ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање
2ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање
3Јанев: По пријавата за семејно насилство биле преземени полициски мерки за заштита на Билјана од Богданци
3Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот
ЖивотФото: Реконструирано лицето на најмоќниот египетски фараон Рамзес ВториНеверојатно откритие, научниците успеале да го реконструираат лицето на најмоќниот фараон, Рамзес Втори.Лицето на најмоќниот фараон во древниот Египет, Рамзес II, може да се види за прв пат по 3.200 години благодарение на новата научна реконструкција. Фараонот Рамзес Втори остана запаметен во историјата како еден од најдолговечните, со оглед на тоа дека владеел 66 години, поради што повеќето негови поданици стравувале дека по неговата смрт сите ќе исчезнат, пишува Дејли мејл. „На моите имагинации за изгледот на Рамзес II многу влијаеше изгледот на неговата мумија. Сепак, реконструкцијата ни помогна да создадеме вистинско лице, и тоа многу убаво ако ме прашате мене“, вели Сахар Салим од Универзитетот во Каиро, која создаде 3Д модел на неговиот череп. Процесот на создавање на 3D модел на череп не беше доволен, бидејќи крајната цел беше да се реконструира неговиот лик во моментот кога тој бил на врвот на својата моќ. Експертите од Универзитетот во Ливерпул, предводени од Керолин Вилкинсон, решиле да се вратат во времето и да го внесат моделот во базата на податоци, по што создале слоеви на неговото лице и добиле слика на маж во доцните четириесетти години. Проектите како овие нудат можност за поврзување со историски личности и истражување на нивното наследство. Посебно интересен факт за оваа реконструкција на лицето е тоа што таа го претставува првиот научен напор за „оживување“ на познатиот владетел, бидејќи сите претходни беа базирани на изгледот на мумијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветПукотница во пошта во Ајова: Има повеќе застрелани (ВИДЕО)Според извештаите, се случила пукотница во пошта во Де Мојн, Ајова, во која се застрелани повеќе лица.Наредникот на полициската станица во Де Мојн, Пол Паризек, изјави дека најмалку три жртви претрпеле повреди кои не се опасни по живот. Полицијата во соопштението соопшти дека осомничениот е приведен. Полицијата добила повик веднаш по 9 часот утрово до зградата на американската поштенска служба на Втората и Универзитетската авенија. At least 3 injured after active shooter incident at post office in Des Moines, Iowa; suspect in custody. - police https://t.co/7FjlOYs1BC — AZ Intel (@AZ_Intel_) November 5, 2026 Наредникот Паризек потврди дека повикот на 911 дошол од поштата и дека истрелите биле испукани на вториот кат. На местото на настанот кратко време потоа реагирале повеќе возила за итни случаи и полиција.Тагови: Ајова пукотница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од темите за која дискутираа советниците беше за мерката за ослободување од комуналии наменета за младите брачни парови, а која ќе важи и за самохрани родители до 40 години. Со оваа мерка, истите ќе се ослободат од делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште, или 60 отсто од вкупни комуналии. ,,Младите до 40 години, ќе имаат можност да изградат свој дом без плаќање на комуналии. Со многу мерки, како и на Владата, така и на Град Скопје, овој период се овозможија доста можности на младите. За оваа година, како јаготката на шлагот, во оваа година од новиот мандат на ова раководство. Ја поздравувам оваа одлука и препорачувам да едногласно ја донесеме во Советот на Град Скопје“, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска. ,,Со оваа одлука, се врши ослободување од плаќање на комуналии на млади брачни парови и самохрани родители до 40 години, за една станбена единица, односно куќа до 120 метри кавдратни. Апликантите треба да имаат потврда од Катастар дека немаат имот за живеење. Ова е една од мерките со која што градот Скопје директно помага на младите брачни парови и самохраните родители за решавање на станбеното прашање“, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Кукески, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОбдукцијата ја откри причината за смртта на фудбалерот Хесус де Мигел, му немало спас По трагичната смрт на напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел, кој почина по судир со голманот на Андора, беа објавени првите официјални резултати од обдукцијата. Според судските експерти, 30-годишниот фудбалер починал од фатални повреди на градите. Потсетете се дека тој беше убиен во сударот на натпреварот во втората шпанска лига. Во борба за топката, голманот на Андора, Хесус Овоно, случајно, но силно го удрил во градите со коленото. Де Мигел останал неподвижен на тревата, добил итна медицинска помош на теренот, по што бил префрлен во болница, каде што починал еден ден подоцна. Резултатите од обдукцијата веќе се доставени до истражниот суд во Санта Круз, Тенерифе. Во исто време, шпанската полиција ја продолжува истрагата не само за околностите на самиот судир, туку и за брзината на медицинската интервенција на теренот, како и за постапката за време на транспортот до болницата. Како што објавија шпанските медиуми, посебно внимание се посветува на недостатоците во грижата за играчот. Според извештаите, поминале повеќе од шест минути од моментот кога медицинскиот тим пристигнал на теренот до моментот кога играчот бил ставен на носилка. 🔵⚪️ | Golpe fortísimo de Owono sobre Jesús de Miguel que hace que salten todas las alarmas. 🇪🇸👀 🙏🏼 Pronta recuperación a Jesús y que todo quede en un susto 🏟️ Tenerife - Andorra https://t.co/NXopIJ7p9H — Laliga News (@laligaa_neews) November 2, 2026 Вистинскиот транспорт на повредениот играч до амбулантното возило е исто така под лупа, бидејќи наводно тие трчале со носилката, што можело дополнително да го загрози неговото здравје. Дополнително, властите истражуваат дали несреќниот напаѓач примил кислород за време на процесот на реанимација на тревата.Тагови: фудбалерот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter