Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
1Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
Шоу бизФото: Рита Ора во бикиниСветски популарната албанска пеачка Рита Ора , позираше во бикини на брод.Таа фотографиите ги објави на социјалната мрежа Инстаграм а во описот напиша дека не обожува да носи бикини но тој ден и се допаднале. View this post on Instagram I mean the gals are Gona hate that they’re in this but today was so relaxing and just pure bliss. 😍 A post shared by RITA ORA (@ritaora) on Aug 5, 2019 at 12:07pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: 12 денари за килограм индустриско јаболко е минимумот за опстанокот на производителитеЛиберално-демократската партија (ЛДП) бара итно решение за производителите на јаболко, кои се соочуваат со исклучително тешка состојба на терен.Во овој момент на производителите им се нуди откупна цена од само 4 денари за килограм индустриско јаболко, плус 2 денари субвенција. Тоа е далеку под производствената цена, која е околу 10 денари за килограм. Во услови на суша, зголемени трошоци за гориво, пестициди и останати репроматеријали, ваквата цена не ја обезбедува ниту минималната економска одржливост на производството. Затоа ЛДП бара откупната цена на индустриското јаболко да биде најмалку 12 денари за килограм. Ова не е само прашање на моменталниот приход на производителите, туку и прашање дали во иднина ќе има интерес за одгледување јаболка, особено во Ресен и околните населени места. Земјоделецот не може постојано да испорачува под производната цена. Ако државата сака да го задржи земјоделското производство, ќе мора да обезбеди предвидливи и одржливи услови за производителите. Во следниот период ЛДП ќе предложи и законско решение за организиран откуп на стратешки земјоделски култури во Македонија, особено на производи кои имаат потенцијал за извоз и создавање девизен прилив, меѓу кои тутунот, грозјето, оризот, пиперката и јаболкото. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и преку обезбедување на бесплатна правна помош. Крајно време е земјоделците да бидат третирани како рамноправни партнери во економијата, а не како последни алки на синџирот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНови експлозии во Франкфурт, цели кафуле и бар за наргилеВо текот на ноќта, во Франкфурт одекнале нови експлозии насочени кон едно кафуле на улицата „Бергер“ (Berger Straße) и бар за наргиле на улицата „Цајл“ (Zeil). Со ова продолжува серијата напади со експлозивни направи забележани во областа на Франкфурт и Офенбах во изминатите денови, пишува tagesschau.de. Од полицијата соопштуваат дека две експлозии се случиле утрово, околу 4:20 часот. Според првичните информации, направите експлодирале пред кафулето „Рио“ во населбата Норденд и пред барот за наргиле „Трут“ (Truth) на улицата „Цајл“. На двата објекта е причинета значителна штета, а искршени се и неколку прозорски стакла. Експлозијата во близина на кафулето „Рио“ беше толку силна што оштети близок бар за супи, соседна филијала на банката „Шпаркасе“ (Sparkasse) и најмалку еден паркиран автомобил. Експлозијата ги разбудила жителите, но според достапните информации, нема повредени. Втора експлозивна направа експлодираше пред бар за наргиле. Ова се само најновите во низата слични инциденти. Во понеделникот, експлозија одекна во близина на станбена зграда во франкфуртската населба Бокенхајм. Рано утрото во неделата беа пријавени експлозии во населбата Заксенхаузен и во Офенбах, при што беа оштетени бар, кафуле и киоск за весници. Во врска со нападот во Заксенхаузен е уапсено 15-годишно лице, на кое му е одреден притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖена фрла ѓубре во Лепенец (ВИДЕО)На видеото се гледа како таа пристапува до брегот со автомобил „Порше“, го фрла отпадот во реката и потоа си заминува.Утрово пред телевизијата Канал 5 е снимен момент на кој, според видеото објавено на порталот „Курир“, се гледа жена како со автомобил марка „Порше“ застанува во близина на мостот кај реката Лепенец, по што излегува од возилото со кеса и ја фрла во реката. Снимката предизвика бројни реакции во јавноста, особено поради начинот на кој е одложен отпадот и фактот што станува збор за водотек. На видеото се слуша и глас како ѝ довикува на жената: „Фрлај, фрлај“. Просторот околу реката Лепенец подолг период се соочува со проблем со наталожен отпад. Иако надлежните јавни комунални служби редовно интервенираат со чистење и одржување на просторот, несоодветното однесување на поединци придонесува за повторно создавање на диви депонии и дополнително загадување на околината. Несоодветното одлагање отпад не претставува само естетски проблем, туку може да има негативно влијание и врз животната средина, особено кога отпадот се фрла директно во река. Од Канал 5 потсетуваат на потребата од одговорно однесување и правилно одлагање на отпадот, со цел да се зачува животната средина и просторот во кој сите живееме. Снимката предизвика остри реакции и револт кај граѓаните, особено поради фактот што локацијата е точно кај устието каде Лепенец се влева во Вардар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00