3Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Шоу бизФото: Канје Вест со сопругата на дуел од ЛШ во Милано Американскиот рапер и продуцент ексцентричниот Канје Вест повторно со своето издание ја шокираше светската јавност. Богатиот и контроверзен рапер во чудно издание се појави на синоќешното дерби во Милано од осминафиналето од Лигата на шампионите меѓу Интер и Атлетико Мадрид. Екс сопругот на најпознатата американска старлета Ким Кардашијан, неодамна сними песна со помош на навивачите на Интер, а оттогаш е добредојден гостин на Џузепе Меаца. Канје и овој пат вниманието го привлече со својот стајлинг, а во ложата на Меаца беше и неговата „играчка девојка“ Бјанка Ценсори. „Курвата Норд Милано“, како што ја нарекуваат групата на најжестоките навивачи на Интер, е наведена на листата на заслужни за создавањето на песните „Ѕвездички“ и „Карневал“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКризниот штаб на Општина Кисела Вода е веднаш активиранСилното невреме проследено со силен ветер кое го погоди Скопје, остави зад себе паднати дрвја и искршени гранки низ повеќе локации во нашата општина.Ве известуваме дека Кризниот штаб на Општина Кисела Вода е веднаш активиран, а сите наши расположливи служби се веќе излезени на терен. Во моментов интензивно се работи на сечење и отстранување на паднатите дрвја и расчистување на блокираните улици и јавни површини. За побрзо и поефикасно санирање на последиците, активно координираме со Центарот за управување со кризи (ЦУК), ЕВН и со службите на Град Скопје. Упатуваме апел до сите жители на Општина Кисела Вода: доколку во вашата околина има паднато дрво, блокиран пат или забележите друга директна опасност предизвикана од ветерот, пријавете кај нашите дежурни лица на следните телефонски броеви: Бобан: 072 250 719 Димитар: 072 443 500 Нашите екипи ќе останат на терен и ќе работат посветено сè додека не се нормализира состојбата во општината, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
МакедонијаМуцунски: Силните политички односи со Индија да ги преточиме во конкретно економско партнерствоМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево во Скопје се обрати на македонско-индискиот бизнис форум, организиран од Кабинетот на претседателот во соработка со Министерството за надворешни работи.На отворањето на форумот се обратија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, а беа презентирани и инвестициските можности на земјава. Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека добрите политички односи меѓу двете земји претставуваат цврста основа за посилна економска соработка, нови инвестиции и поголема трговска размена. „Денес имаме можност силните политички односи да ги преточиме во уште посилно економско партнерство – партнерство што создава работни места, привлекува инвестиции, ја проширува трговијата и носи конкретни придобивки за нашите граѓани“, истакна Муцунски. Тој посочи дека дипломатијата не се мери само преку одржаните средби и потпишаните договори, туку и преку можностите што ги создава, пазарите што ги отвора и економскиот просперитет што го поттикнува. Во таа насока, го нагласи значењето на интегрирањето на надворешната трговија во Министерството, со цел дипломатијата да придонесува за поврзување на компаниите и поддршка на претприемачите, истражувачките центри и иноваторите. Муцунски ја оцени Индија како една од најзначајните економски успешни приказни на современото време, со забележителен раст, технолошко лидерство и силен претприемачки дух. Тој нагласи дека постои голем потенцијал за продлабочување на соработката во трговијата, инвестициите, иновациите, образованието, дигиталната трансформација и културата. Во 2025 година, билатералната трговска размена достигнала речиси 132 милиони американски долари, што е речиси двојно повеќе во споредба со претходната година. „Нашата амбиција е поголема – повеќе трговија, повеќе инвестиции, повеќе заеднички вложувања и повеќе компании што заеднички ќе создаваат вредност во двете земји“, порача министерот. Осврнувајќи се на условите за инвестирање, Муцунски истакна дека земјава нуди стабилност, сигурност и партнерство, како и конкурентна пристапна точка кон Западниот Балкан и поширокиот европски пазар. Тој ја потврди определбата за зајакнување на владеењето на правото, подобрување на деловната клима, поддршка на извозно ориентираните индустрии и градење долгорочно партнерство со инвеститорите. „Ако барате сигурен партнер – подготвени сме. Ако барате нови можности – отворени сме. Ако барате место за раст – го градиме денес“, истакна Муцунски. Министерот нагласи дека Владите можат да ги создадат условите, институциите да ги отстранат пречките, а дипломатијата да ги отвори вратите, но претприемачите се тие што создаваат вредност, бизнисите создаваат работни места, а инвестициите ги трансформираат економиите. На крајот, тој порача дека форумот треба да биде запаметен по партнерствата, инвестициите и деловните можности што ќе произлезат од него, повикувајќи потенцијалот, политичката волја и деловниот интерес да се преточат во конкретен напредок и долгорочен просперитет, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линииОпштина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец , Дебар Маало и Буњаковец, каде што екипите интервенираат на повеќе локации. На терен се ангажирани мобилни служби, кои работат на брзо отстранување на последиците и обезбедување на проодноста на улиците и јавните површини. Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека општината реагира координирано и без одлагање. „Работиме интензивно и сите сме ангажирани за да се справиме со последиците од ова страшно невреме, “ истакна Герасимовски. Во акцијата се приклучија и граѓани кои самоиницијативно помогнаа во расчистувањето на критичните точки, со што дополнително придонесоа за побрзо нормализирање на состојбата. Општина Центар упатува благодарност за солидарноста и апелира граѓаните да бидат внимателни додека траат интервенциите Телефоните отворени за граѓаните 075 219068 / 076 350767Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50