Фото: Овој уникатен Астон Мартин чини 950.000 евра - Канал 5

Фото: Овој уникатен Астон Мартин чини 950.000 евра

Британската компанија „Bell Sport & Classic“ во понудата има  уникатен примерок на автомобил создаден со соработка на Астон Мартин и Загато.

Фото: Овој уникатен Астон Мартин чини 950.000 евра

Овој Астон Мартин „V12“ Загато е претставен во мај 2011 година, а овој автомобил бил во сопственост на Астон Мартин до 2016 година и е користен за презентации на одредени клиенти.

Тој е еден од вкупно 64 модели чија каросерија е целосно направена од алуминиум.

Автомобилот дополнително добил зелена боја, поточна британска тркачка земена и таа е веќе подолго време заштитен знак на британските тркачки автомобили.

Овој Астон Мартин во себе има 6.0 литарски „V12“ мотор кој развива повеќе од 517 коњски сили, а неговата цена е неверојатни 950.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора денес затвора три поглавја од преговорите со ЕУ

Потпретседателот на Владата на Црна Гора за надворешни и европски работи, Филип Ивановиќ, објави дека денес на Меѓувладината конференција со Европската Унија (ЕУ), Црна Гора ќе затвори три поглавја од преговорите, наместо претходно најавените две..

Црна Гора денес затвора три поглавја од преговорите со ЕУ

Црна Гора досега привремено затвори 18 поглавја.

Ивановиќ рече дека ова е одлична вест за европската интеграција на Црна Гора.

Како што наведе, со затворањето на три поглавја денес, Црна Гора ќе биде еден чекор поблиску до целта да стане 28-ма членка на ЕУ до 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа

Бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи – реагираа од МНР...

МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа

-Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите.

Од Република Бугарија, како членка на Европската унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи: почитување на судските постапки, соработка меѓу надлежните институции и еднаквост пред законот. Постапките што создаваат впечаток на институционална заштита од судска одговорност се неспоиви со тие принципи. Владеењето на правото не смее да биде селективно, ниту да зависи од националната припадност на поединецот. – реагирааат о МНР и велат дека за развојот на случајот, ќе ги информираат меѓународните партнери, особено институциите на Европската унија и Советот на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од Куманово

Жителите на селата Студена бара и Пчиња утринава ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, откако пожарот беше изгаснат, а сметот затрупан со земја во голема акција на тешка механизација и камиони од приватни фирми.

Прекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од Куманово

Жителите синоќа се сретнале со кризниот штаб, при што биле договорени натамошните активности.

Тие бараат во иднина сметот да се депонира на начин што нема да доведе до ново палење, односно по секој слој смет, да се става слој на земја...

Блокадата на депонијата „Краста“ траеше шест дена, а два дена ѓубрето се носеше на скопската депонија „Дрисла“..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер