Кузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата Мицкоски
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓа
1Кузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата Мицкоски
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓа
3ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади
ЗабаваФото: Јахта како Монте Карло, вредна милијарда долари!?? Најскапата јахта некогаш направена во светот, вреди неверојатни милијарда долари!?Оваа суперлуксузна јахта може да прими 16 гости, ја доби титулата најскапа на светот , или како што популарно ја нарекуваат „енклава за милијардери“. Монако е секако една од најлуксузните држави на светот, токму овој факт го имал дизајнерот, кој на светот му ја престави т.н. Мини Монако - милијарда долари вредна јахта. Британскиот дизајнер улиците на монденското Монако и познатите градби во Монте карло ќе преточил на супер луксузната јахта. На јахтата „Мини Монако“ која е долга 152 метри се наоѓаат и славните казина во Монте Карло, Хотелот де Париз, „кафе Париз“, но и тениски терени, базени... Пловечкиот Монте Карло дури има и пристаниште за помали јахти, во случај сопственикот да одлучи да повика друштво. Најнеобичниот дел на јахтата секако е картинг патеката која се протега низ целата јахта. Директорот на компанијата која ја дизајнирала оваа јахта вели дека неговата компанија сака да создаде нешто досега невидено, поради што одлучиле улиците на Монте Карло да ги преселат на луксузната јахта. Инаку Мини Монако која има дури 70 членови на екипажот може да прими 16 гости . Гостите ќе бидат сместени во раскошни апартмани , секој апартман има своја рецепција, тераса , спална соба, бања и приемна соба. Гордиот милијардер сопственик на оваа јахта ќе може да ужива во апартманот од 450 квадратни метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата МицкоскиВчера објавивме кој му го плаќа лобирањето на Мицкоски во Америка.Приватна фирма за муниција, оружје. FARA 6170. 1,56 милиони долари годишно. Човек уапсен за мито околу оружје. Казна платена од човек од кокаински канал. Го објавивме и планот за рудниците - антимон, Иливица–Штука, Казан Дол. Распрoдажба на земјата. За нив провизија. За народот отров. Нема одговор од организираната криминална група. Има кампања против претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче. Ги открија сите карти. Орбановите и медиумите на Вучиќ во Македонија. Таканаречени независни аналитичари како ВМРО-овецот Јове Кекеновски. Соработници на БИА. Геро, Ивона, Латас по социјални мрежи. Ботови на СНС. Трол-фарми преку израелска фирма. Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0. Сите заедно против единствениот бастион на слободата - СДСМ. Сите заедно против Филипче, кој секој ден се бори против оваа банда, на терен, со граѓаните, со народот што едвај го врзува крајот со крајот. Ете, граѓаните сега имаат црно на бело. Тендери за основачите на Платформата „за иднината на Мицкоски“. 1,6 милиони евра. Помалку од Гета. Повеќе од нивната чест. Нема да помине. Готово е со дефокусот. Со лагите. Со црните кампањи. Со Дубаи и Харис Џиновиќ. Доаѓа време на вистина и правда. Сите ќе одговараат. Власта ќе ја вратиме во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓаТалогот на СДС и Венко Филипче најдобро е да престанат да плачат во јавност. Ако продолжат да плачат очигледно им е јасно дека тонат во опозицискиот блок.Венко Филипче и талогот од СДС треба да прекинат со жалби дека ВМРО-ДПМНЕ му ја раситнува партијата. Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви. Тоа што лица излегуваат од СДС и самостојно настапуваат, очигледно е дека внатре во самата партија што би се рекло народски, смрди. Затоа на Филипче и талогот да им е јасно, прво, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара ваков СДС, второ ВМРО-ДПМНЕ не сака, ниту има намера да се меша во нивните работи, времето се троши продуктивно на спроведување проекти во интерес на граѓаните и државата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за младиВо општина Чешиново Облешево изминатава година се работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и создавање подобри можности за семејствата, младите и најмладите. Во делот на поддршката за семејствата, секое прваче доби финансиска поддршка од 3.000 денари, додека за секое првородено дете семејствата добија парична помош од 6.000 денари. Исто така, младите брачни парови се ослободуваат од комунални трошоци за изградба на дом. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вложува и во подобрување на локалната инфраструктура. Реконструирани се улиците „Сремска“, „Јоаким Крчовски“, крак на улицата „Први мај“ и „Осоговска“, а во завршна фаза се улиците „Маршал Тито“ и „Прохор Пчински“. Посебно внимание се посветува на најмладите и на создавањето подобри услови за нивниот развој. Во тек е проширувањето на детската градинка во с. Облешево, со цел зголемување на капацитетите. Изграден е и нов парк во Облешево со детски реквизити, а реконструиран е спортскиот терен во ООУ „Страшо Пинџур“ Соколарци. Во насока на создавање почиста и поуредна животна средина, исчистени се диви депонии, а предвидена е и набавка на мулчер и нова компресорска цистерна. Општината формираше и Земјоделски совет, кој ќе работи на изнаоѓање конкретни решенија за проблемите со кои се соочуваат земјоделците и ќе придонесе за подобра комуникација и поддршка на земјоделскиот сектор, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter