Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола
Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
1Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола
2Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
ТехнологијаФото: Младите истражувачи поддржани од ФИТР изработија беспилотно летало со примена во земјоделие и шумарствоПроектот „Изработка на дрон за прскање на тешко достапни инфицирани шуми“ е дел од „Предизвик за млади истражувачи 1“, поддржан од ФИТР, на него работеа тим ученици од скопската гимназија „Георги Димитров“.Резултатите од проектот за изработка на дрон со голема носивост за прскање тешкодостапни и инфицирани шуми на тимот ученици од скопската гимназија „Георги Димитров“ и проектот на компанијата „Талент бизнис инкубатор Степ-ап“, со иновативниот проект поддржан од Фондот за „Употреба на дронови за инспекција и надзор на далноводи и дистрибутивната мрежа на струја“ беа претставени пред учениците. Презентацијата е во рамките на нова иницијатива на Фондот за иновации и технолошки развој за поврзување и соработка на учениците од основните и средни училишта кои ги поддржува Фондот со домашните компании. „Целта ни е да ве научиме да размислувате критички и креативно и да сфатите дека преку ваков тип на занимација можете реално да заработувате во иднина, преку поддршката што ја дава Фондот. Ние финансираме многу проекти зад кои стојат млади луѓе. Во моментов тоа се 54 училишта и околу стотина стартап компании. Целта на оваа иницијатива за поврзување на проекти поврзани на слични теми од ученици и компании кои ги поддржуваме е да научите нешто повеќе и како да ги развивате и унапредите своите проекти понатаму. Ве охрабрувам да учите од нивните примери и да креирате свои проекти и идеи кои понатаму ќе може да се комерцијализираат“, изјави директорот на ФИТР, Јован Деспотовски. Проектот „Изработка на дрон за прскање на тешко достапни инфицирани шуми“ е дел од „Предизвик за млади истражувачи 1“, поддржан од ФИТР, а на него работеа тим ученици, предводен од Марко Лазетиќ и менторката Гордана Николовска, од скопската гимназија „Георги Димитров“. Во својата презентација, учениците го споделија искуството од работењето на овој проект, како и вештините што ги стекнале со ваков тип на проект, како тимска работа, способности за усна презентација и практично учење. „Идејата со овој проект беше да се овозможи прскање и заштита на тешко достапни шуми. Овој метод е многу поефикасен од стандардното прскање со авиони бидејќи во овој случај со хемикалии се зафаќаат и здрави делови од шумата, а дронот дозволува прскање на одредени дрвја кои се заболени без да се оштетуваат здравите,“ вели Марко додавајќи дека „дронот може да се употребува и на земјоделски површини бидејќи неговото користење е многу поефикасно и побрзо од традиционалното прскање со што се штеди време и средства.“ Покрај средношколскиот проект, на настанот се претстави и домашната компанија „Талент бизнис инкубатор Степ-ап“, со иновативниот проект кој е поддржан од Фондот – „Употреба на дронови за инспекција и надзор на далноводи и дистрибутивната мрежа на струја“. „Со поддршката на ФИТР, нашата компанија започна со употреба на беспилотните возила и имплементација на проектот. Нашата цел е да им помогнеме на компаниите што се занимаваат со производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, да обезбедат сигурно и безбедно снабдување со струја до крајните корисници, и да ги подобрат процесите за одржување со употребата на побрз, поквалитетен и посигурен надзор на надземните водови,“ истакна Дарко Петровски, претставник на Степ Ап. Инаку Фондот во рамки на програмата „Предизвик за млади истражувачи“ во моментов поддржува 54 високо квалитетни проекти од средни и основни училишта од целата земја во кои се вклучени стотици ученици и професори, а кои работат на свои пронајдоци базирани на сериозно применети научни методи. ФИТР во изминативе 18 месеци има вложено над 16 милиони денари за поддршка за младите, а голем број ученици и студенти, добија можност и поддршка од Фондот за претставување на својата идеја и знаење на меѓународни натпревари од каде голем број се вратија со освоени медали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаНиколоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-БитолаСо забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат нови околу 1200 нови добро платени работни места .Со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат нови околу 1200 нови добро платени работни места и тоа за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи и друг тип на работници, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на денешниот саем за вработување во Прилеп, во организација на Бехтаел-Енка. Ова е огромна можност за млади луѓе кои завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но исто така и за квалификувани и неквалификувани работници да најдат работа во рамки на овој проект, рече вицепремерот Николоски. “ Со забрзување на динамиката на изградба на автопатот Прилеп-Битола, се отвораат некаде околу 1.200 нови работни места, можност за вработување на околу 1.200 луѓе, што за целиот Пелагониски регион претставува огромна можност. Огромна можност за многу луѓе да најдат работно место, но исто така и да стекнат искуства и знаења коишто е ретка прилика да се стекнат, затоа што не се гради секој ден автопат. Ќе ги прочитам и точно професиите: за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници”- изјави Николоски. Саемот за вработување ќе трае неколку дена, а како што што потенцира Николоски, компанијата Бехтел и Енка котира како конкуретна градежна компанија во земјата и во знаење и во добро платени работни места. “Секако, ова е само почеток и е прв ден. Можноста ќе биде отворена, еве, повторувам уште еднаш, се отвораат 1.200 работни места. Она што исто така сакам да го кажам е дека двете компании, Бектел и Енка се на врвот кога ќе го видите просекот на исплатена месечна нето плата. Имено, просек за 2025 година е 137.000 денари, а тие немаат плата под 60.000 денари. Што значи, зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа би сакал да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите општини, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен, на Битола, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овдека, имајќи предвид дека во наредните три години ќе има доста интензивни активности “ – изјави Николоски. Тој, заедно со претставниците од Бехтел и Енка, со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, заменик министерот за економија Марјан Ристески и пратеници, ги презентираа можностите, условите за вработување, како и динамиката за изградба на автопатот Прилеп-Битола, соопшти МТ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКосовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа.На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.И.(31) од Скопје, патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Љ.(59) од Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, запрено од Ш.Ш.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка Ф.Љ.(63) од Косово, додека со телесни повреди другите двајца возачи П.И. и Ш.Ш., констатирани во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ и Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституцијаНа 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово.На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна сопруга. Исто така, според пријавеното, тој ја принудувал да оди со други мажи и да не се враќа без пари дома, а парите што ги имала од питачење била принудена да му ги дава. За настанот бил известен Центарот за социјални работи Тетово кој ќе се погрижи за нејзино сместување, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook