Фото: Родена како маж, сега е главна кандидатка за титулата Мис на светот! - Канал 5

Фото: Родена како маж, сега е главна кандидатка за титулата Мис на светот!

Неверојатна трансформација!

Фото: Родена како маж, сега е главна кандидатка за  титулата Мис на светот!

Шпанската мисица Анџела Понче е првата трансродна личност која ќе се учествува на изборот за Мис на светот.

Контроверзната Понче се залага за правата на луѓето кој се како неа и вложила многу труд за да се изгради себе си како личност.

Анџела е родена како момче во Севиља и веќе учествуваше во изборот за Мис на Шпанија. Меѓутоа во Шпанија од пред пет години е донесена забрана за учество на трансродните луѓе на изборите за убавина.

-Моја цел е да бидам говорник за вклучување , прифаќање и почитување на различноста, не само на ЛГБТ заедницата, туку за целиот свет, изјавила Анџела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони?

СДС немаат крај во забеганоста и хипокризијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони?

Додека други ги обвинуваат за српски свет, странски влијанија, туѓи интереси, токму луѓе на СДС се фатени живи како соработници на српската служба БИА и градоначалници на СДС на големо прават концерти со пејачи на Александар Вучиќ.

Таков е примерот на Виктор Петрушевски кој е поранешен советник на Зоран Заев, човек кој бил дел од најголемите партиски структури и тела на СДС кој е вклучен во последната шпионска афера ако соработник на српската служба.

Од друга страна, зборуваат дека во државата продира српскиот свет, за што велат дека им смета, а паралелно малкуте градоначалници на СДС, како тој во Крива Паланка и Македонска Каменица прават концерти и народни собири со Лепа Брена и Ацо Пејовиќ.

За хипокризијата и лицемерието да бидат поголеми, пратеникот на СДС и поранешен министер, вицепремиер за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски Путерот заедно со градоначалникот на Крива Паланка во првите редови на градскиот плоштад ќе се забавуваат токму со Брена која и пееше на војската на Младиќ.

Па оттука го поставуваме многу логичното прашање, дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони на службите?

И, имајќи предвид како малкуте избрани градоначалници, на СДС во однос на концертите и журките кои ги прават исклучиво само со српски пејачи, односно пејачите на Вучиќ, прашуваме дали преку Венко Филипче, СДС и нивните функционери во државата продира таканаречениот српски свет?

Одговори треба да даде конфузната СДС и Венко Филипче, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ 2026 г.

На 30 август во село Тресонче и во Бигорскиот манастир започнува Седмата малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. 

Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“ 2026 г.

Школата традиционално започнува со свечено отворање во црквата „Свети Апостоли Петар и Павле“ во Тресонче, по што научната програма продолжува во Бигорскиот манастир. Оваа година, школата е посветена на Петре Р. Коловски (1931–2025), последниот зограф од старото поколение на дебарско-мијачките зографи, долгогодишен пријател, уважен гостин и соработник на Школата.

Во шестдневната програма учествуваат дваесетина истражувачи од Македонија, Србија и Бугарија – историчари на уметноста и филолози. Во рамките на Школата ќе бидат посетени повеќе места и цркви во Малореканскиот, Дебарскиот и Мавровскиот Регион, простори кои во XIX век претставувале значајни преродбенски центри.

Во вечерните научни сесии во Бигорскиот манастир, учесниците ќе имаат можност низ предавања и дискусии да ги презентираат своите научни трудови посветени на уметничката активност на дебарско-мијачките зографи и нивното творештво на поширокиот балкански простор.

Ова година програмата на Школата е проширена со филолошката секција во чиј фокус се наоѓа јазичното и книжевното наследство на Малореканскиот Регион, особено ерминиите од дебарско-мијачкиот зографски круг, како и различни карактеристики на малореканскиот говор, соопштува организаторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И утре топло време со температура до 36 степени, наместа ќе има пороан дожд со грмежи

И утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. 

И утре топло време со температура до 36 степени, наместа ќе има пороан дожд со грмежи

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

1 Крушево.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

27 Попова Шапка, Крушево, 32 Гевгелија, Берово, 33 Маврови Анови, Демир Капија, Струмица, 34 Претор, Битола, Кавадарци, Крива Паланка, 35 Прилеп, Охрид, Виница, 36 Тетово, Штип, 37 Велес, 38 Скопје Петровец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец. До крајот на денот ќе има услови за локална нестабиност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта се очекува стабилизација на времето.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во новата работна седмица ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер