Фото: Саем за колички!!

-Денешните деца ова не го разбираат.

Во Нови Сад во Србија е одржан Саем на автомобилчиња. На плоштадот во Нови Сад имало околу 30 излагачи на мали автомобилчиња кои изложиле повеќе од 10 000 колички.

Идејата на овој специфичен саем била повторно да се оживее колекционерството, а и младите луѓе да се едуцираат во сообраќајот.

-Сакавме на децата да им прикажеме дека треба да имаат и некој друг интерес, а не само игрици и мобилни телефони. Да се заинтересираат за некое хоби, што во денешно време е многу ретко, изјавил познатиот ватерполист Никола Раџен кој воеедно е и голем вљубеник во малите автомобилчиња.

Тој во својата колекција има околу 500 мали колички . Во Нови Сад ја покажа репликата на првиот „ VW “ салон со многу убав паркинг.

ОЦХА: Отстранувањето на експлозивните направи во Појасот Газа ќе трае 14 години

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани смртоносни средства во Појасот Газа може да потрае 14 години.

Според процените на ОН, за време на војната во Појасот Газа настанати се 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив е покриен со бомби и други видови муниција кои не експлодирале.

ОЦХА соопшти дека околу два милиони луѓе или половина од населението на Појасот Газа, нашле засолниште во Рафа, но немаат пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти. /МИА

МП: Дозволена е екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на Вања и Панче

Министерството за правда информира дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Турските власти уште во февруари му ветиле на министерот за правда Кренар Лога дека во брзо време во земјава ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, но иако му бил посочен и рок, тој не сакаше да сподели кога ќе се случи тоа бидејќи се уште траат административните процедури.

Инаку, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Додека се чека на екстрадицијата на Палевски, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор.

По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија.

Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Според мое лично мислење, ние ќе бидеме во НАТО дури кога ќе победиме“, нагласи Зеленски. /МИА

притисни ентер