Фото: Професорката која го освои срцето на Бред Пит

Откако е со неа во врска, веќе не личи на себе, тоа е ставот на пријателите на големиот холивудски заводник Бред Пит.

12 години помладата професорка Нери Оксман е новата љубов на мегапопуларниот Бред Пит. По разводот од Анџелина Џоли срцето на Бред го освои убавата професорка Нери Оксман родена во Хаифа во Израел во семејство на архитекти.

Професорката по архитектура зад себе има брак со аргентинскиот композитор Освалдо Гилиом, а пред да го запознае Бред Пит, седум месеци била во врска со милијардерот Бил Акман.

Блиските пријатели на големиот заводник велат дека не го препознаваат својот пријател, кој го променил своето однесување откако е во врска со Нери. И истакнуваат дека на Бред сега не му е проблем иако е еден од најдобрите и најпопуларните актери на светот, да минува многу време со студентите на својата саката професорка во опуштен разговор.

Далас избори конференциско финале

Кошаркарите на Далас маверикс ноќеска ја совладаа Оклахома со 117:116 во шестиот натпревар од второто коло на плејофот на НБА. Маверикс ја добија серијата со 4:2.

Гостите во повеќе наврати имаа двоцифрена предност, два пати во третата четвртина имаа +17, но и тоа не беше доволно да се изборат за мајсторка.

Најдобар играч во победничкиот тим беше Лука Дончиќ кој оствари трипл-дабл: 29 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Во финалето на Западната конференција Далас ќе игра со победникот од двојката Денвер – Минесота (3:3).

Вечер од 21:30 часот по македонско време, Њујорк ја пречекува Индијана во одлучувачкиот седми натпревар од четвртфиналната пресметка во Источната конференција. /МИА

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК Охрид известил дека добиле пријави од граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна на Општина Охрид е контактирано со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Колекторски систем“ бидејќи колекторскиот систем не можел да ја прими во целост количината на вода поради обилните врнежи од дожд. За кратко време состојбата е санирана, соопшти ЦУК.

Во изминатото деноноќие, како што информираат од ЦУК, биле евидентирани три пожари на отворено.

Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.

Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.

Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1 491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.

Од ЦУК апелираат до граѓаните за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења. Граѓаните да не се престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Полициски службеници од СВР Битола, ноќеска во 00:20 часот, на ул.„Охридска“ во Битола  го лишиле од слобода триесет и шестгодишниот битолчанец И.М.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

притисни ентер