Фото: Мицкоски во Лондон се сретна со францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад - Канал 5

Фото: Мицкоски во Лондон се сретна со францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад

-Денеска во Лондон одржав средба со Бенжамин Адад, Француски министер за Европа.

Фото: Мицкоски во Лондон се сретна со францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад

Зајакнување на соработката, особено во сферата на евроинтеграциите, регионалната стабилност и заедничките приоритети во рамки на Европската Унија, биле темите на кои денеска во Лондон се осврнале премиерот Христијан Мицкоски и францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад.

-Денеска во Лондон одржав средба со Бенжамин Адад, Француски министер за Европа. На средбата разговаравме за продлабочување на соработката меѓу нашите земји, особено во контекст на европските интеграции, регионалната стабилност и заедничките приоритети во рамките на Европската Унија, објави Мицкоски на Фејсбук.

На средбата, додаде премиерот, размениле и мислења за актуелните европски и глобални предизвици и ја потврдиле посветеноста за унапредување на партнерството и дијалогот.

Премиерот Мицкоски ја предводи владината делегација во британската престолнина на Самитот за Западен Балкан - Берлински процес, а во нејзин состав се и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани.

Домаќин на самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес е премиерот Кир Стармер, а ова ќе биде можност за повторна средба на премиерот Мицкоски со британскиот колега по период од само пет шест месеци.

На самитот во Лондон ќе бидат сумирани постигнатите резултати и ќе бидат дефинирани приоритетите за наредниот период во рамките на регионалната интеграција на Западен Балкан.

Берлинскиот процес беше започнат во 2014 година на иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, со цел зајакнување на политичката, економската и инфраструктурната соработка на Западен Балкан и нивно приближување кон Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредни избори на Косово

Денес на  Косово  се одржуваат вонредни парламентарни избори , откако институциите не успеаја да изберат претседател во рокот утврден од Уставниот суд, што доведе до распуштање на Собранието и распишување нови избори.

Вонредни избори на Косово

Според податоците на Централната изборна комисија, право на глас имаат околу 2,1 милион избирачи, од кои значителен број се регистрирани во дијаспората.

Во изборната трка учествуваат 17 политички партии, три коалиции и еден независен кандидат, кои ќе се натпреваруваат за 120 места во парламентот. Меѓу учесниците е и најголемата српска политичка партија на Косово – Српска листа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот КИЦ во Загреб со „АЈДЕ!“ ја исполни до последно место салата на Загрепскиот танцов центар

Преполна сала, долги овации и силни емоции ја одбележаа изведбата на современата танцова претстава „АЈДЕ!“ во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. 

Македонскиот КИЦ во Загреб со „АЈДЕ!“ ја исполни до последно место салата на Загрепскиот танцов центар

Големиот интерес на публиката резултираше со целосно исполнета сала на Загрепскиот танцов центар, што претставува уште една потврда за растечкиот интерес за македонската современа уметност и култура во Хрватска.

Публиката уживаше во впечатливата и моќна танцова претстава на авторите и кореографи Игор Киров и Бојан Мицев, која преку современ сценски израз отвора универзални теми за љубовта, слободата, припадноста и предизвиците наметнати од општествените норми.

Долгиот аплауз и емотивната реакција по завршувањето на претставата јасно покажаа дека „АЈДЕ!“ е дело кое комуницира силно и непосредно со гледачите, без оглед на националните и културните граници.

Пред почетокот на претставата, на присутните им се обратија директорката на македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска, директорката на Загрепскиот танцов центар Александра Мадсен и кореографот Игор Киров, еден од најистакнатите македонски балетски уметници и кореографи, со свестско реноме во доменот на модерниот танц, кој има постигнато врвни уметнички остварувања на меѓународната балетска сцена. Во своите говори тие ја поздравија публиката и ја истакнаа важноста на оваа прва соработка меѓу македонскиот КИЦ и Загрепскиот танцов центар, преку која македонската современа танцова уметност добива значајна меѓународна видливост и се отвораат нови можности за соработка, преку вмрежување и афирмација на македонските автори и уметници надвор од границите на државата, како и продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска.

„Уметноста има моќ да ги поврзува луѓето без оглед на границите, јазиците и различностите. Вечерва преполната сала на Загрепскиот танцов центар е најдобрата потврда дека публиката препознава искрена емоција, квалитет и значењето на културната размена меѓу Македонија и Хрватска“, истакна Ѓоргоска Илиевска.

Претставата „АЈДЕ!“ претставува значаен пример на современото македонско танцово творештво, кое преку автентичен уметнички пристап успешно ги поврзува традицијата, современоста и универзалните човечки вредности. Ова е очигледен показател дека уметноста останува еден од најсилните мостови за поврзување на луѓето, културите и општествата.

Продукцијата на претставата е поддржана од Министерството за култура и туризам, Општина Штип и ЕАМ Штип, а гостувањето во Загреб е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, реализирана во соработка со Motion Network продукција и Загрепскиот танцов центар со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перез или Рикелме, Реал Мадрид избира нов претседател

Најтрофејниот шпански фудбалски клуб, Реал Мадрид денеска бира претседател, над 75.000 членови имаат право на глас.

Перез или Рикелме, Реал Мадрид избира нов претседател

Актуелниот Флорентино Перез или Енрике Рикелме е изборот на 75000 членови на Кралскиот клуб со право на глас на денешните претседателски избори, први по 20 години.

Гласањето започна во 9 часот и ќе трае се до 20 часот.

Во кампањата која беше шестока двајцата против кандидати имаа многу ветувања околу нови фудбалери.

Перез кој е фаворит на изборот според анкетите вети дека ако остане на чело на клубот има договор со тренерот Жозе Мурињо, и дефанзивците Ибрахима Конате и Дензел Думфрис, а најави и една суперѕвезда,

Неговиот противкандидат Рикелме вети дека во клубот ќе ги врати легендите Раул, Касилјас, Јеро кои би имале директорски функции, а а како засилувања ги најави Ерлинг Халанд и Родри, додека за тренер ќе преговара со Јирген Клоп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер