ТехнологијаФото: Младите истражувачи поддржани од ФИТР изработија беспилотно летало со примена во земјоделие и шумарствоПроектот „Изработка на дрон за прскање на тешко достапни инфицирани шуми“ е дел од „Предизвик за млади истражувачи 1“, поддржан од ФИТР, на него работеа тим ученици од скопската гимназија „Георги Димитров“.Резултатите од проектот за изработка на дрон со голема носивост за прскање тешкодостапни и инфицирани шуми на тимот ученици од скопската гимназија „Георги Димитров“ и проектот на компанијата „Талент бизнис инкубатор Степ-ап“, со иновативниот проект поддржан од Фондот за „Употреба на дронови за инспекција и надзор на далноводи и дистрибутивната мрежа на струја“ беа претставени пред учениците. Презентацијата е во рамките на нова иницијатива на Фондот за иновации и технолошки развој за поврзување и соработка на учениците од основните и средни училишта кои ги поддржува Фондот со домашните компании. „Целта ни е да ве научиме да размислувате критички и креативно и да сфатите дека преку ваков тип на занимација можете реално да заработувате во иднина, преку поддршката што ја дава Фондот. Ние финансираме многу проекти зад кои стојат млади луѓе. Во моментов тоа се 54 училишта и околу стотина стартап компании. Целта на оваа иницијатива за поврзување на проекти поврзани на слични теми од ученици и компании кои ги поддржуваме е да научите нешто повеќе и како да ги развивате и унапредите своите проекти понатаму. Ве охрабрувам да учите од нивните примери и да креирате свои проекти и идеи кои понатаму ќе може да се комерцијализираат“, изјави директорот на ФИТР, Јован Деспотовски. Проектот „Изработка на дрон за прскање на тешко достапни инфицирани шуми“ е дел од „Предизвик за млади истражувачи 1“, поддржан од ФИТР, а на него работеа тим ученици, предводен од Марко Лазетиќ и менторката Гордана Николовска, од скопската гимназија „Георги Димитров“. Во својата презентација, учениците го споделија искуството од работењето на овој проект, како и вештините што ги стекнале со ваков тип на проект, како тимска работа, способности за усна презентација и практично учење. „Идејата со овој проект беше да се овозможи прскање и заштита на тешко достапни шуми. Овој метод е многу поефикасен од стандардното прскање со авиони бидејќи во овој случај со хемикалии се зафаќаат и здрави делови од шумата, а дронот дозволува прскање на одредени дрвја кои се заболени без да се оштетуваат здравите,“ вели Марко додавајќи дека „дронот може да се употребува и на земјоделски површини бидејќи неговото користење е многу поефикасно и побрзо од традиционалното прскање со што се штеди време и средства.“ Покрај средношколскиот проект, на настанот се претстави и домашната компанија „Талент бизнис инкубатор Степ-ап“, со иновативниот проект кој е поддржан од Фондот – „Употреба на дронови за инспекција и надзор на далноводи и дистрибутивната мрежа на струја“. „Со поддршката на ФИТР, нашата компанија започна со употреба на беспилотните возила и имплементација на проектот. Нашата цел е да им помогнеме на компаниите што се занимаваат со производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, да обезбедат сигурно и безбедно снабдување со струја до крајните корисници, и да ги подобрат процесите за одржување со употребата на побрз, поквалитетен и посигурен надзор на надземните водови,“ истакна Дарко Петровски, претставник на Степ Ап. Инаку Фондот во рамки на програмата „Предизвик за млади истражувачи“ во моментов поддржува 54 високо квалитетни проекти од средни и основни училишта од целата земја во кои се вклучени стотици ученици и професори, а кои работат на свои пронајдоци базирани на сериозно применети научни методи. ФИТР во изминативе 18 месеци има вложено над 16 милиони денари за поддршка за младите, а голем број ученици и студенти, добија можност и поддршка од Фондот за претставување на својата идеја и знаење на меѓународни натпревари од каде голем број се вратија со освоени медали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗидан се поблиску до клупата на ФранцијаСветската фудбалска легенда, Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на француската репрезентација од Дидие Дешан. За ова веќе неколку месеци се шпекулира и зборува во спортските медиуми ширум светот. По слабото издание и пораз на триколорите во мундијалското полуфинале против Шпанија, се поблиску е денот од се приближуваме кога, и формално, легендарниот ас ќе седне на клупата на Франција. Познатиот италијански фудбалски инсајдер Фабрицио Романо вели дека Зидан ќе ја преземе тренерската функција со потпишување на договорот овој месец и ќе го замени својот поранешен соиграч од славните денови, Дешан. - Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор на Франција, за тоа немаше сомнеж уште од ноември, кога беше донесена јасна одлука. Зидан веќе го состави својот стручен штаб, а официјалното потпишување на документите ќе следи овој месец. Тој ќе ја предводи Франција во Лигата на нации, на Европското првенство во 2028 година и на Светското првенство во 2030 година - вели Романо. Со Зидан како играч започна ерата на доминација на француската репрезентација. Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“, со Зидан во составот, играа и во финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија. Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство. Во меѓувреме, популарниот Зизу се докажа и на клупско ниво за време на годините на доминација со Реал, со кој освои речиси сè што може да се освои, и тоа во повеќе наврати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТрамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку цариниАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја сметаат Канада за одговорна за пожарите што ги загадуваат американските градови и најави дека по тој повод ќе го повика канадскиот премиер Марк Карни.Тој исто така додаде дека „трошоците од тоа загадување без одложување мора да бидат вклучени во царините“ кои Канада моментално ги плаќа во трговијата со САД. „Ја сметаме Канада за одговорна за неадекватно одржување на нејзините шуми и грмушки, поради што загадениот и нездрав воздух, чиј квалитет е опасен и целосно неприфатлив, струи во сад без никаква потреба!“, напиша Трамп на социјалната мрежа трут соушл.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРекорден награден фонд: Колку ќе заработи светскиот фудбалски шампионКолку ќе заработи шампионот на 23 -тотоСветското првенство во Северна Америка? Наградниот фонд на ФИФА за 2026 година е без преседан во историјата на турнирот. Оној што ќе го крене трофејот на стадионот „Метлајф“ на 19 јули во Њи Џерси, не само што ќе ја освои најголемата награда во фудбалот, туку и ќе ја обезбеди најголемата поединечна исплата во историјата на Светското првенство. Наградниот фонд на ФИФА за 2026 година е без преседан во историјата на турнирот, што е директна последица на проширувањето на 48 екипи и на рекордни 104 натпревари, како и на приходите од преноси и спонзорства што произлегуваат од тоа. За колкава сума станува збор и како се распределуваат средствата, пишува „Спортинг њуз“ (Sporting News). Шампионот ќе добие 50 милиони долари само врз основа на наградите за постигнатиот успех. Во оваа сума не се вклучени другите приходи, па така вкупната исплата за шампионот надминува 60 милиони долари, пред да се земат предвид евентуалните дополнителни бонуси што би можел да ги исплати нивниот сојуз. Тие 50 милиони долари претставуваат 8 милиони долари повеќе од сумата што ја заработи Аргентина со освојувањето на титулата во Катар во 2022 година. За ова Светско првенство, ФИФА ќе распредели вкупен награден фонд од 871 милион долари – во споредба со 440 милиони долари на турнирот во 2022 година – што претставува зголемување од приближно 65%. На секоја од 48-те квалификувани екипи ѝ е загарантиран минимален износ од 12,5 милиони долари, без оглед на резултатите; овој износ се состои од 10 милиони долари како надомест за квалификување и 2,5 милиони долари наменети за подготовки. Покрај тоа, сите дополнителни приходи целосно зависат од тоа колку далеку ќе стигне екипата на турнирот. Тимовите елиминирани во групната фаза заработуваат приближно 9 милиони долари врз основа на постигнатите резултати, покрај загарантираните средства. Пласманот во фазата со 32 екипи носи 12 милиони долари за тимовите што ќе бидат елиминирани во таа фаза. Пласманот во осминафиналето носи околу 14 милиони долари, четвртфиналето околу 19–20 милиони, четвртото место носи околу 28 милиони, а третото место приближно 30 милиони долари. Вицешампионот заработува 33–34 милиони долари, додека шампионот освојува 50 милиони долари, со што се наоѓа на врвот на листата.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter