3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Шоу бизФото: Селин Дион е анорексичнаСветската музичка ѕвезда Селин Дион предизвика големо внимание во јавноста откако на една манифестација во Париз се појави во друштво на 16 години помладото момче Пепе Муњоз. На сите веднаш во очи им падна фактот дека Селин е преслаба. Фановите на поп дивата веднаш се загрижиле за нејзиното здравје, поради фактот што таа драстично ослабела, а гардеробата која ја носела таа ноќ уште повеќе ја истакнала нејзината слабост. Според некои созданија, Селин Дион во моментов тежи околу 50 килограми. -На граница на анорексија си, те молам води грижа за себе, се некои од многуте коментари на загрижените фанови на пејачката. Мегапопуларната пејачка инаку , беше на работ на нервен слом по трагедијата која и се случи пред две години, кога во рок од само неколку дена ги загуби, сопругот, менаџерот, а потоа и братот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаПолицијата се уште работи на расчистување на нападот на гинекологот ОгненовиќИ по една недела од физичкиот напад вра гинекологот Дејан Огненовиќ нема никаква реакција до јавното обвинителство кон човекот кој го нападнал и му нанаел тешки телесни повреди на Огненовиќ. Од обвинителството објаснуваат дека МВР се уште не поднело пријава. Од СВР Скопје објаснуваат дека превземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Гинекологот Огненовиќ објаснува дека неколку пати реагирал до полиција и дал изјави за нападат но досега нема се уште ништо. Инцидентот се случил на 16 септември, најпрво напаѓачот го нападнал вербално дека Огненовиќ крадел пациенти, а потоа бил удиран по вратот. Исто така имало реакција дека во ходникот има камери, а за тоа била известена и управата на поликлиниката Букурешт. Засега од МВР не соопштуваат колку лица биле повикани на разговор во полиција и кога ќе биде поднесена пријавата против напаѓачот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаБожиновска ќе го тужи СДСМ за поврзувањето со Руднап и набавката на броила на ЕВНОд политички обвинувања – до најава за судска пресметка. Министерката за енергетика Сања Божиновска најави дека ќе поднесе тужба против СДСМ, откако партијата го одби нејзиното барање за извинување за тврдењата околу нејзината наводна поврзаност со компанијата Руднап, кои ги објавија на прес конференција пред 2 дена. Тврди дека повеќе од 12 години нема никаква деловна ниту приватна релација со фирмата, ниту пак има поврзаност со набавката на ЕВН со која ја поврзува опозициската партија. -„СДСМ свесно пласира невистини и измислени конструкции за наводна моја вмешаност во деловни зделки, без да понуди ниту еден факт што би ги поткрепил таквите тврдења. Ова не е аргумент, туку обид за политичка дискредитација. Политичката борба не е и не може да биде алиби за клеветење, манипулирање со јавноста и нарушување на личниот и професионалниот углед.“ – стои во демантот на Божиновска. Од СДСМ, пак, велат – нема ниту повлекување, ниту извинување. Лидерот на партијата, Филипче, уверува дека зад нивните обвинувања стојат документи и податоци од јавни регистри. ,,Нема извинување ние факти и податоци кажуваме. Ги има во централните регистри на сите земји во сите фирми, така да нема бегање од овие работи,извинување нема, ќе има одговорност“ – СДСМ На прес конференцијата пред 2 дена, СДСМ објави дека ЕВН на 11 август склучила договор за набавка на броила за струја, вредни 13,2 милиони евра со српска фирма поврзана со Руднап, каде, како објавија Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаСулејмани и Ерсој во Анкара: Нови можности за соработка во културата и туризмотВо рамките на официјалната посета на Анкара, денеска министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој.Средбата помина во исклучително срдечна и пријателска атмосфера. Двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Македонија и Турција, како и за потенцијалите за нивно понатамошно продлабочување, особено во областите на културата и туризмот. Министрите ги разменија своите согледувања и планови во врска со делувањето на Културно-информативните центри во Скопје и Истанбул, актуелните проекти, меѓу кои и изградбата на Турскиот театар во нашата држава, како и активностите насочени кон интензивирање на туристичката промоција. Разгледани беа иницијативите што во иднина се очекува да претставуваат силен поттик за развој на врските меѓу двете земји. На средбата беше истакната и успешната соработка со Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), преку која во изминатите години се реализирани бројни проекти за непосредна заштита на објекти од културното наследство од османлискиот период. Потврдено е дека во наредниот период ќе се обезбеди поддршка од ТИКА за заштита на уште неколку објекти. Двете држави имаат одлична соработка и во рамките на УНЕСКО, што беше подвлечено со мултинационалните апликации за впишување на две добра на Репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство. Во рамките на официјалната посета министерот Сулејмани го посети Анатолискиот музеј на цивилизациите и оствари средби со личности од јавниот и политичкиот живот во Република Турција, соопштуваат опд Министерството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter