Фото: На плажа во Ливерпул морето исфрлило чудно суштество

Морето исфрлило остатоци од мистериозно животно на плажа во Ливерпул, во тек е истрага за да се отркрие за какво суштество станува збор.

Жителите на Ливерпул во Велика Британија биле шокирани кога на плажата Мерисајд забележале леш од непознато животно. Тие го опишале суштеството како „морско чудовиште долго скоро пет метри“.

По објавување на фотографии од мистериозниот леш, на социјалните мрежи започнале дебата. Поедини луѓе биле сигурни дека станува збор за мамут, други велеле дека тоа е всушност кит, а трети пак навеле дека станува збор за вонземјанин.

За јавноста посебно страшен бил описот:

-Изгледа како кит да проголтал коњ кој изел делфин?!

Жителите на сиромашните квартови на Мадрид,зафатени со корона:Заборавени сме

Жителите на најсиромашните квартови во Мадрид денеска изјавија дека се чувствуваат напуштено и жигосано додека ја чекаат одлуката на политичарите да воведат карантин поради повисоките стапки на инфекција со корона отколку во другите населени места.

Јазот меѓу богатите и сиромашните населби е во центарот на жестоката дебата во Шпанија за тоа како да се запре растот на нови инфекции. Висок официјален претставник во средата рече дека властите предвиделе карантин за повеќето погодени области.

Локалната политичарка Изабел Дијаз Ајузо порано оваа недела рече дека „начинот на живот на мигрантите“ е делумно виновен за ширењето на инфекцијата, предизвикувајќи бран критики.

„Тие создадоа стигма“, вели Натаниел Елиот, наставник по англиски јазик од Бостон, кој живее во мадридскиот кварт Пуенте де Валекас веќе 15 години.

Валекас, јужна населба во која живеат луѓе со пониски примања и има многу мигранти, е со една од највисоките стапки на инфекција во Мадрид. Тоа е скоро шест пати поголема отколку во Шамбери, една од побогатите населби на северот на градот.

Регионалните власти објавија дека ќе одлучат за мерките подоцна во текот на денот. Засега е непознато дали ќе се стави во карантин Валекас и околните населени места, но жителите се чувствуваат понижено.

Здравствениот систем тука е „уште попарализиран, пренатрупан, редици има насекаде“, рече пензионерката Мари Паз Гонзалес. „Ние сме напуштени, сега сме во рацете на Бога.

"Штом ќе го поминете мостот, сè се менува. Веднаш штом ќе преминете во соседното соседство, сè се менува", додаде Кармен Ибара, исто така пензионерка.

Хуан Антонио, пензионер, кој живее малку надвор од Валекас, но оди таму секој ден да се грижи за својата 93-годишна мајка, е уште подиректен и вели дека карантинот е глупост.

Шпанија е најпогодената западноевропска земја со повеќе од 625 000 заразени и повеќе од 30 000 починати од ковид-19.

Едно од најголемите жаришта е главниот град Мадрид, а јазот меѓу сиромашните и богатите е жешко прашање и во Барселона, вториот по големина град во земјата.

Политичарот, кој тврдел дека капењето во кал штити од корона,добил ковид-19(ВИДЕО)

Индискиот политичар Сухбир Синг Јаунапурија, кој бил снимен како седи во езерце намачкан со кал, тврдејќи дека тоа ќе ја спречи инфекцијата со коронавирус, доби позитивни резултати од тестот.

„Излезете, намокрете се на дожд, седнете во калта, работете на фарма, јадете домашна храна, така се создава имунитет“, порача тој во видеото.

Јаунапурија е еден од 24 индиски политичари, наводно, заразен со корона на 14 септември.

Патем, Индија има повеќе од пет милиони случаи на коронавирус, а 83 илјади луѓе починале.За само 11 дена, бројот се зголеми од четири на пет милиони.

Јаунапурија не е единствениот познат политичар кој имал необични идеи за тоа што го спречува коронавирусот.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко им порача на своите луѓе дека возење трактор, пиењето вотка и сауната ќе спречи да се заразат, а претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека носи амајлии кои го штитат од болести.

Парис Хилтон:Јас сум многу интелигентна,само се преправам дека сум глупава(ВИДЕО)

Парис Хилтон, која на луѓето им е позната не само како богата наследничка, туку и по улогите во неколку филмови во кои главно играше ликови на „глупави русокоси“, откри во интервју за „Санрајс“ дека цело време само се преправала дека е таква.

Парис пред камерата откри како навистина звучи нејзиниот глас.

„За сето ова време јас всушност се преправав каква што не сум во реалниот живот и луѓето никогаш немале шанса да ме запознаат подобро“, рече таа.

"Јас сум всушност многу интелигентна и воопшто не сум глупава. Јас сум навистина добра во тоа да се преправам", признала таа.

На прашањето зошто токму сега решила да му го открие на светот своето вистинско јас, таа одговори дека смета дека е вистинско време за овој потег.

"Поминав толку многу и сакам да ги разбијам предрасудите што се појавија во врска со мене. Исто така, важно ми е луѓето да ме паметат по она што го постигнав , а не за моето наследство. Сакам да ме паметат како успешна деловна жена, а не како некоја будала", додаде таа.

Со цел луѓето да имаат подобар увид во животот на оваа славна 39-годишна девојка, Парис реши да сними документарец за сопствениот живот, кој наскоро ќе биде достапен за сите бесплатно на YouTube.

Во документарецот, ќе се види како Парис го снима гласот и се обидува да го направи што е можно поиритирачки.

притисни ентер