Фото: Мал градски електричен автомобил кој чини околу 12.000 евра - Канал 5

Фото: Мал градски електричен автомобил кој чини околу 12.000 евра

Малиот градски електричен автомобил „Microlino“ ќе почне да се произведува во септември а ќе чини околу 12.000 евра.

Фото: Мал градски електричен автомобил кој чини околу 12.000 евра

Прототипот за моделот „Microlino“, кој е инспириран од автомобилот кој се произведувал на средината на минатиот век „Isetta“,е претставен уште во 2016 година.

Иако почетокот на сериското производство е најавуван за 2018 година, тоа не се случило, а во меѓувреме е создадена и нова усовршена верзија од овој модел.

Швајцарско-италијанската компанија која стои зад овој проект сега тврди дека сериското производство конечно ќе започне во септември, откако во јуни ќе заврши процесот на хомологација за европскиот пазар.

Како што претходно е наведено, за погон е одбран електромотор од 20 коњски сили, благодарение на кој „Microlino“ може да развие максимални 90км/ч, што е повеќе од доволно за еден автомобил наменет за возење низ град.

На купувачите ќе им бидат понудени две опции за погонска батерија- со помал капацитет од 8 kWh и поголема од 14,4 kWh. Помалата овозможува автономија во возење од 126 км, а поголемата од 202 км.

Почетната цена на овој автомобил би требало да изнесува околу 12.000 евра, што е многу повеќе од електричниот модел „Renault Twizy“ кој чини 7.350 евра, но доста помалку од електричниот „Smart EQ“ кој чини 22.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт

На лагите од СДС им нема крај. Од СДС на Венко Филипче, континуирано си поигруваат со граѓаните и им создаваат паника.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт

Еве неколку бројки со кои можеби на раководството на СДС поставено од Филипче ќе му биде појасно.

Во месец јуни 2017 година просечната плата изнесувала 22.808 денари, а во мај 2024 година просечната достигнала 41.252 денари.

Тоа е зголемување од 18.444 денари за 84 месеци, што значи дека просечната плата во просек се зголемувала за околу 220 денари месечно.

Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше 40.961 денар.

Во мај 2026 година, просечната плата достигна 49.544 денари.

Тоа е зголемување од 8.583 денари за 23 месеци владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Во просек, просечната плата се зголемувала за околу 373 денари месечно.

Во периодот на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата растела околу 70% повеќе месечно отколку во периодот кога на власт беа СДС и ДУИ.

Не се потребни празни зборови и политички пароли. Бројките зборуваат сами за себе.

Поголеми плати значат повеќе пари за семејствата, поголема куповна моќ и подобар животен стандард за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, а резултатите се гледаат во бројките.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Музичка програма за сите генерации на карпошовото културно лето

Втората вечер од 17. издание на Карпошовото културно лето, на плоштадот „Делфина“, понуди разновидна музичка програма за сите генерации. 

Музичка програма за сите генерации на карпошовото културно лето

Вечерта започна со настапот на најмладите членови на детскиот фестивал „Поточиња“, кои со своите песни внесоа посебна атмосфера и ги забавуваа најмладите посетители. Пред присутната публика настапи и „Пензионерски хор Карпош“, кој со изведба на македонски фолклорни песни придонесе кон негување и промоција на традиционалното музичко творештво. Музичката програма продолжи со настапот на „Тумбао Салса Бенд“, предводен од Петар Реџов, заедно со познатиот македонски музичар Сашо Гигов – Гиш.

Тие пред бројната публика изведоа авторски песни и македонски музички евергрини, создавајќи енергична и позитивна атмосфера. На втората вечер од манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и членови на Советот на Општина Карпош, кои заедно со граѓаните уживаа во музичката програма.

Во рамки на 17. издание на Карпошовото културно лето, годинава за првпат се реализира програмата „Кино на отворено“, наменета за сите љубители на филмската уметност. Програмата започна со проекција на филмот „Приказна за Силјан“, која се одржа во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“. До 27 август, секоја вечер од 20:00 часот, граѓаните ќе имаат можност секоја вечер да проследат филмски проекции на македонски филмови под отворено небо. Карпошовото културно лето продолжува со богата програма исполнета со музика, уметност, култура и содржини за сите генерации.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија искачи 29 места на светската ранг-листа за сајбер-безбедност

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор напред во зајакнувањето на сајбер-безбедноста на државата. 

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија искачи 29 места на светската ранг-листа за сајбер-безбедност

Како резултат на преземените мерки, Македонија се искачи од 59 на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, со 84,17 поени.

Владата донесе нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, ја усвои Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 со Акциски план и ги зајакна механизмите за координација и реакција при сајбер-инциденти.

Со овие мерки се создава посигурна дигитална инфраструктура, подобра заштита на податоците на граѓаните и поголема отпорност на државните системи.

Ова е конкретен резултат од реформите и голем чекор кон модерна и безбедна дигитална држава, во интерес на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер