Фото: Изгледа познато, но не е Тојота Корола

После моделот РАВ4, Сузики „препакува“ уште еден модел на Тојота кој во Европа ќе го продава под својот амблем.

На прв поглед изгледа како Тојота Корона Туринг Спортс, но тоа е новиот караван на Сузуки кој ќе продава под името Свејс и тоа само во Европа.

Свејс ќе им биде понуден на купувачите на европскиот пазар исклучиво во хибридна верзија, со оглед на тоа дека на Сузуки му е потребно да ја намали просечната CO2

емисија на својата флота во Европа за да избегне парични казни.

Тоа е и причината зошто Сузуки побарал соработка од Тојота, која започна во јули со претставувањето на „препакуваниот“ РАВ4 под името Акрос.

Како што се наведува, на купувачите на располагање ќе им биде само караван верзија, а се претпоставува дека тоа е така поради тоа што на Сузуки му недостасува модел во таа класа на европскиот пазар.

Што се однесува до дизајнот, Сузики Свејс е пресликана Тојота Корола Туринг Спортс.

Под хаубата е познатиот хибриден систем на Тојота со 122 коњски сили, во чие срце е сместен 1.8 литарски бензински мотор.

Електромоторот располага со 72 коњски сили, а струјата се складира во батерија со капацитет од „3,6 kWh“.

Сузуки Свејс ќе започне да се продава во Европа во текот на зимата, а цената за сега не е соопштена.

Кејт Мидлтон се огласи на „X“, за прв пат откако објави дека има рак

Кејт Мидлтон се огласи на Твитер за прв пат откако објави дека боледува од рак.

Таа се осврна на неодамнешните напади во Австралија. Имено, 40-годишен маж избоде до смрт шест лица во трговски центар во Сиднеј за време на викендот. Од шестмината убиени, пет се жени. Подоцна, во црква во Сиднеј бил нападнат и епископ.

„Шокирани сме и тажни од ужасните настани во Сиднеј. Нашите мисли се со најблиските на оние кои починаа, оние кои беа погодени од оваа ситуација и хероите на службите за итни случаи кои ги ризикуваа своите животи за да спасат други“, се вели во соопштението на принцезата од Велс и принцот Вилијам.

Потсетуваме, Кејт на крајот на март ѝ се обрати на јавноста со емотивна видео порака во која откри дека дијагнозата го шокирала целото семејство и дека таа и Вилијам „направиле сѐ што можеле за да се справат со ситуацијата и да ја решат приватно во корист на семејството“.

Ракот на Кетрин беше откриен дури откако таа беше подложена на голема операција на стомакот во клиника во Лондон во јануари. Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да објавуваат детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е, и побарале од јавноста да не шпекулира.

Косово доби поддршка за прием во Советот на Европа, конечната одлука на средината на мај

Парламентарното собрание на Советот на Европа вечерва го усвои извештајот на Дора Бакојани, во кој се препорачува Косово да стане членка на Советот на Европа..

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од 171 присутен член, 29 беа против, а 11 беа воздржани.. На расправата имаше жестока дебата, за и против членството на Косово, кое својата кандидатура ја поднесе пред две години..

Сега процесот се сели во Комитетот на министри за надворешни работи на Советот на Европа, кој се очекува конечната одлука со двотретинско мнозинство да ја донесе кон средината на мај..

Џони Деп ги изненади фановите во Лондон, сите забележаа дека ослабел (ФОТО)

Џони Деп го привлече вниманието на неодамнешната премиера на Jeanne du Barry во Лондон.

Носеше црн костум на Диор, бела кошула и сив капут. Комбинираше и очила за сонце. 60-годишниот актер спремно им позираше на фотографите на црвениот тепих.

Неговите фотографии се проширија на социјалните мрежи, а многу фанови напишаа дека Деп многу ослабел. Покрај тоа, неодамна ја скрати косата. Во февруари се снимаше во Италија, каде што го режира филмот Моди, а потоа и понатаму ја носеше својата коса подолго.

Потсетуваме дека во историската драма Jeanne du Barry главната улога ја има Џони Деп. Филмот го режираше француската актерка и режисерка Мејвен, која го отелотвори главниот женски лик. Овој филм е и првиот филм во кој Деп глуми целосно на француски јазик.

притисни ентер