Фото: Роналдо го масираат две масерки, Линекер: Среќата нема три нозе - Канал 5

Фото: Роналдо го масираат две масерки, Линекер: Среќата нема три нозе

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Португалецо , Кристијано Роналдо имаше посебен третман пред стартот на четврфиналните продолженија против Франција.

Фото: Роналдо го масираат две масерки, Линекер: Среќата нема три нозе

Легендата на светскиот фудбал Кристијано Роналдо е елиминиран со својата репрезентација во четврт-финалето на ЕВРО 2024 во пенал рулетот.

Пред Роналдо и Португалија да бидат елиминирани од ЕУРО, англиските медиуми посебно истакнаа еден коментар.

Стручни коментатори на директниот преност на ББЦ беа фудбалските легенди Рио Фердинанд и Гери Линекер, а нивниот коментар кој кружи низ медиумите е снимен пред почетокот на продолженијата.

Додека селекторот на Португалија, Роберто Мартинез држеше мотивациски говор, Рио Фердинанд забележал необична сцена на теренот и прокоментирал: „Нозете на Роналдо му ги масираат две масерки. Што се случува таму? По една на секоја нога“. Одговорот на Линекер на тоа беше: „Среќа што нема три нозе“.

Одговорот на Линекер предизвика вистински хаос на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Оризови топчиња

Во вторник (23.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Анита Бошкова.

„Гответе со Дракче“ - Оризови топчиња

Состојки за денешниот рецепт:

250 - 300 гр. ориз

2 парчиња пилешки стек

3 парчиња моркови

1 мала главица кромид

половина китка магдонос

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нагелсман по дебаклот: „Не бегам, не поднесувам оставка“

Јулијан Нагелсман останува на клупата на Германија по дебаклот на Светското првенство и поразот од Парагвај на стартот на  елиминациската фаза, тој не планира да поднесе оставка и сака да се подготви за идните предизвици.

Нагелсман по дебаклот: „Не бегам, не поднесувам оставка“

Фудбалската репрезентација на Германија доживеа уште едно фијаско и на третиот Мундијал во низа останува без триумф во нокаут фазата.

По титулата во Бразил, Германија беше елиминирана во групната фаза во Русија и Катар, додека сега во САД, Мексико и Канада успеа да ја помине барем првата фаза, пред да налета на Парагвај.

Парагвајците досега покажаа малку, но со многу среќа поминаа во втората фаза и таму „покажаа заби“ на Германија, која ја исфрлија на пенали, со што го уништија митот за талентираниот тренер Јулијан Нагелсман.

И покрај срамната елиминација Нагелсман не размислува на поднесување на оставка, тој планира да остане на клупата до крајот на договорот.

„Тука сум. Ако Германската фудбалска федерација сака да останам до 2028 година, тогаш ќе останам. Ако не, тогаш ќе си одам“, рече Нагелсман.

„Не сум некој што бега. Тука сум ако тоа го сака Германскиот фудбалски сојуз. Ако не ме сакаат, мора да ми кажат. Сакам да продолжам. Во фудбалот немате целосна контрола. Ако сакаат да останам, со задоволство ќе се подготвам за Европското првенство и Лигата на нации. Ако не ме сакаат, мора да го кажат тоа“, нагласи Нагелсман, кој е најмладиот тренер на Светското првенство со 38 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!

НБА тимот Лос Анџелес Клиперс го отпуштија Богдан Богдановиќ, кој сега е официјално слободен агент. 

Лос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!

Тие одлучија да ја активираат тимската опција за центарот Брук Лопез во вредност од 9.200.000 долари, потврдувајќи ја намерата на франшизата да го задржи.

Според американскиот инсајдер Џек Фишер, клубот нема да ги користи опциите во договорите на Никола Батум и Богдан Богдановиќ, кои стануваат слободни агенти.

ЛА Клиперс имаа опција да активираат уште една година од договорот на српскиот кошаркар и да го задржат, но одлучија да не ја искористат.

Станува збор за тимска опција вредна 16 милиони долари за следната сезона, која клубот не ја активираше, па Богдановиќ отсега ќе има статус на слободен агент.

Французинот Никола Батум имаше опција вредна 5,9 милиони долари. Иако беше стандарден и корисен дел од ротацијата, Клиперси се одлучија за финансиска флексибилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер