Фото: Иста мама, но таа вели - „Не сум ни блиску до неа“ - Канал 5

Фото: Иста мама, но таа вели - „Не сум ни блиску до неа“

Луѓето велат дека таа е истата мајка, но таа тврди: „Не сум ни блиску до неа“.

Фото: Иста мама, но таа вели - „Не сум ни блиску до неа“

Манекенката Каја Гербер (24) – ќерка на една од најпознатите манекенки од 90-тите и 2000-тите, легендарната Синди Крафорд, и на бизнисменот Рене Гербер – во последните месеци е предмет на јавни коментари поради неверојатната сличност со својата мајка, иако таа самата смета дека не изгледа така.

Иако многумина тврдат дека таа е копија на мајка си, Каја – која сега е успешна манекенка со сопствена кариера – истакна дека тоа за неа претставува голем комплимент, но дека не се согласува со мислењето на јавноста.

„Би сакала да е вистина. Не мислам дека сум ни блиску до неа, дури и во моите најдобри изданија, но тоа е навистина голем комплимент“, рече таа во интервју за Yahoo Entertainment.

„За мене, таа е најубавата жена на светот, и однадвор и одвнатре. Ако луѓето мислат дека личам на неа, тоа е најголемиот комплимент што можам да го добијам“, вели Каја, ќерката на Синди Крафорд, која денес има 60 години и сè уште воодушевува со својата фигура и природна убавина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за Гостивар

Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за Гостивар

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС

Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства.

Христијан Ефтимов, внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, осуден на една и пол година условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица.

Илија Стојанов, е условно осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога.

СДС има историја и генеза на соработка со луѓе со сомнително однесување, личности кои консумираат наркотични средства и криминалци. Токму затоа СДС денес е без доверба и без кредибилитет токму поради таквите политиките.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!- информира преку својот фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!

Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина.

Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.

[✔️] Побрз сообраќај

[✔️] Поголема безбедност

[✔️] Подобра поврзаност

Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алексеј Покушевски се сели во Русија

Репрезенативецот на Србија, Алексеј Покушевски има нов клуб. 

Алексеј Покушевски се сели во Русија

24 годишниот Алексеј Покушевски е нов кошаркар на Локомотив Кубан, соопшти клубот.

Србинот се раздели со Партизан и му се приклучи на тимот на Локомотив Кубан предводен од Томислав Томовиќ, поранешен стратег на Звезда и помошник-тренер во националниот тим на Србија.

На 14-годишна возраст, како еден од најголемите европски таленти на своја возраст Покушевски се пресели во системот на атински Олимпијакос.

На само 17 години, популарниот Поко дебитираше во Евролигата и влезе во историјата на грчкиот гигант како најмлад играч што зачекорил на теренот во оваа елитна европска конкуренција.

Неговиот потенцијал беше забележан и од НБА-скаутите, па во 2020 година беше избран како 17-ти пик на драфтот.

Во најсилната лига во светот, тој мина четири сезони играјќи за Оклахома Сити Тандер и Шарлот Хорнетс. Во европската кошарка се врати во 2024 година, кога го облече дресот на белградски Партизан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер