Фото: Нов пикап од Пежо што нема да го видиме во Европа

Пежо објави галерија со фотографии од својот теренец развиен во соработка со кинескиот произведувал на автомобили „Changan“.

Се повеќе произведувачи на автомобили во својата понуда понудуваат пикап/ камионет, па и Пежо одлучи за ја збогати својата гама со едно такво возило.

Пежо „Landtrek“ ќе биде достапен со дизелски и бензински мотори, како и со неколку облици на каросеријата, вклучувајќи и модел со 2 врати, 4 врати, а може да се прилагоди за различни намени. Освен верзијата со заден, на купувачите ќе им биде достапна опција и со 4X4 погон.

Меѓутоа, за сега Пежо не планира овој пикап да го продава во Европа.

Предвидено е на пазарот да се појави кон крајот на оваа година, почнувајќи од пазарите во Јужна и Северна Америка како и некои земји во Африка.

притисни ентер