Фото: Искинати автомобилски седишта се продаваат за 90.000 долари - Канал 5

Фото: Искинати автомобилски седишта се продаваат за 90.000 долари

Тие се важен дел од автомобилската историја.

Фото: Искинати автомобилски седишта се продаваат за 90.000 долари

Комплет целосно истрошени, скоро седум децении стари седишта се продаваат во САД за дури 90.000 долари. Толку висока цена имаат благодарение на тоа што се првите седишта некогаш направени за Шевролет Корвета.

Првобитно биле вградени во еден од петте претпродукциски модели на Корвета, а тој автомобил дебитирал на изложбата на Џенерал Моторс „Моторама“ одржана во 1953 година во Њујорк, каде е одржана и премиерата на Шевролен Корвета.

YouTube video

Автомобилот потоа патувал низ САД како дел од „Парадата на прогресот“ на Џенерал Моторс, пред да дојде во фабрика на Шевролет во Мичиген во јуни 1953 година, каде некои делови се заменети, а оригиналните седишта се извадени од возилото.

Иако главно се користел само за презентации, овој прототип имал вграден Шевролет мотор со 160 коњски сили.

За можните купувачи н а историските седишта во огласот е наведена информација дека моментално се складирани во Индијана, а продавачот вели дека купувачите ќе добијат и документирана историја на сопственост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина Бутел

Општина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства.

Ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина Бутел

На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа.

Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на родителите.

Вредноста на училишниот пакет и униформата претставува заштеда од околу 9.000 денари за секое семејство кое годинава има прваче.

Покрај висококвалитетниот анатомски ранец, пакетот ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка.

Со оваа активност, Општина Бутел продолжува да инвестира во квалитетно образование и подобри услови за најмладите, создавајќи средина во која секое дете ќе има можност да учи, расте и да го развива својот потенцијал.

Вложувањето во децата е вложување во иднината на Општина Бутел.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затвор

На 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско.

Приведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затвор

Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син

Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.

Уапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син

Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“.

Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата.

Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер