил пресреќен поради бракот на неговиот брат.

- Денеска сум најгорд поради него. Што се однесува до брачните совети, се сам ќе види – изјави тенисерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху го навреди еден од своите најголеми сојузници

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го привлече вниманието на јавноста откако даде серија провокативни коментари за Обединетото Кралство за време на едно интервју.

Нетанјаху го навреди еден од своите најголеми сојузници

Зборувајќи во порелаксиран формат, во студиски стил, Нетанјаху ја искористи можноста да даде саркастични коментари за британското општество, а истовремено се осврна и на главниот ривал на Израел, Иран.

За време на разговорот, израелскиот премиер се осврна на демографската и политичката ситуација во Европа, јасно таргетирајќи го Лондон.

Според него, ситуацијата е таква што: „Британија би можеле да ја наречете „Исламска Република Британија“.

„Некој рече дека првата исламска република со нуклеарно оружје ќе биде Исламската Република Британија“, додаде Нетанјаху.

Сепак, оваа остра забелешка за европските сојузници послужи првенствено како вовед во главната порака упатена до Иран.

Продолжувајќи го својот саркастичен коментар за Велика Британија и нејзиниот нуклеарен арсенал, израелскиот премиер рече: „Загрижени сме дека ќе има уште една, знаете, во Иран“. Таквата реторика, иако изречена со навидум лежерен тон, претставува сериозна дипломатска провокација. Останува да се види како официјален Лондон ќе реагира на ваквото етикетирање на израелскиот премиер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Нема да го признаеме Косово. Рама: Албанија е доволно зрела да го прифати

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа жестоки реакции низ целиот Балкан. 

Зеленски: Нема да го признаеме Косово. Рама: Албанија е доволно зрела да го прифати

Зеленски се сретна за прв пат во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ, а потоа изјави дека Украина нема да ја признае независноста на Косово, што дополнително ја влоши ситуацијата во регионот.

Одговорот од Косово дојде речиси веднаш. Голем сино-жолт транспарент со натпис „Слободна Украина“, кој беше поставен во 2022 година, беше отстранет од главниот пат во Приштина. Градоначалникот Перпарим Рама рече дека се сочувствува со „луѓето кои се соочуваат со војна, насилство и прогон“, но додаде дека „почитувањето мора да биде взаемно“.

Албанскиот премиер Еди Рама исто така зборуваше за сè на „X“ денес.

„Мојот драг пријател Володимир Зеленски беше во Белград и рече дека Украина не го променила својот став и нема да го признае Косово.

Не помина ниту еден час, а најгласните националисти во Тирана и Приштина веќе посегнаа по геополитичкиот калкулатор: можеби треба да ја казниме Украина, да престанеме да навиваме за слободните и да тагуваме за оние што ги бомбардираат. Најнеодговорните меѓу нив нè нападнаа затоа што не се откажавме од Украина. Некои дури и навиваа за Русија!

Каква штета е да се изгуби од вид едноставната вистина дека слободата не функционира по принципот на враќање на парите. Спротивставувањето на агресивната војна и застапувањето за праведен мир не е сметка што ќе ја искинете кога жртвата на варварска агресија ќе ве разочара. Тоа не е услуга заменета за контрауслуга, туку прашање за тоа кој сте и за што се залагате во овој хаотичен свет.

„Албанија е доволно зрела да прифати две вистини“

За среќа, Албанија не е ситна личност која пресметува кој што на кого му должи, туку Европа на Балканот, која го покажува патот со својата вера во слободата, демократијата и мирот и со моќта на сопствениот пример. Украина може да биде, и да не е во право кога станува збор за Косово.

Но, нејзиното право на слобода останува неоспорно, а борбата за тоа право значи борба за Европа и за нас самите. Овие две вистини можат совршено да се вклопат во истата реченица. Албанија е доволно зрела да ги прифати обете и ќе го стори тоа“, рече Рама.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четврт век од Охридскиот договор: Свечена седница во владата и пораки за иднината без тензии

Со свечена седница во владата и пораки за стабилност, Македонија одбележува јубилејни 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Четврт век од Охридскиот договор: Свечена седница во владата и пораки за иднината без тензии

Централната прослава продолжува вечерва на Камен мост со уметничко-музичка програма, токму таму е нашата Маја Стојановска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер