Шоу бизФото: Карлеуша ужива во ДубаиСрпската пејачка Јелена Карлеуша по драмата во бракот со екс фудбалерот Душко Тошиќ веќе неколку дена ужива во Дубаи.„Жешката “ Карлеуша во Дубаи откако одработила настап, одлуќила да остане во монденскиот град и да ужива во сите негови убавини и топлото сонце. На социјалните мрежи Јелена со неколку фотки во секси бикини покажа дека е пожешка и од врелиот Дубаи. За нејзините фанови посебно атрактивни се фотките на Карлеуша во бикини, на која пејачката покажува многу и во бел тесен фустан кој ги истакнува бујните гради на популарната Карли. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
МакедонијаВодата во Гостивар и западнонилска треска и денеска тема за редовни партиски препукувањаРезултатите од анализите од водата во Гостивар да се објават јавно повторно бараат од СДСМ. Партискиот лидер Филипче изразува сомнежи дека водата во Гостивар е питка иако пред неколку денови од здравствените власти беше проглсена за исправна, поради големиот број на пациенти во гостиварската болница... Вели не може да им се верува само на изјавите од надлежните без документите да бидат објавени јавно и ја обвини власта за лошо менаџирање и на кризата со водата во Гостивар и на епидемијата со западнонилска треска поради двојното зголемување на зарзени за само една недела. „Зошто не го кажат резултатот со водата во Гостивар, зошто не се покаже во јавност. Исправна ли е водата за пиење? Како може да им се верува само на изјавите на премиеорт и министерот ако знаеме дека само три дена откако беше прогласена болницата во Гостивар беше полна со пациенти, а три дена преходно кажале дека водата е исправна. Тие луѓе немаат кредибилитет, не ја говорат вистината, кријат факти. Кој ја менаџира кризата министерот за здравство упатува на една, друга трета институција. Кој ја менаџира кризата со проблемот во Скопје. Градоначалникот излегува вели се прска по онолку пати, по толку пати. Па зошто има толку пациенти ако се прска. Се проверил ли ефектот од прскање, се таргетирале ли добро жариштата?“ – Венко Филипче, претседател на СДСМ . Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат Гостиварци со години конзумирале небезбедна вода токму кога Филипче бил министер за здравство и бараат Обвинителството да отвори случај по допрен глас и да истражи зошто тогаш не се постапило по ниту една од 400 анализи за загадена вода низ повеќе места во земјава, а за кои ВМРО-ДПМНЕ неодамна обелодени. „Граѓаните со години конзумирале небезбедна вода во Гостивар, Филипче за тоа знаел, а не постапувал. Документите кои ги добивме од свиркачи, за анализите и испитувањата за квалитетот на водата кои ги правеле надлежните институции, докажуваат дека Филипче како министер за здравство не преземал ниту една мерка за нејзино решавање, а денеска како без срам обвинува за голготата која жителите на Гостивар ја поминаа токму поради него и неговите коалициски другари Ахмети и Таравари. Обвинителството мора да постапи“– Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера министерот за здравство Клековски ги презентираше резултатите од последните анализи направени од Центарот за јавно здравје, кои покажуваат дека водата е исправна за пиење, за за официјалниот извештај од мерењата ги повика да ги објават гостиварски Водовод и општината Гостивар.. За неколку дена, како што најави Клековски ќе биде објавен и епидемиолошкиот извештај за бројто на заболени и хоспитализиртани од почетокот на кризата. Во меѓувреме судот вчера им го продолжи притворот на директорката и двајцата раководители на Водовод, осомничени за труењето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладата во вторник на седница ќе ја донесе мерката „училишна кошничка“Во вторник на владина седница ќе се донесе одлуката за воведување на така наречената уличишна кошничка – најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Мерката доаѓа на предлог на министерстовто за економија, од каде брифираат дека по денешниот состанок со трговците на големо и мало кои продаваат училишни материјали, ќе биде донесена конечната одлука за што би содржела мерата. Училишни кошнички имаше и во изминативе две години, според пресметките на надлежните примената на кошничите во тој период придонела за заштеда на семејствата од најмалку 1 500 денари... „Да ќе има и во вторник на владина седница ќе донесеме одлука...“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада . Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања, по потшишувањето на меморандумот за соработка со Државниот завод за ревизија, рече дека буџетот е во добра кондиција, но големи бафери и простор за идни интервенции нема. Прашана колку досегашните мерки поврзани со намалените акцизи кај дериватите, мерка која и во моментов е активна, но и онаа за намалено ДДВ кај горивата влијаеле врз буџетот – Кочоска вели тешко е се направи прецизна проценка. „Да видиме како ќе одат состојбите понатаму гледате дека инфлацијата се стабилизира што беше една од главните цели преку овие мерки да не направиме дополнително да влијаеме на инфлацијата. Да видиме сега министерстовто за економија со какви пресметки и предлози ќе излезе па ќе зборувмае. Но јас многу пати повторувам големи бафери и простор во буџетот нема тоа е многу оддамна е потрошено и тоа сите го знаеме. Далеку сме ние од тоа дека немаме пари и од банкрот. Ние зборуваме тука за одредени мерки кои може да се дадат во таа насока. Јас не би рекал дека буџетот е во лоша кондиција само нема за се исто како и дома што нема за се...“ - Гордана Димитриевска Кочоска – министер за финаснии. Во меѓувреме по три месеци намалување– минималната синдикална кошничка која ја пресметува Сојузот на синдикати во август бележи раст, и тоа од 177 денари. На едно четири члено семејство месечно според синдикатот за основите потреби му се потребни 68 675 денари, од кои само за храна и пијалаци месечно се трошат над 25 илјади денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
МакедонијаМуцунски и Мицкоски ги пренесоа државните приоритети на Амбасадорскиот совет во СкопјеРазговори за изнаоѓање на решение постојано се во тек, но во рамки на веќе извесните црвени линии, изјави премиерот Христијан Мицкоски во однос на дипломатските напори за деблокада на македонските евроинтеграции.Тој истакна дека додека македонскиот устав нуди заштита на правата на сите заедници во државава, вклучително и бугарската, соседна Бугарија се уште не ги спровела пресудите од ЕСЧП кои се во корист на тамошната македонска заедница. Мицкоски рече дека е подготвен да се сретне со неговиот бугарски колега Румен Радев доколку претходно дипломатските напори успеат да ги приближат македонските и бугарските позиции. -Јас сум подготвен во било кој момент да седнам и да разговарам, но средба колку да биде само средба а притоа да нема никаков ефект, не сум љубител на губење нити на своето ниту на неговото време. Очекувам дека дипломатските обиди да се изнајде решение претходно ќе ги доближат позициите на двете страни, па ако има можност за такво доближување тогаш апсолутно сум подготвен да седнам да разговарам,- - Христијан Мицкоски, претседател на Влада. Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова присуствуваа на Амбасадорскиот совет кој денеска се оддржа во Скопје, прв пат по 2019та година. Пред почетокот, шефот на дипломатијата Муцунски, ги предочи стратешките насоки за амбасадорите и ги определи ЕУ членките, САД, но и Индија и земјите од Арапскиот залив како приоритетни трговски партнери за државава. -Прво е заштитата на македонските национални интереси, второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија и третото е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници, независно дали се тоа македонци кои што живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани кои патуваат заради различни причини,- -Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија. На отворањето на Амбасадорскиот совет денеска се обрати и шефот на чешката дипломатија Петр Мацинка кој е во официјална посета на државава. Иако Муцунски не ја адресираше вчерашната изјава на неговиот чешки колега според кој Македонија и Бугарија немаат билатерален спор туку мултилатерално прашање на сите земји на ЕУ, како што вели Муцунски, Чешка испратила јасна поддршка за македонското членство во ЕУ и понудила помош во изнаоѓање на соодветно решение во спорот со Бугарија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter