БМВ и8 Купе дебитираше 2013 година на саемот за автомобили во Франкфурт како прв електрифициран спортски модел од овој германски бренд, а една година подоцна започна и сериското производство на ова возило.
Роудстер варијантата е претставена во 2018, а токму такво последното БМВ и8 кое излезе од погонот во Лајпциг .
Автомобилот со кој БМВ се прости од и8 е во „Portimao Blue“ нијанса на сина , а наменет е за купувач од Германија.
Иако не е ниту најбрз ниту најмоќен модел во гамата на БМВ, и8 одигра значајна улога во електрификацијата на погонските системи на автомобилите на овој произведувач.
Конструиран е на алуминиумска основа, во комбинација со пластика зацврстена со карбон влакна. Лесната конструкција е со намена да ја компензира големата тежина на погонските батерии, за и8 колку толку да има прифатлива вкупна маса.
Верзиите од 2018, после редизајнот, располагаат со вкупна комбинирана сила на бензинскиот и електричниот мотор од 374 коњски сили.
БМВ и8 има и неверојатни перформанси, за само 4,4 секунди може да развие од 0 до 100км/ч.