Фото: Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на „Галичка свадба" - Канал 5

Фото: Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на „Галичка свадба"

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со сопругата, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваа на 47. издание на манифестацијата „Галичка свадба", што се одржува под негово покровителство. 

Фото: Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на „Галичка свадба"

За време на викендот, беа одржани традиционалните свадбарски обичаи и адети кои изобилуваат со автентични носии, изворни песни и ора, карактеристични за мијачкиот фолклор.

Честитајќи го склучувањето на бракот на годинашните младенци, Катерина Илиевска и Филип Бундовски, кој е по потекло од Галичник, претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска им подарија „галичка пафта" со мотив од галичка носија и им посакаа долговечен и хармоничен заеднички живот исполнет со многу љубов, здравје и среќа.

Манифестацијата „Галичка свадба" со своето опстојување придонесува да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочуваат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија изработена со филигрантска прецизност и точност на терзиите.

Oфицијалниот почеток на годинешната Галичка свадба беше означен вчера со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање три пушки" од куќата на зетот, a свеченоста заврши денеска со испраќањето на тајфата Мајовци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев на средба со директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби

На средбата се разговараше за потребите, предлозите и иницијативите на жителите, како и за прашањата и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието, објави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев на средба со директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби

Денес, во големата сала на Општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев, претседателот на Советот д.р Стојанчо Рамов, директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби одржаа средба со жителите на населените места Радња, Бунарче, Гарниково, Драгожел, Рожден, Клиново, Бојанчиште, Мајден, Фариш, Ќесендре, Горна Бошава, Долна Бошава и Крњево.

На средбата се разговараше за потребите, предлозите и иницијативите на жителите, како и за прашањата и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието.

Преку непосредна комуникација и отворен разговор, граѓаните имаа можност да ги изнесат своите барања и идеи, а претставниците на Општината да ги слушнат нивните предлози и да разговараат за можностите за нивно решавање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе

Аутопсијата откри од што почина центарфорот на шпанскиот второлигаш Тенерифе, Хесус де Мигел!

Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе

30 годишниот напаѓач на Тенерифе починал како последица на трауматска повреда на градниот кош, здобиена при тежок судир со голманот на Андора, Хесус Овоно.

Првичните наоди дадоа одговор за причината за смртта на фудбалерот, кој го загуби животот еден ден по натпреварот, додека истрагата за сите околности на трагедијата сè уште трае.

Според информации од шпанските медиуми, повредата е оценета како причина што би можела да доведе до фатален исход.

Сепак, форензичките испитувања сè уште не се завршени, а конечниот извештај треба да даде поцелосна слика за тоа што се случило. Истрагата е сè уште во тек, а истражителите ги проверуваат сите околности на трагедијата, вклучително и медицинската помош што фудбалерот ја добил по судирот.

Шокатниот настан се случи на 2 ноември, за време на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора во втората шпанска лига.

Натпреварот беше во самиот финиш се играше судиското надополнување, резултатот беше 2:2, а Де Мигел тргна во напад по долгата асистенцијата од своите дефанзивци, се обиде да стигне до топката, но скоро на половина терен се случи стратотниот судир со противничкиот голман.

Голманот на Андора, Хесус Овоно, беше излезен далеку од својот шеснаесетник за да интервенира. Во обидот да стигне до топката, тој го удри Де Мигел со нога во горниот дел од телото. Напаѓачот на Тенерифе веднаш падна на тревата и остана неподвижен.

Фудбалерите на двата тима веднаш почнаа да повикуваат лекарска екипа. Судијата му покажа директен црвен картон на Овоно, наведувајќи дека голманот го удрил противникот со подигната нога и со прекумерна сила, додека топката била во игра.

Лекарскиот тим пристигна брзо до повредениот фудбалер и започна со давање на медицинската помош. Потоа, Де Мигел беше изнесен од теренот на носила и пренесен во болница, каде што беше примен во тешка состојба.

За време на транспортот, тој доживеал срцев застој, но лекарите успеаја да му го вратат пулсот. Сепак, и покрај напорите на медицинскиот персонал, неговата состојба се влоши, а во вторникот наутро беше потврдена неговата смрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјите од групата „Квад“започнува голема воена вежба

Земјите од групата „Квад“ (Quad) – Соединетите Американски Држави, Јапонија, Австралија и Индија–денеска започнаа заедничка поморска воена вежба наречена „Малабар“ во водите кај регионот Канто, во близина на Токио, соопштија јапонските поморски сили.

Земјите од групата „Квад“започнува голема воена вежба

Во соопштението се наведува дека четирите земји имаат за цел да ги зајакнат меѓусебните врски преку заедничка обука, која ќе трае до 12 ноември и ќе опфати вежби за реагирање на дејствијата на подморници и поморски сили, пренесе агенцијата „Кјодо“.

„Безбедносната ситуација во регионот на Индо-Пацификот станува сè посложена“, изјави вицеадмиралот Кацуши Омачи, командант на јапонската флота, на свеченото отворање на вежбата, одржано на хеликоптерскиот носач „Исе“, закотвен во поморската база Јокосука, недалеку од Токио.

Околу 200 претставници од четирите земји-членки на „Квад“ (Quad) присуствуваа на церемонијата со која беше означен почетокот на вежбата. Поморската вежба „Малабар“ започна во 1992 година како билатерална иницијатива на морнариците на САД и Индија, додека поморските сили на Јапонија се приклучија во 2007 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер