ЗабаваФото: Поради неа ја прекрши наредбата за карантин!!Италијанската јавност секојдневно осудува некој од фудбалерите на Јувентус поради нивното непочитување наредбата за задолжителен карантин. Сега дојде редот на Даглас Кошта. Бразилецот го напуштил задолжителниот карантин и заминал во татковината. Кошта отпатувал во родниот Бразил иако целиот тим на Јувентус доби наредба да остане 14 дена во карантин, бидејќи тројца фудбалери на Јуве се заразени со коронавирусот. Бразилецот и покрај наредбата добил дозвола од клубот да замине дома за да биде со семејството. Посебно со неговата убава девојка, која стана позната поради нејзините тигрести бикини. Италијанците сега реагираат поради двојните стандарди на раководните луѓе на Јувентус, односно како едни фудбалери не смеат дури смеат да го напуштат 14 дневниот карантин во Торино. Јавноста е посебно лута откако ги виде фотографиите на Кошта на социјалните мрежи на кои тој ужива во Бразил во друштво на својата атрактивна девојка Наталија Феликс. Инаку откако беше откриено дека Ругани, Дибала и Матуиди имаат коронавирус беше наредено сите играчи и вработени во Јувентус да се тестираат, иако тестовите беа негативни беше наредено сите да бидат изолирани 14 дена во домашен карантин. Сепак, наредбата не важела за сите, Игуани, Кошта, Пјаниќ, Кедира добиле одобрение за напуштање на Торино пред рокот. Кристијано Роналдо пак уште претходно си замина во родната Мадеира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: Кози „ без билет“ се возат со автобусДве избегани кози предизвикаа вистински хаос во Портланд, откако талкаа низ улиците, козите одлучиле да се качат во автобус на јавниот превоз.Две кози се впуштиле во необична авантура во Портланд, Орегон, откако залутале без надзор до автобуска станица, па дури и накратко се качиле во автобус на јавниот превоз. Оваа необична глетка е забележана на станицата FX2, во близина на крстосницата меѓу Авенијата „Саутист 162“ (Southeast 162nd Avenue) и улицата „Дивижн“ (Division Street), каде што животните слободно се движеа. „ТрајМет“ (TriMet), агенцијата што управува со јавниот превоз во Портланд, соопшти дека полицијата примила повик на бројот за итни случаи во врска со две кози што се движеле во близина на станицата. Снимката од безбедносната камера го забележа моментот кога две животни му пријдоа на автобусот и влегоа во возилото. Сепак, нивното прво возење со јавниот превоз беше краткотрајно. Козите набрзо излегоа од автобусот и продолжија да талкаат кон блискиот трговски центар. Овој необичен настан брзо привлече внимание токму затоа што животните, барем накратко, изгледаа како обични патници кои го чекаат својот превоз.Тагови: коза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони Ако Instagram има кралица на плажите, сончевите зраци и заводливата насмевка, тогаш тоа веројатно е анонимната , сега многу популарна убавица Полин Танто, попозната под прекарот @popstantot. Француската инфлуенсерка вешто позира пред камерата, но истовремено гради препознатлива естетика поради која нејзините објави често изгледаат како страници од модни списанија, пишува „24sata“. Родена во Бордо во 1994 година, таа ги претвори социјалните мрежи во платформа каде што ги спојува минимализмот, луксузот и пејзажите од егзотични плажи што изгледаат како да се извадени од разгледница. Особено интересен дел од нејзината приказна е соработката со нејзината сестра близначка, со која го лансираше брендот „Khassani Swimwear“. Нивните костими за капење не се претставени само како облека, туку како дел од животен стил што вклучува палми, зајдисонца, патувања и совршени фотографии од одмор. На тој начин, Полин промовира не само производи, туку и концепт на животен стил во кој гламурот и релаксацијата се спојуваат во внимателно креирана естетика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин: „Односите меѓу Москва и Пјонгјанг достинаа невидено ниво “ Рускиот претседател Владимир Путин упати честитка до севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун по повод годишнината од ослободувањето на земјата од јапонската окупација.Путин истакна дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг достигнале ниво на сеопфатно стратешко партнерство без преседан. Во телеграмата, тој посочи дека празникот што го одбележува Пјонгјанг е симбол на храброста и издржливоста на севернокорејскиот народ, пренесува „Спутник“. Според него, токму тогаш биле поставени темелите на цврста традиција на борбено братство и заемна помош, што претставувало основа за развој на пријателски и добрососедски односи меѓу двете земји. „Нашите земји активно соработуваат на сите полиња, координирајќи ги напорите за обезбедување регионална безбедност и стабилност. Уверен сум дека ќе продолжиме со конструктивната соработка во однос на актуелните прашања од билатералната и меѓународната агенда, за доброто на рускиот и корејскиот народ“, изјави Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter