Фото:Отворен модерен спелеолошки тренинг центар во Гостивар - Канал 5

Фото:Отворен модерен спелеолошки тренинг центар во Гостивар

Гостивар доби модерен спелеолошки тренинг центар, во кој млади спелеолози ќе можат да ги истражуваат, мониторираат и зачувуваат пештерските убавини во овој крај.

Фото:Отворен модерен спелеолошки тренинг центар во Гостивар

Тренинг центарот е дел одпроектот “Зајакнување на локалните капацитети за истражување и конзервација на природното наследство на пештерата Убавица“,еден од вкупно 25 грантови од Програмата за зајакнување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од Европската унијаи од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во првата фаза на проектот се извршени градежни работи за реконструкција и санација на просториите на Општина Гостивар во село Вруток, по што беше објавен оглас за следење на обука за спелеолошко истражување. Заинтересирани кандидати, следеа интензивна обука практични вежби и предавања за истражување на ендемични видови, био-спелеолошко и геолошко истражување како и 3Д ласерско топографско снимање на пештерата Убавица, која се наоѓа во планините над Гостивар во околината на село Ѓоновица.

За спроведување на обуката на локалните спелеолози, имплементаторите на проектот, Спелеолошкиот клуб Кораби и општина Гостивар, поканија светски познати истражувачи од Италија од здружението Персефоне.

„Веруваме дека овој проект ќе помогне да се обучат многу млади спелеолози и истражувачи. Земјата изобилува со спелеолошки предизвици, богат биодиверзитети ние сме среќни што ќе помогнеме тие млади луѓе да се стекнат со вештини, но и научни сознанија за нови спелеолошки истражувања“, изјави Иларија Вакарели - шеф на италијанскиот тим спелеолози, професор на Универзитетот во Акуила.

„Овој проект треба да обезбеди подобрување на локалните капацитети во управувањето со заштитените подрачја. Пештерата Убавица е вистинска реткост на овие простори и преку современ мониторинг, спелеолошки истражувања, ќе се обидеме да го зачуваме она што природата го подарила и да го заштитиме богатиот биодиверзитет во заштитените подрачја“, рече Методија Саздов од УНДП, раководител на проектот.

Првиот дел од практичните вежби се одржаа во тренинг центарот, додека вториот дел од вежбите се одржаа во пештерата Убавица.

За спелеолозите и други љубители на пештерисе подготвува и Упатство за техниките и алатките кои се употребуваат во оваа наука, изработено од италијански научници и одобрено од Италијанската федерација на спелеолози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер