Фото: Ова не е телото на Џенифер Лопез кое го знаеме!! - Канал 5

Фото: Ова не е телото на Џенифер Лопез кое го знаеме!!

На социјалната мрежа Инстаграм кога ќе се погледнат фотографиите на латинот дивата Џенифер Лопез  се има претстава дека „жешката“ Џенифер го запрела времето и дека изгледа перфектно. 

Фото: Ова не е телото на Џенифер Лопез кое го знаеме!!

Но, сега популарната џеј Ло е фатена во природно издание, кое прилично се разликува од тоа што го гледаме на Инстаграм.

На социјалните мрежи се појавија папарацо фотографии на светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез , за кои луѓето велат дека ова не е истата жена?!

Секогаш средена и дотерана, никогаш без вишок на килограми и секогаш стегната околу струкот, тоа е Џенифер каква што сите кој ги следат нејзините профили на социјалните мрежи ја познаваат.

Но, новите папарацо слики покажуваат дека не е се како што се гледа на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар

Од полноќ нови цени на горивата. По само две недели дизелот повторно ќе се продава со цена повисока од 100 денари.

Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 ден/кг и сега ќе изнесува 50,078 ден/кг.

Новите повисоки цени регулаторна ги откри попладнево. Повеќе детали има Игор Манасиевски. Регулаторна непшто подоцна од вообиучаено ги соопшти новите цени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски се сретна со Ландау: Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк оствари средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау.

Мицкоски се сретна со Ландау:  Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области

„Во Њујорк остварив официјална средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.

На средбата беа и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа и Даниел Лотон, заменик помошник-државен секретар за Европа.

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави.

Во време на сериозни геополитички предизвици и промени во меѓународните односи, за нас е од исклучително значење да има силни, стабилни и принципиелни односи со своите стратешки партнери. Соединетите Американски Држави се наш долгогодишен стратешки партнер и сојузник, а директната комуникација на високо политичко ниво е важен дел од натамошното зајакнување на тие односи.

Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, за економскиот развој и инвестициите, безбедноста и стабилноста на регионот, како и за улогата на земјава како сојузник во НАТО и партнер кој придонесува за регионалната стабилност.

Македонија денес настапува со јасно дефинирани државни интереси и со определба тие интереси достоинствено и аргументирано да ги застапува пред своите партнери. Градиме односи засновани на меѓусебна почит, доверба и конкретна соработка која треба да носи резултати за граѓаните и за државата.

Особено значајно е што имаме директен и отворен дијалог со американската администрација. Ваквите средби се можност нашите позиции да бидат јасно претставени и македонските интереси да бидат слушнати таму каде што се разговара за важни регионални и глобални прашања.

Нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси. Пријателствата не се градат со зборови, туку со доверба. Партнерствата не се мерат со протокол, туку со дела. А почитта кон една држава се гради со јасни позиции, достоинство и кредибилитет.

Токму таква држава градиме. Исправена, со јасен став и сигурна иднина.“- Обрави Мицкоски на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОН: Американските напади врз бродови може да претставуваат злосторства против човештвото

Во извештајот на Обединетите нации се наведува дека неодамнешните американски воздушни напади врз бродови осомничени за шверц на дрога го прекршиле меѓународното право и би можеле да се сметаат за злосторства против човештвото.

ОН: Американските напади врз бродови може да претставуваат злосторства против човештвото

Во извештајот на специјалниот известувач Бен Сол се наведува дека од септември минатата година, во Карипското Море и во Тихиот Океан, надвор од територијалните води на САД, биле извршени најмалку 68 американски напади во кои загинале повеќе од 220 луѓе, пренесува Би-би-си.

Извештајот беше објавен два дена откако американската војска соопшти дека убила четворица луѓе во напад врз брод на Карибите. „Потврдени разузнавачки податоци открија активна вмешаност на пловниот објект во трговијата со дрога. Во операцијата беа убиени четворица нарко-терористи“, се вели во соопштението на „Southcom“ – командата на американските сили во регионот – која исто така објави видеоснимка од нападот.

Американската војска ја започна операцијата наречена „Southern Spear“ на почетокот на септември. Сепак, официјалните лица не понудија цврсти докази дека целните бродови навистина биле вклучени во шверц. Министерот за одбрана Пит Хегсет претходно изјави дека целта на операцијата е да се отстранат „нарко-терористите од нашата хемисфера“ и да се заштитат САД од „дрогата што ги убива нашите луѓе“.

Кршење на правото на живот

Сол истакна дека целите, дури и ако можат да се идентификуваат како припадници на одредени терористички групи, не извршиле вооружен напад врз САД што би го активирал правото на самоодбрана според меѓународното право. Во извештајот објавен денес од Советот за човекови права на ОН, Сол наведе дека „таквите напади претставуваат низа вонсудски убиства со кои се крши правото на живот, бидејќи не се оправдани со национална или лична самоодбрана“.

Сол додаде дека за нив не постои оправдување според меѓународното хуманитарно право, правото на море, конвенциите за борба против наркотици или меѓународното право за борба против тероризмот. „Постојат разумни основи да се верува дека 68-те пријавени напади, во кои загинаа 223 лица, претставуваат злосторства против човештвото во форма на убиство според обичајното меѓународно право“, заклучи Сол.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер