Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
1Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
3Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и близу 3 милиона преноќувања заклучно со месец август за 2026 година
ЗабаваФото: Најпопуларната хрватска навивачка непрепознатлива!!Хрватската убавица Ивана Кнол која доби екстремна популарност по појавувањето на трибините на Светското првенство во Катар ги изненади фановите со неверојатна промена на изгледот. Атрактивната Ивана со својата тоалети во кои доминираа навивачките обележја на Хрватска ги освојуваше насловните страници на порталите на Балканот . Поради тоа „преку ноќ“ заработиле речиси 2 милиони следбеници. Најжешката и најпопуларна навивачка во светот, продолжи да доминира на социјалните мрежи, покажувајќи дека била на забави со Леонардо ди Каприо, натпревари на познати фудбалски клубови, Греми награди и Формула 1. Сега повторно ги посети трките, позираше со австрискиот милијардер и поранешен Формула 1 возач Тот Волф (53) и покажа дека драстично го променила имиџот. Ивана од жешка бринета стана секси русокоса, но некои следбеници на социјалните мрежи имаа замерки за нејзината линија. Тагови: иван кнол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на МакедонијаВо овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави: „Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со што драматично, кога велам драматично, драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“ Во однос на конверзијата, кога ќе се случи тоа, претседателот Мицкоски додаде: „Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и мислам дека многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураТрибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на КиненоваТрибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова: Никогаш не одам неподготвен на снимање.Филмот „Зад ридовите“ на Емин Алпер годинешниот лауреат на МФФ Киненова вчера имаше проекција на фестивалот бидејќи тоа е негов прв филм, а денеска на мастерклас со студентите на ФДУ повторно проговори за него. -Јас филмот не сум го гледал од 2016 година и се сеќавам на секој детал што го снимив и на сите сцени што беа снимени, но од оваа преспектива би сменил нешто во кинематографијата, во ликовите итн. Времето за снимање беше многу кратко и ги снимавме само неопходните кадри и немав време да пробам нови агли на снимање. Со кинематограферот имавме голема караница, бидејќи немаше контраст. Во сите нои други филмови се трудам да го доловам контрастот меѓу денот и ноќта, но во овој го немам бидејќи имав караница со кинематограферот. И токму тоа беше предмет на караницата, рече Алпер. Пред студентите денеска тој говореше за значењето на копродукциите и пичингот на големите фестивали за еден филм и дека и самиот тоа доцна го сфатил бидејќи во минатото сметал дека тоа не му е потребно, но подоцна сфатил дека е корисна секоја сугестија, секоја критика и секој вид на помош кога работите на филм. Поразговара и за снимањето серии на кои работел во Турција и рече дека никогаш не оди не подготвен на сет. Секогаш се подготвува пред снимањето и токму затоа му било тешко кога го снимал „Зад ридовите“ бидејќи бил ограничен и со буџет и со снимачки денови. Во продолжение на програмата на МФФ Киненова денеска се одржа и трибина на тема ВИ или автентична филмска креација? на која студентите разговараа за дилемите по ова прашање со Емин Алпер, Гоце Цветановски и Дејан Илиев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКапитенот на Челзи го оперираше коленото,клубот издаде официјално соопштение !Капитенот на англискиот фудбалски великан, Челзи, Рис Џејмс, успешно беше подложен на помал хируршки зафат на коленото, потврди лондонскиот клуб во официјално соопштение. Тој го пропушти првенствениот натпревар и убедливата победа на „сините“ над Борнмут. Дваесет и шестгодишниот десен бек го пропушти првенствениот натпревар – во кој „сините“ остварија убедлива победа од 5:1 против Борнмут на „Стемфорд Бриџ“ – додека траеја деталните медицински прегледи за повредата здобиена за време на тренинг. Дополнителните прегледи од страна на медицинскиот тим на клубот потврдија дека операцијата е единственото неопходно решение за санирање на проблемот со коленото. „Рис веќе го започна процесот на закрепнување и во оваа фаза од рехабилитацијата ќе ја има целосната поддршка од медицинскиот тим на клубот во тренинг-центарот ’Кобем‘. Сите во Челзи му посакуваат на Рис брзо закрепнување и ќе го поддржат на неговиот пат кон враќање на теренот“, соопштија од англискиот гигант. Иако клубот не прецизираше колку точно ќе отсуствува капитенот, се очекува текот на рехабилитацијата да покаже кога точно англискиот репрезентативец повторно ќе ѝ биде на располагање на стручниот штаб.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook