АвтомобилизамФото: Ролс Ројс најави нов моделНаскоро ќе пристигне нов модел на Ролс Ројс автомобил под името Гоуст.Торстен Милер Отвос, шеф на компанијата Ролс-Ројс, рекол дека моделот Гоуст ќе биде најчист израз на нивната компанија. As the final preparations are being made for the reveal of new Ghost, #RollsRoyce CEO, Torsten Müller-Ötvös shares his thoughts in an open letter. https://t.co/am5PmmPGRY pic.twitter.com/ZO5XJTbZOx — Rolls-Royce Motor Cars (@rollsroycecars) July 27, 2020 „Гоуст е најчистиот израз на Ролс Ројс досега. Тоа ги пренасочува моделите на нашиот бренд во преубав, минималистички но и многу сложен производ кој совршено се совпаѓа со потребите на нашите клиенти и , верувам, совршено е во склад со времето во кое живееме“. Новиот Гоуст преоѓа на нова платформа која ја делат со БМВ серија 7, а господинот Торстен посочил дека единствени компоненти пренесени од успешниот оригинален модел Гоуст ќе бидат фигурата на Духот на екстазата и чадорите. Гоуст ќе биде лансиран на дигитален настан подоцна оваа година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривични пријави за возачот на мотоцикл кој дивееше на бул."Партизански Одреди" во СкопјеОд страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл "сузуки" на бул. "Партизански Одреди" Во врска со објавеното видео 10.10.2026 на повеќе портали и електронски медиуми во кое се гледа како едно лице управува мотоцикл "сузуки" движејќи се небезбедно на едно тркало на бул."Партизански Одреди" кај крстосницата со ул."29-ти Ноември" во повеќе наврати, загрозувајќи се себеси и другите учесници во сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со Безбеден Град преземени се мерки и дејствија при што е утврдено дека станува збор за мотоцикл "сузуки" со скопски регистарски ознаки кој на ден 03.10.2026 е управуван од машко лице по наведениот булевар при што најпрво е обавен разговор со сопственикот, потоа со корисник на мотоциклот од кого е добиена информација дека мотоциклот на 03.10.2026 го користел А.А.(37) од Скопје. Од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл "сузуки" на бул. "Партизански Одреди" и истиот објавил неколку видеа на профил на мрежата Тик Ток. Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик, "безобѕирно управување на моторно возило" и по член 298 од Кривичниот законик- "загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизВодител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту мигСветската музичка ѕвезда, мегапопуларната колумбиска пејачка Шакира гостуваше во шпанската емисија „La Revuelta“, каде што се пошегува со водителот Давид Бронкано за нивните љубовни искуства.Разговорот бил одбележан и со нејзината приказна за тоа зошто зборува каталонски со своите синови во Мајами, како и со необичното интервју што траеше помалку од 20 минути. За време на разговорот, Шакира откри дека понекогаш зборува каталонски со своите синови Милан и Саша додека се во Мајами, за да не можат другите да ги разберат. „Зборувам каталонски бидејќи моите синови се Каталонци. Во Мајами разговарам со нив на каталонски кога не сакаме другите да нè разберат“, објасни пејачката. Таа додаде дека нејзините синови често меѓусебно зборуваат англиски, додека таа се обидува да комуницира со нив на шпански и на каталонски. Бронкано ја изненади Шакира кога покажал дека и самиот зборува каталонски. Пејачката го прашала дали го научил јазикот поради врската со девојка од Каталонија, а водителот потврди дека имал партнерка од таму. „И двајцата поминавме низ истото“, се пошегувал Бронкано, алудирајќи на врската на Шакира со поранешниот фудбалер Жерар Пике. Пејачката секако не му останала должна. „Па, не сум баш сигурна дали е истото“, одговорила Шакира низ смеа, не навлегувајќи понатаму во приказната за нејзиниот поранешен партнер. Посетата беше необична и поради начинот на кој беше организирана. Наместо во вообичаеното студио на емисијата, Бронкано разговараше со Шакира во комплексот „Макондо парк“ во Мадрид, каде што пејачката одржува серија концерти во рамките на турнејата „Las Mujeres Ya No Lloran“. Според шпанските медиуми, посетата била договорена во последен момент, само еден ден претходно. Водителот и неговата екипа пристигнале на локацијата, но бидејќи Шакира доцнела, тие чекале речиси еден час. Истовремено, Бронкано морал да фати лет поради лични обврски, поради што за разговорот останале само петнаесет минути. И покрај брзањето, тие сепак успеале да разговараат за нејзините деца, љубовта, концертите и секојдневниот живот.Тагови: Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноМаж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!Неидентификуван маж, кој скокнал во ограден простор со тигри во „Јоркшир вајлдлајф парк“ во северна Англија, починал од здобиените повреди, по нападот од животното. На социјалните мрежи се појави видео од инцидент што се случи денес претходно во парк за диви животни во Велика Британија. Имено, мажот – чиј идентитет не е соопштен и кој скокнал во оградениот простор со тигри во паркот „Yorkshire Wildlife Park“ во северна Англија – починал откако се здобил со тешки повреди. „Екипите за итна помош излегоа на местото на настанот, но мажот, и покрај напорите на медицинскиот персонал, почина на самото место“, се наведува во соопштението на полицијата. Тигарот не е повреден во оваа трагедија, соопшти полицијата, додавајќи дека семејството на загинатиот е известено. По инцидентот, паркот беше евакуиран, а тигарот остана во својата ограда. Полицијата апелираше до граѓаните да не ги споделуваат вознемирувачките снимки од инцидентот што кружат на интернет, а на кои се гледа како тигар напаѓа човек. Управата на паркот претходно потврди дека дошло до „сериозен инцидент“ во една од оградите за тигри и наведе дека веднаш биле активирани процедурите за итни случаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter