Фото: Хјундаи го претстави освежениот и30 - Канал 5

Фото: Хјундаи го претстави освежениот и30

Рестилизирано е комплетното семејство на возила од корејскиот компактен модел.

Фото: Хјундаи го претстави освежениот и30

Освен новиот и20, Хјундаи планираше на женевскиот саем да одржи премиера и на редизајнираниот и30.

Со оглед на тоа дека саемот во Женева е откажан заради опасност од коронавирус, корејскиот произведувач објави фотографии и технички детали за освежениот модел.

Рестилизирани се и30 „Hatchback“, „Fastback“ и „Wagon“ а Хјундаи посебно внимание посветил на „N Line “ верзите од овие три автомобили.

Стилските промени на надворешноста на возилото опфаќаат нова, поширока предна маска која има и поразлична текстура а преобликувани се и фаровите како и браникот.

Промените се видливи и одзади, каде дизајнерите го промениле изгледот на браникот, а стоп светлата исто така имат нов изглед со ЛЕД технологија. Од корејскиот произведувач велат дека со ситните интервенции е унапредена и аеродинамиката на возилата.

YouTube video

Редизајнирани се и алуминиумските бандажи, кои кај регуларната верзија на и30 можат да бидат со пречник од 16 или 17 инчи, а купувачите на „N Line“ моделите ќе имаат на располагање 18 инчни бандажи.

Кога станува збор за „N Line“ верзиите, тие се достапни кај и30 „Hatchback“ и „Fastback“. Исто така имаат и поразлична предна маска, преобликуван заден дифузор и специфичен дизајн на бандажите.

„N Line“ моделите не се разликуваат само по стилските детали, туку и по механичките. Имаат специјална суспензија и специјален управувачки систем.

Хјундаи со освежениот и30 понуди и три нови нијанси за надворешноста: „Dark Knight“, „Silky Bronze“ и „Sunset Red“, па во палетата за екстериерот сега има девет бои.

Во патничката кабина најизразени се новите дигитални екрани. На инструмент таблата е сместен дисплеј од 7 инчи а мултимедијалниот систем има голем, централно поставен екран со дијагонала од 10,25 инчи.

Функциите за поврзување со паметен телефон сега се стандарден дел од опремата.

Новитет е опцијата за безжичен полнач за мобилен телефон.

Што се однесува до моторизацијата, 1.0 литарскиот турбо „T-GDI“ мотор со 120 коњски сили, сега освен со 6 брзински мануелен, може да се најде и со 7 степен автоматски менувач со двојно квачило.

На купувачите им е достапна и верзија од овој мотор со 48 волтен хибриден систем и мануелен менувач кој при отпуштање на папучата за гас автоматски ја прекинува врската со погонската единица заради заштеда на гориво.

Овој прекин има два степени, во првиот моторот и понатаму работи но во лер, додека во вториот привремено е исклучен.

Седмостепениот менувач со двојно квачило е достапен како опција и кај хибридот.

Хјундаи наведува дека 48 волтниот хибриден систем ќе им биде на располагање на купувачите кои ќе се одлучат за 1.6 литарскиот дизел мотор со 136 коњски сили.

Хибридот е достапен и кај 1.5 литарскиот турбо- бензин мотор со 160 коњски сили а изборот на менувачи исто така ги опфаќа двете опции.

Корејскиот произведувач наведува дека е унапредена и понудата на системот за асистенција, па рестилизираниот Хјундаи и30 располага со најсовремени безбедносни технологии во својот сегмент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија побара помош од ЕУ за обработка на податоците за мигрантите на Сеута

Шпанија денеска побара од Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) помош во обработката на мигрантите во северноафриканската енклава Сеута, речиси еден месец откако десетици илјади луѓе пребегнаа преку границата од Мароко.

Шпанија побара помош од ЕУ за обработка на податоците за мигрантите на Сеута

Шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, испрати барање до Беата Гминдер, генерален директор на Европската комисија за миграција и внатрешни работи, барајќи помош од Фронтекс, агенцијата на Европската Унија, во проверката на мигрантите кои се нелегално во енклавата.

Властите тврдат дека меѓу 5.000 и 8.000 луѓе остануваат во Сеута откако најмалку 72.000 луѓе ја преминаа границата од Мароко на 30 јули. 82 мигранти загинаа во неа на шпанската страна од границата, додека Мароко потврди уште 14 смртни случаи.

Шпанија, исто така, побара уште десет службеници на Фронтекс да помогнат во проверката на мигрантите.

Тензиите растат во Сеута

Барањето на Марласка доаѓа во услови на зголемени тензии во Сеута, по серијата протести на жителите кои бараат мигрантите да си заминат.

Шаторите што ги користат мигрантите на плажата Трамболина, каде што многу од нив кампуваат, беа нападнати и запалени.

Вчера, 12 мигранти беа уапсени откако каменуваа воено возило, во кое беа повредени еден војник и четворица мигранти. 11 лица беа протерани од Сеута, објави денес весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на извори од главниот градски суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Што му должи ВЛЕН на Стоилковиќ, што го поддржува и го брани во секој случај?

Не е првпат ВЛЕН целосно да го брани или, уште поточно, да молчи пред Стоилковиќ и неговите скандали, односно пред неговите мегаскандали.

ДУИ: Што му должи ВЛЕН на Стоилковиќ, што го поддржува и го брани во секој случај?

ВЛЕН молчеше кога Стоилковиќ ја нарече Република Косово „Косово и Метохија“.

ВЛЕН молчеше за маршот на српски војници и полицајци во Македонија.

ВЛЕН молчеше и за скандалозните изјави на министрите од Србија, дадени среде Македонија, со кои се оспоруваше и омаловажуваше државната реалност на земјата.

ВЛЕН молчеше кога Владата на Македонија, чиј дел се и самите тие, со државни почести го пречека Милорад Додик.

ВЛЕН молчеше и пред антизападните и проруските изјави на Додик.

ВЛЕН, исто така, конкретно помогна српската Алта банка да стане дел од банкарскиот сектор во земјата, додека е очигледно дека српските економски интереси и бизниси сè повеќе се шират во Македонија.

Под владеењето во кое ВЛЕН е дел, и српскиот капитал се шири во земјата. Денес имаме и српски медиум кој дејствува во Македонија. До каде ќе стигне ова влијание и ова навлегување, останува да се види.

Можеби оваа потчинетост на ВЛЕН кон Стоилковиќ има корени токму во зборовите на самиот Стоилковиќ, кој изјави дека само досега, два или трипати, претставниците на ВЛЕН ги „спасил“ од јавен срам.

И што се случи по оваа изјава? Ништо.

Ниту приговор. Ниту дистанцирање. Ниту реакција.

Напротив, ВЛЕН продолжува да биде во служба на Стоилковиќ: со неговите гласови, со неговата пропаганда и со оправдувањето на секоја негова одлука.

Дури и кога петмина албански администратори беа отпуштени од работа, ВЛЕН не го спречи Стоилковиќ и тој продолжи да ја ужива нивната заштита.

Денес, и случајот со српски службеник во Агенцијата за правата на заедниците се соочува со истата политичка заштита од ВЛЕН.

Затоа, прашањето е легитимно, а одговорот е сè појасен:

Што му должи ВЛЕН на Стоилковиќ, што секогаш го поддржува и го брани?

Затоа што постојаното молчење, политичката заштита и подготвеноста да се оправдува секој скандал не можат да бидат случајност.

ВЛЕН денес е заробена политичка структура, која наместо да ги брани интересите на албанските граѓани и државниот интерес на Македонија, избра да молчи и да служи. Заробена не само од Стоилковиќ, туку и од влијанијата и интересите што тој ги претставува, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата за дата центри?

Ветувањата и изјавите Мицкоски се една голема лага. Се што ќе каже-лаже!

 Борозан: На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата за дата центри?

Исто и со дата- центрите.

Мицкоски јавно вели дека процесот е отворен и транспарентен а самиот признава дека Владата преговара со 5-6 инвеститори зад затворени врати.

Не се објаваат кои се, не се објавуваат условите под кои на тие компании Мицкоски им ги поклонува водата, земјиштето и огромни количества струја.

Нема одговори. Нема имиња. Нема ништо.

Мицкоски работи „под радарот“.

Не кажува колку струја и колку вода ќе трошат дата-центрите.

Не кажува дека земјоделците може да немаат вода за нивите и дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена за струјата.

Македонија нема ресурси за експерименти зад затворени врати.

Особено не со водата.

Во држава во која граѓаните веќе се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето, загадени реки и труења во Гостивар, власта планира огромни потрошувачи на вода без да ги објави основните анализи.

Истото важи и за струјата.

Македонија нема стабилен енергетски систем за Мицкоски однапред да ветува државни ресурси без јавноста да знае колку ќе чини тоа и кој ќе ја плати сметката.

Цела Македонија знае дека бизнисот со струја е омилен бизнис на Мицкоски.

Не е ова никаква стратегија за развој како што вели Мицкоски туку опасно коцкање со водата, струјата и земјата на граѓаните.

СДСМ нема ништо против инвестиции кои носат развој, работни места и нови технологии.

Но, инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија, а не ресурсите на Македонија да се ставаат во функција на туѓи профити.

Како тоа само во Македонија никогаш ништо не се знае?

Секојпат Мицко договара, разговара, а не преговара, и секогаш најавуваат дека ќе има „некој“ инвеститор.

Граѓаните и земјоделците може да останат без потребната вода и струја.

Што ќе јаде народот? Килобајти?

Што ѝ носи на Македонија дата-центарот? Нема многу работни места, троши струја, создава бучава, ја загрева плодната земја, троши вода?

Затоа бараме целосна транспарентност:

Кој е инвеститорот со која се преговара?

На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата?

За колку пари, провизии и профити?, рече Маја Борозан од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер