УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на законот за минимален глобален данок на добивка
1УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на законот за минимален глобален данок на добивка
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
1Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
АвтомобилизамФото: Руски електричен автомобил пристигнува на пазарот за две годиниСтанува збор за мал градски автомобил со четири седишта и три врати.Рускиот електричен автомобил Кама-1 треба да се појави на пазарот во 2024 или 2025 година, изјави извршниот директор на компанијата Камаз, Сергеј Когогин, пренесува Спутник. Како што вели, овој модел нема да биде конкуренција на големите производители на автомобили кои веќе инвестирале огромни средства во електрични возила. Станува збор за мал градски автомобил со четири седишта и три врати, кој има интелигентен систем за асистенција на возач „ADAS“ од трето ниво, велат рускиот производител. Опремен е со литиум-јонска батерија од 33 kWh и електричен мотор од 109 КС (80 kW), што му овозможува да достигне брзина до 150 км/ч и да помине 250 km без полнење. Достигнува 100 км/ч за 6,7 секунди. Во нормален режим, батеријата целосно се полни за шест часа, во забрзан (со брз полнач) за 20 минути. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
МакедонијаУЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на законот за минимален глобален данок на добивкаУправата за јавни приходи ги потсетува засегнатите даночни обврзници дека на 30 јуни 2026 година истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави.Управата за јавни приходи ги потсетува засегнатите даночни обврзници дека на 30 јуни 2026 година истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави за 2024 година врз основа на одредбите од Законот за минимален глобален данок на добивка (во натамошниот текст: Законот) и Правилникот за начинот на пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка. Законот предвидува мерки со кои се обезбедува минимално ефективно оданочување на добивката на мултинационални групи на компании, како и на големи домашни групи, со минимална даночна стапка на добивка од 15%. Законот се применува на составни субјекти со седиште во РС Македонија кои се членки на мултинационална група на компании и на големи домашни групи и сите нивни составни субјекти кои се наоѓаат во РС Македонија, чиј годишен приход во консолидираните финансиски извештаи на крајната матична компанија во најмалку две фискални години во периодот 2020 – 2023 година е еднаков или поголем од 750 милиони евра. Минималното ефективно оданочување на добивката на мултинационалните групи на компании и на големите домашни групи се обезбедува со примена на следните правила за плаќање на дополнителен данок на добивка (top-up tax): Правилото на квалификуван домашен дополнителен данок (Qualified Domestic Minimum Top-Up Tax - QDMTT), според кое матичната компанија на мултинационална група на компании и сите нејзини составни субјекти кои се наоѓаат во РС Македонија подлежат на обврска за плаќање на квалификуван домашен дополнителен данок за одредена фискална година, доколку нивната ефективна даночна стапка утврдена според одредбите на Законот е пониска од 15%. Правилото за вклучување на добивката (Income Inclusion Rule - IIR), според кое матичната компанија на мултинационална група на компании или на голематa домашна група е одговорна за пресметување и плаќање на дополнителен данок на добивка, доколку ефективната даночна стапка на нејзин составен субјект е пониска од 15%. Правилото за помалку оданочена добивка (Undertaxed Payment Rule - UTPR), според кое составниот субјект на мултинационалната група на компании подлежи на дополнителен данок еднаков на неговиот дел од дополнителниот данок што не бил наплатен врз основа на правилото за вклучување на добивката, за составни субјекти на групата кои подлежат на ниска даночна стапка под 15%. Кои се обврските на засегнатите даночни обврзници кон УЈП? Најдоцна до 30.06.2026 година да поднесат електронско известување до УЈП за составниот субјект / локалниот субјект кој од страна на крајната матична компанија е назначен за поднесување на Пријавата на информации за дополнителен данок (GloBE Information Return - GIR), како и на Пријавата за квалификуван домашен дополнителен данок (образец „КДДД/П”) за 2024 година. Образецот на известување е поставен на веб-страницата на УЈП и може да се преземе од следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/261 Скенирана верзија од пополнетото известување треба да се поднесе до УЈП на следната адреса: [email protected] Најдоцна до 30.06.2026 година во електронска форма да поднесат до УЈП Пријава на информации за дополнителен данок (GIR) за 2024 година. Пријавата GIR се поднесува преку системот е-даночни услуги преку менито “Извештај за глобален данок”. За таа цел, составниот субјект на групата кој се наоѓа во РС Македонија, а во случајот на два или повеќе составни субјекти во РС Македонија - оној кој од групата е назначен за поднесување на пријавата КДДД/П, доделува овластувања за поднесување на пријавата преку системот е-даночни услуги на начин како што истото се прави за поднесување на другите поднесоци преку овој систем. По поднесувањето, GIR пријавата треба да биде електронски потпишана со дигитален сертификат. Начинот на поднесување на пријавата GIR е детално опишан во Упатството за поднесување на извештај за глобален данок кое е објавено на системот е-даночни услуги во делот на упатства. Најдоцна до 30.06.2026 година во електронска форма да поднесат до УЈП Пријава за квалификуван домашен дополнителен данок (образец „КДДД/П”), односно најдоцна до 30.07.2026 година да поднесат Пријава за дополнителен данок (образец „ДДД/П”) за 2024 година. Даночните пријави „КДДД/П” и „ДДД/П” се поднесуваат електронски преку системот е-даноци. Пријавата КДДД/П или ДДД/П треба да се поднесе и во случај кога пресметаниот данок за плаќање изнесува нула. Најдоцна до 30.07.2026 година да го платат квалификуваниот домашен дополнителен данок пресметан во пријавата КДДД/П, односно најдоцна до 30.08.2026 да го платат дополнителниот данок пресметан во пријавата ДДД/П. Плаќањето на дополнителниот данок треба да се изврши на новата уплатна сметка 840 – општина – 01877 и следните приходни шифри: - 711236 – за квалификуван домашен дополнителен данок, и - 711237 – за дополнителен данок на добивка. За дополнителна поддршка во врска со поднесувањето на даночните пријави и плаќање на дополнителниот данок може да се обратите на: е-пошта: [email protected] Телефонски броеви: Од фиксна линија: 0800 33 000 Од мобилен телефон: 02 3253 200Тагови: УЈП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗапочнува „Везилка“: Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенцијаМинистерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка“Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка“ – првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, кој ќе претставува клучна национална инфраструктура за развој на знаење, иновации и примена на вештачката интелигенција. Проектот се реализира како стратешко партнерство меѓу Владата, Министерството за дигитална трансформација, академската заедница и Европската Унија. Негов носител е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а истиот е избран за финансирање преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, како дел од европската мрежа на AI Factory Antennas. Во своето обраќање, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека „Везилка“ е системска инвестиција во иднината на државата. „Денес поставуваме темел на една нова национална инфраструктура за знаење, иновации и технолошки развој. Ова е проект што ги поврзува науката, технологијата, институциите, бизнисот и младите таленти во заедничка визија за иднината. Визија во која Македонија не е само корисник на новите технологии, туку нивен активен создавач“, истакна Андоновски. Министерот нагласи дека преку „Везилка“, Македонија станува дел од најамбициозната европска иницијатива во областа на вештачката интелигенција и добива директен пристап до европски суперкомпјутери, напредни податочни простори и современи алатки за развој и тестирање на ВИ модели. Посебен акцент беше ставен на развојот на македонски јазични модели и дигиталното присуство на македонскиот јазик во идните генерации на системи за вештачка интелигенција. „Во ерата на вештачката интелигенција, дигиталното присуство на македонскиот јазик станува прашање на зачувување на културниот идентитет. Нашата цел е македонскиот јазик да биде рамноправно присутен во идните генерации на ВИ системи“, истакна министерот. Покрај научната и технолошката компонента, проектот ќе овозможи развој на решенија во здравството, енергетиката, земјоделството и јавната администрација, како и воспоставување центар за обуки, трансфер на знаење и развој на човечки капитал. Во своето обраќање, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, истакна дека „Везилка“ претставува инвестиција во знаење, во луѓе и во капацитетот на Македонија да биде дел од европските и глобалните технолошки текови, потенцирајќи дека идната конкурентност на државите ќе зависи од нивната способност да инвестираат во иновации, истражување и таленти. Проектот „Везилка“ ќе биде поврзан со европската AI фабрика „Фарос“ во Грција и ќе стане дел од поширокиот регионален и европски екосистем за вештачка интелигенција, отворајќи нови можности за македонските истражувачи, компании, стартапи и институции. Министерството за дигитална трансформација останува посветено на создавање на современа дигитална држава, заснована на знаење, иновации и добро управување, во која новите технологии ќе бидат ставени во служба на граѓаните, економијата и долгорочниот развој на Македонија.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска: Наследивме катаклизма, а денес образованието и науката забрзано напредуваатЈаневска нагласи дека во изминатите две години се реализирани бројни реформи насочени кон подобрување на условите и можностите за учениците, студентите, наставниците и научната заедница.„Пред две години затекнавме катаклизма. Запревме понатамошен пад и со одговорно и посветено работење сега веќе го подигнуваме квалитетот на образованието и ја раздвижуваме науката“, истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес-конференција во Владата, на која презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука. Јаневска нагласи дека во изминатите две години се реализирани бројни реформи насочени кон подобрување на условите и можностите за учениците, студентите, наставниците и научната заедница. Меѓу најзначајните достигнувања ги посочи обезбедената системска поддршка за талентираните ученици и целосното покривање на трошоците за пат и котизација при учество на меѓународни олимпијади, зголемувањето на бројот и видовите на стипендии, унапредувањето на стручното и дуалното образование во кое се вклучени 1000 компании и формирани се седум регионални училишни центри, воспоставувањето стабилен систем за навремена набавка и испорака на учебници, растот на платите на наставниот кадар и финансиската поддршка за реализација на научно – истражувачки проекти од национален интерес. „Трета година по ред, сите ученици ќе ги добијат учебниците на 1 септември, вклучително и учебниците по странски јазици кои со години недостигаа“, рече министерката, додавајќи дека свежи се сеќавањата кога децата пред неколку години се снаоѓаа копирајќи скрипти, за што беа предупредувани дека ќе следуваат казни за нив и нивните родители. Таа информираше дека значително е зголемена поддршката за учениците со посебни образовни потреби преку ангажирање на 1.350 образовни асистенти во основното и за прв пат 150 асистенти во средното образование. Дополнително, овозможено е образование во хибриден формат за ученици кои подолго време се на болничко или домашно лекување, а зајакната е и поддршката за образованието на помалите заедници во земјата. Во делот на студентскиот стандард, Јаневска посочи дека се прифатени повеќе барања на студентите, меѓу кои проширување на опфатот на субвенционираниот студентски оброк за да можат да го користат и постдипломците и вработените студенти, олеснување на условите за добивање стипендии и воведување нови категории стипендии за студенти со ретки болести и посебни образовни потреби. „Новиот Закон за високо образование кој го предлагаме, предвидува најдобрите студенти во секоја генерација, добитниците на инженерски прстен и други државни признанија, да имаат предност при вработување во јавните високообразовни и научни установи“, додаде министерката. Во образовната инфраструктура се инвестирани околу 70 милиони евра за повеќе од 90 проекти. Јаневска ја издвои изградбата на десетина нови училишни објекти и четири спортски сали, реконструкцијата на студентските домови, деблокираната изградба на новиот објект за ФИНКИ и отпочната постапка за изградба објект за Факултетот за физичка култура, спорт и здравје. Министерката потенцираше дека во 160 училишта е инсталирана нова ИТ опрема и обезбеден безбеден пристап до интернет, додека над 1.000 наставници се обучени за примена на вештачка интелигенција во наставата. Од поважните тековни процеси ги издвои оптимизацијата на училишната мрежа и едносменското работење воведено во над 200 училишта. „Свесна сум дека има реакции за оптимизацијата, но да повторам – никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку и се намалува соодносот наставници спрема ученици“, рече Јаневска. Посебен акцент беше ставен на подобрувањето на статусот на наставниците. Во првите две години од мандатот платите се зголемени за над 20 проценти, а со потпишаната спогодба со СОНК е обезбедено нивно континуирано зголемување во период од четири години. Продолжува кариерното напредување на наставниците и стручните соработници во основното образование, а за прв пат годинава е воведено и во средното. Со новиот електронски дневник пак, наставниците се ослободени од бројни административни обврски кои ги имаа во минатото, но и заштитени се од притисоците за менување оценки на крајот од годината. Во високото образование и науката, буџетот за универзитетите е зголемен од 3 милијарди денари во 2022 година на 8 милијарди денари во 2026 година, додека буџетот за наука е зголемен од 380 на 773 милиони денари. Во 2025 година се доделени над 370 милиони денари за научно-истражувачки проекти од национален интерес, а за кадарот на факултетите и научните установи е обезбеден бесплатен пристап од базите Web of science и Scopus. Јаневска потсети дека министерството во 2024 година наследило долгови од околу 5 милијарди денари, кои беа сервисирани за да се обезбеди нормално функционирање на образовниот систем. „Запревме слободен пад и сега веќе Македонија забрзува. Образованието и науката се столб на развојот и затоа остануваме посветени на реформите кои ќе обезбедат подобри можности за младите и поконкурентна држава“, порача министерката. Министерство за образование и наукаТагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter