Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации
1Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
2„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
3Европските експерти: „Драматични подобрувања во условите, стручноста на лекарите и исходите за пациентите“
ЗабаваФото: Руската „божица“Ала Ковезина е руска манекенка која медиумите ја нарекуваат „Божица“.Кога ќе ги погледнете фотографиите во галеријата на кои убавата Ала рекламира долна облека ќе ви стане јасно дека руската манекенка навистина го заслужува својот медиумски прекар. Ала Ковезина според други пак може да го добие и прекарот руска – секс бомба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаРуска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформацииПропагандна мрежа која преку клонирани псевдо-портали со македонски интернет-домени ширела лажни вести и дезинформации во функција на руски интереси е предмет на истрага на безбедносните институции. Агенцијата за национална безбедност во координација со МВР и Обвинителството преземаат опсежни активности за откривање и попречување на мрежата, која работела во корист на странски интереси, наведуваат од АНБ. Во рамки на истрагата, на 18 септември бил извршен и претрес во домот на македонски државјанин, за кого постои основано сомнение дека бил дел од странскиот пропаганден апарат.При претресот биле пронајдени и одземени предмети кои во моментов се на дополнително вештачење, А лицето е осомничено за три кривични дела... -Поради основано сомнение дека е сторител на КД „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење. ---Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во фунција на руски интереси се кријат преку креиорани псевдо портали, регистрарни преку кои се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост. – соопштија од АНБ Според информации на „Слободен печат“, лицето во чиј дом бил извршен претресот е А.С., македонски државјанин кој бил во постапка за добивање бугарско државјанство и бил поврзан со мрежа интернет-портали преку кои се пласирале пробугарски содржини. Истото лице се поврзува и со сомнежите за оддавање службена тајна, односно со дипломатската нота поврзана со патувањето на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово, Бугарија, која подоцна беше објавена и споделувана низ бугарски и македонски портали. Од АНБ велат дека актуелните активности се продолжение на претходно попречени проруски хибридни активности поврзани со македонски државјанин, против кого претходно била поднесена кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКостадиновски на средба со амбасадорот на Словенија, Грегор ПрескерПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и заменик-амбасадорката Ника Ротар.Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Прескер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд, како и за активностите насочени кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и зголемување на довербата на јавноста во Судот. На средбата беше нагласено и значењето на добрата соработка меѓу уставните судови на Македонија и Словенија, како и потребата таа и во иднина да се развива преку организирање на заеднички активности и настани на кои ќе се разменуваат искуства и добри практики. Соговорниците ги истакнаа традиционално пријателските односи меѓу двете земји како добра основа за натамошно продлабочување на соработката, соопштуваат од Уставниот суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува вербалната војна меѓу Филипче и Платформата „Разговори за иднината во 12:05“Опозицискиот лидер Филипче го одби Планот за консолидација и структурни промени во СДСМ на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ уште пред офцијално да биде доставен до партијата. На поранешните партиски функционери кои сега се дел од Иницијативата им порача дека требало да предлагаат промени кога биле дел од раководството на СДСМ, а не сега. Ги повика доколку вистински сакале да и помогнат на СДСМ да се приклучат во партиските активнисти за воонредните локални избори во Брвеница, во спротивно им порача да не и попречуваат на партијата. Тврди дека СДСМ е консолидирана, а пратеничката група единствена. „Ќе ми носеле план, каков план ќе ми носат таков каков што направија они, ич не треба да го носат, еве видовме што направија. Ако знаеа поинаку, зошто не направија поинаку. Тежеле 150 илјади галсови, ни домашните не ги гласаат. Славјанка Петровска пратеничката се прашувам која е причина за ова, да не е изјавата на Мисајловски дека потпишала за 37 милиони евра поскап договор за хеликоптери откако комсијата донела друга одлука. Ако сакаат еве сега имаме локални избори во Брвеница, ќе ги ставиме во распоредот па нека помогнат ако сакаат вистински да помогант, ако не нека ми се тргнат од патот зошто ќе ги згазам како шлепер жаба, да ги потсетам нешто од нивното време“-- Венко Филипче, претседател на СДСМ. Од Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ пак возвратија дека примитивниот речник на Филипче бил доказ дека тој е во паника и го обвинија за политички дил со Мицкоски. Според нив Филипче бил залутан во партијата и не припаѓал на онаа СДСМ која била пример за како што велат, демократска, интелектуална и државничка организација. - Предлозите за структурни реформи на партијата Филипче ги одбива на невидено. За него сите се виновни за најслабиот резултат на СДСМ во историјата, само тој не е. За него сите се криминалци само тој е чесен. Што се однесува до неговите закани, добронамерно му порачуваме да не се срами на јавна сцена, бидејќи се повеќе личи на лоша копија на неговиот политички гуру и идол. Од иницијативата најавија и дека не се откажуваат од намерата за структурни реформи на партијата и дека ќе го достават нивнте предлози содржани во таканаречениот План за консолидација до архивата на СДСМ. Платформата на последната дебата доби пооддржка и од опозициската Левица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45