Фото: Отворена Спомен соба на Глигоров во Штип

Во Спомен собата на првиот претседател Киро Глигоров сместена во Општинскиот мултимедијален центар што го носи неговото име,  се презентирани неговите лични предмети, фотографии, документи, ордени и признанија.

Глигоров е несомнено еден од великаните на современата историја на Македонија и на вековниот стремеж на македонските граѓани за самостојност, истакна премиерот Зоран Заев во својот говор на денешното свечено отворање на Спомен собата на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров во Штип.

Тој забележа дека Глигоров со учеството во НОБ и АСНОМ и двата претседателски мандата речиси половина век беше на врвот на македонската политика.

- Дел од неговиот сон беше да ја види Македонија како рамноправен дел од европското и светското семејство на држави и нации. Во тоа време, Македонија влезе во ООН и во сите важни меѓународни организации. Токму во тоа време Македонија почна да го оди патот на интегрирање во НАТО и ЕУ. Две децении подоцна, по сите голготи низ кои поминавме се наоѓаме пред самата цел на втората етапа, на самиот праг на остварување и заокружување на таа визија. Македонија - суверена и самостојна. Македонија на запад - дел од НАТО и ЕУ. Македонија-просперитетна, земја која оди напред и отвора нови можности за нејзините граѓани, рече Заев.

Во Спомен собата на првиот претседател Киро Глигоров сместена во Општинскиот мултимедијален центар што го носи неговото име, се презентирани неговите лични предмети, фотографии, документи, ордени и признанија кои му биле доделувани во текот на неговата долгогодишна политичка кариера.

Во трајна сопственост на градот Штип и на Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ им ги отстапува неговата ќерка Донка Глигорова, која на денешнто свечено отворање на Спомен собата рече дека Глигоров каде и да одел секогаш бил штипјанец.

- Имаме едно катче во родниот град на татко ми, којшто секогаш бил штипјанец, каде и да живеел и работел по светот. Секогаш го имал Штип во себе и така било и кај нас дома. Секогаш сме знаеле дека од овде потекнуваме, рече Глигорова.

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски истакна дека денеска е голем ден за Штип и за штипјани, бидејќи му ја оддаваат должната почит на својот сограѓанин, татко на нацијата, првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

- Денеска е празник на градот, затоа што со отворањето на оваа Спомен соба покажуваме гордост, достоинственост и зрелост со тоа што му оддаваме признание на нашиот виден и истакнат сограѓанин. Ние, штипјани ги цениме вистинските вредности и ги почитуваме вистинските македонски херои и патриоти. Затоа минатата година постхумно му го доделивме одличјето орден „Свети Никола“ на претседателот Глигоров. Со достојна почит и пиетет продолжуваме да се сеќаваме на него и на неговата суштинска значајна улога во осамостојувањето на нашата земја и влогот со кој не задолжи, рече Бочварски.

Според Виктор Габер од Дипломатскит клуб на Македонија, најголемата заслуга на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров е етаблирањето на Македонија на меѓународен план, како рамноправна членка на ООН и на останатите меѓународни организации.

- Сеќавањето за неговите меѓународни активности за нас дипломатите беше извонредна можност да учиме, да напредуваме и да си ја сакаме оваа земја и затоа што сме многу горди што живеевме и работевме со претседателот Глигоров, рече Габер.

Новоизградениот Мултимедијален центар во Штип, кој го носи името на Киро Глигоров е изграден со европски пари.

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер