Хиперавтомобилот вреден околу 2,5 милиони евра е фотографиран на автопатот М6 во Стафордшир и е еден од само 275 планирани примероци, објави британскиот весник.
Според очевидци, автомобилот не се возел туку се превезувал во приколка. Затоа катастрофалниот пожар е уште поголема мистерија. Пожарникарите направиле се што е во нивна моќ, но пожарот очигледно бил преинтензивен и буквално го „проголтал“ скапиот хиперавтомобил.
Инцидентот го потврдиле и Мерцедес.
„Свесни сме за инцидентот што се случи при транспортот на автомобилот во затворена приколка, што е дел од процесот на негово склопување. За среќа, нема повредени. Во моментов не знаеме што го предизвикало пожарот, ние ќе помогне во истрагата“, изјави портпаролот на компанијата.
Според него, може да се заклучи дека хиперавтомобилот всушност не бил готов, но сепак загрижува што се запалил и изгорел.