Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил
2Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил
Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
2Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
3Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
ЗабаваФото: Ирина Шајк повторно покажа зошто е една од најпосакуваните жени на светотСо последната фотографија ги воодушеви луѓето ширум светот.Моделот и манекенка Ирина Шајк повторно покажа зошто е една од најпосакуваните жени на светот. Со последната фотографија на Инстаграм таа ги воодушеви луѓето ширум светот, затоа што нејзиното тело нема маани. Убавицата од Русија повеќе од една деценија владее со светската модна сцена. View this post on Instagram A post shared by irinashayk (@irinashayk) on Dec 26, 2019 at 5:46pm PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Елизабет Харли позираше без градник: „Како е можно да изгледа вака на овие години?“ Актерката и манекенката 61 годишната Елизабет Харли предизвика бројни реакции со своите разголени фотографии, а следбениците не штедеа комплименти за нејзиниот изглед.Мегапопуларната Лиз Харли повторно го привлече вниманието на јавноста со својот изглед, овојпат со фотографии на кои позира разголена. Актерката го промовираше сопствениот бренд за облека, носејќи само гаќички и долга кошула. Следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите, а многумина не можеа да поверуваат дека британската актерка има 61 година. - „Изгледаш апсолутно неверојатно“, „Најубавата жена на светот“ и „Безвременска – нема никој како тебе“ – се само дел од комплиментите што ги доби. Еден следбеник особено се запраша: - „Како е можно да изгледаш вака на твоја возраст?“ Харли често ја покажува својата витка фигура на социјалните мрежи – најчесто во бикини – а претходно откри и како ја одржува формата. Иако вели дека не била во теретана уште од 90-тите години, таа наоѓа можност за физичка активност преку секојдневните домашни обврски. „Не сум била во теретана уште од 90-тите, но ја одржувам формата преку работа во градината и кастрење на живата ограда. Сепак, бидејќи во Лос Анџелес немам грмушки за кастрење ниту плевел за чистење, одвојувам време за вежби за истегнување“, напиша таа покрај фотографиите.Тагови: елизабет харли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДОМ: Изборот на локацијата за Националниот дата-центар бара јавно образложениеПоплавата во зградата на поранешна „Нова Македонија“ уште еднаш покажа колку е важно државните институции да имаат сигурна дигитална инфраструктура. Но, потребата од Национален дата-центар не е одговор на прашањето како е избрана локацијата и дали се разгледани сите релевантни аспекти пред да се донесат следните одлуки. Според информациите објавени на 8 октомври, локацијата е избрана, додека урбанистичката документација и финансирањето сè уште се во подготовка. Министерот најави дека пред изградбата ќе бидат изработени студија за влијанието врз животната средина и социјална студија. За ДОМ, клучно е овие постапки да не се сведат на формално исполнување на условите за изградба, туку да обезбедат реална основа за оценување на проектот и неговите последици. Затоа бараме Владата и Министерството за дигитална трансформација: • Да ги објават образложението и критериумите врз основа на кои е избрана конкретната локација, вклучително и дали биле разгледани алтернативни локации. • Да го претстават проектот со неговите основни технички параметри, колкав капацитет ќе биде во MW, како и планираното решение за функционирање на центарот. • Да обезбедат соодветни процени на влијанијата врз животната средина и локалната заедница, во согласност со законските обврски, пред носењето на конечните одлуки. • Да овозможат навремено информирање и учество на јавноста во сите постапки во кои тоа е предвидено, со пристап до релевантната документација. Јавноста не треба да биде информирана за вакви проекти дури откако ќе бидат исполнети условите за нивно официјално претставување. Информирањето и учеството на граѓаните треба да бидат дел од процесот на планирање, а не негов завршен чекор. ДОМ ја поддржува потребата од сигурна дигитална инфраструктура, но одлуките за нејзината изградба мора да бидат образложени, проверливи и во интерес на граѓаните, се наведува во парттиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар СамуилБугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил.Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските. Филипче секојдневно вели Бугарите во Устав, па се друго. Ова е истиот став на оној кој го има и соседна Бугарија. Филипче и неговиот ментор Заев, велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава дека била создадена благодарение на комунизмот. Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на Цар Самуил во Бугарија. Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување. Почитувани граѓани, Замислете на што се е спремен Филипче за пуста власт да направи. Од стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија. Затоа, претседателот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство коешто Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter