Фото: „Jeep Wrangler“ го копира „Willys“ од 1941. - Канал 5

Фото: „Jeep Wrangler“ го копира „Willys“ од 1941.

Верзијата инспирирана од познатото воено возило од Втората светска војна е базирана на „plug-in“ хибридниот модел „4xe“.

Фото: „Jeep Wrangler“ го копира „Willys“ од 1941.

На „Wrangler“ му претстои тешка година. Продажбата е намалена за 11% од третиот квартал. Состојбата е толку лоша што производството мораше да биде прекинато пред неколку месеци поради вишокот залихи.

„Jeep“ неодамна прекина една фабричка смена и на неодредено време отпушти околу 1.100 работници во фабриката во Толедо, Охајо, каде што се склопува теренецот.

Сега компанијата се надева дека ретро верзијата ќе ја промени ситуацијата.

„Wrangler 4xe Willys '41“, базиран на „plug-in“ хибридниот модел, е почит на легендарното воено возило.

Достапен е исклучиво во маслинесто зелена боја, што потсетува на „Willys MB“ од Втората светска војна.

„Jeep“ ги обои дури и 17-инчните тркала, кои доаѓаат со стандардни 33-инчни теренски гуми.

Овие ретро карактеристики го имитираат изгледот на концептот базиран на „Wrangler“, откриен за време на настанот „Jeep Easter Safari“ во 2022 година.

„Willys ’41“ доаѓа со тврд покрив во боја на каросеријата, моќен мек покрив или преклопен платнен покрив со специјална нијанса.

Како стандардна опрема се вклучени челични браници и блокада на задниот диференцијал.

Внатрешноста има платнени седишта, менувач со ознака „41“ и маслинесто зелена ткаенина на контролната табла.

„Jeep“ бара 61.825 долари за ова специјално издание „Wrangler“, вклучувајќи ја и испораката, што е 4.495 долари повеќе од стандардниот модел „Wrangler Willys 4xe“.

Сепак, конфигураторот за „’41 Wrangler 4xe Willys“ веќе покажува попуст од 7.000 долари: Национален попуст од 6.500 долари и Национален бонус за црниот петок од 500 долари.

Тоа значи дека американските купувачи можат да го добијат за 54.825 долари

Иако специјалните изданија обично доаѓаат во однапред дефинирани конфигурации, овој модел не.

Списокот со опции ги вклучува „Safety Group“ за 1.595 долари, „Technology Group“ за 1.895 долари и „Convenience Group“ за 1.995 долари.

Книгата за нарачки е отворена, а автомобилите ќе пристигнат кај дилерите пред крајот на годината.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Улица и патишта го чистат каналот што е причина за поплавените гробишта во Бутел

По налог на Град Скоопје односно секторот за комунални работи денес ЈП „Улица и патишта“ со координарни активности за рачно и машинско чистење на обраснатата вегетација улицата “Александар Урдаревски“ кај градските гробишта Бутел.

Улица и патишта го чистат каналот што е причина за поплавените гробишта во Бутел

Со расчистување на овој дел ќе подобри пристап на механизацијата за чистење и евакуација на натрупаниот материјал во дренажниот канал покрај самата сообраќајница, велат од Улица и патишта.

Обраснатото зеленило е проблем и за истек на водата која се собра во каналот и водата ги поплавува гробните места...

Канал 5 вчера објави сторија каде се гледа дека без разлика дали имало дожд или бил сушен период водата е присутна и тешко може да се стигне до гробните места.

Од ЈП „Улица и патишта“ објаснуваат дека зеленилото е проблем и за одржување на безбедноста на улицата кога се движат пешаци и исто така е проблем за прегледност на возачите.

Од ЈП „Улица и патишта“ апелираат граѓаните во одводните канали да не фрлаат отпад и шут бидејќи штетите пред се по големи дождови се огромни..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицотакис по нападот во Солун: Ќе ве најдеме и ќе ве предадеме на правдата

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека сторителите на нападот во Солун ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, по смртта на жената која претрпе најтешки изгореници во намерно подметнат пожар .

Мицотакис по нападот во Солун: Ќе ве најдеме и ќе ве предадеме на правдата

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека сторителите на нападот во Солун ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, по смртта на жената која претрпе најтешки изгореници во намерно подметнат пожар врз објект поврзан со функционери на владејачката партија Нова демократија..

72-годишната жена, инаку мајка на партиската кандидатка Афродити Нестора, починала на одделението за интензивна нега во Солун.

Мицотакис изрази сочувство до семејството и предупреди дека не може да има толеранција за крвопролевање. Тероризмот мора да биде протеран таму каде што му е местото, на маргините“, изјави грчкиот премиер.

Нападот врз домот на нестора бил еден од три координирани инциденти вчера рано утрината, во кој биле повредени уште четири лица, меѓу кои и самата кандидатка и нејзиниот татко..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија го нападна Киев, најмалку 13 луѓе се убиени

Руските сили извршија голем напад со дронови и ракети врз украинската престолнина Киев, при што загинале 13 лица, а десетици се повредени.

Русија го нападна Киев, најмалку 13 луѓе се убиени

Неколку населби биле евакуирани додека нападите ги потресувале зградите низ целиот град, Само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за нов напад.. Меѓу жртвите има и деца, изјави Тимур Ткаченко, шеф на воената администрација на Киев..

„Непријателот повторно намерно ги гаѓа станбените области и убива цивили“, изјави тој.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала 74 ракети и 496 дронови преку ноќ. Ова е прв голем руски напад со ракети и дронови врз украина во последните повеќе од две недели. Руското министерство за одбрана соопшти дека биле погодени и воени бази во централна и источна Украина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер