Шоу бизФото: Хајди Клум позира голаЕдна од најпознатите манекенки Хајди Клум ја живее втората младост.Таа повторно објавува провокативни фотографии, а нејзините фанови не престануваат да и делат комплименти и позитивни коментари. Хајди, која сега има 48 години, родила дури четири деца, од кои најстарата ќерка сега има 17 години. Таа на својот Инстаграм пред неколку дена покажа како изгледа нејзиното жешко попладне дома. -Денес беше врело, напиша Хајди во описот на фотографијата која ја направил нејзиниот сопруг. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Една од најпознатите манекенки на светот се сончаше гола во дворот од својата куќа, за фотографијата интимните делови и се прекриени но сепак може да се види нејзината фантастична фигура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје08:30Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00
ХороскопДневен хороскоп за 26. август 2026 година Дневен хороскоп за среда, 26. август 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете концентрирани на саканата личност и ќе настоите да и игодите во секој поглед. Сепак не заборавајте се себеси. Кариера Можеби некои други се сега центар на случувањата на работното место , но вие својата работа пропдолжувате да си ја работите во мир и тишина. Здравје и совет Не очекувајте чуда. Вага 24.9.-23.10 Љубов Заведувањето ќе ви биде секојдневно хоби , а денеска преку него ќе се надмудрувате со другата страна. Кариера Веројатно ќе ви текне интересна идеја , но сепак ќе треба да знаете кому да му ја претставите. Здравје и совет Мали преодни грижи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Немојте премногу да сонувате зашто принцот(принцезата) на коњ би можела да ви избега.Подобро држете ги очите ширум отворени. Кариера Вашата потреба за слобода денеска ќе се засили , и како што ќе минува денот , така се помалку ќе ви се работи. Здравје и совет Подобро да трчате отколку да озборувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите , ќе чувствувате празнина во душата , а љубовниот живот ќе ви биде недокажан. Кариера Пред вас се нови и многубројни работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и најдобро е да почнете веднаш. Здравје и совет Држете се до своите принципи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку лути , зашто другата страна не ве разбира , но тоа е резултат од вашите преголеми очекувања. Кариера Ако малку подобро погледнете што се случува околу вас ,ќе најдете на работата многу причини за задоволство. Здравје и совет Подготвени сте за акција на работното место. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе поработите на комуникацијата со саканата личност. Така својот однос уште повеќе ќе го унапредите. Кариера Кога се работи за деловните односи, денеска многу работи доаѓаат на вистинското место. Здравје и совет Покажете се што знаете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во случај да се посомневате во себеси , свртете се и погледнете ги луѓето околу вас. Преку нив ќе видите дека се е во ред. Кариера Го ценат вашиот труд , а особено сега на почеток на новите анализи или пописи. Почнувате да ги согледувате резултатите. Здравје и совет Ќе има чудни сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе флертуваат со личност која едноставно не е од нивен ранг. Ќе биде тоа вистинска утопија за двете страни. Кариера Можете да бидете среќни што некој од соработниците ви прогледува низ прсти. Истовремено , вашите критичари не спијат. Здравје и совет Морате да се приберете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Идеализам , сонување и фантазирање – сето тоа ќе го доживеете денеска. Бидете подготвени. Кариера Без оглед што сте направиле некои грешки , денеска ќе го одвоите и нагласите она доброто што сте го направиле. Здравје и совет Не ги критикувајте другите, прво погледнете се себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да излезете надвор на атрактивно место или да останете дома и да уживате со партнерот во пријатна вечера. И едното и другото е добро за вас. Кариера Вашиот стил на работење веќе на сите им е препознатлив, но сега и други ќе ве прашуваат за совет или упатство.Помогнете им. Здравје и совет Не ви треба совет , знаете на што сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува денот , полека ќе паѓаат сите маски , а вас тоа ќе ве радува зашто по природа сте отворени. Кариера Со тактичност и дипломатија можете да постигнете вреден договор со шефовите. Без тактичност можно е само надмудрување. Здравје и совет Бидете паметни. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можеле денеска да излезете и убаво да си поминете. Нема да има сензации , но ритамот на друштвениот и личниот живот е поволен. Кариера Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па затоа продгответе се . Здравје и совет Размислувате за диета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДраган Даниловски вечерва во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Драган ДаниловскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПоранешна ѕвезда на Дизни за Мајли Сајрус: „Ми велеше да ги средам носот и забите“Пруит коментираше старо видео на кое Сајрус наводно се потсмева на Селена Гомез и Деми Ловато.Џордан Пруит, поранешна поп-пејачка која како тинејџерка настапувала заедно со ѕвездите на Дизни како што се браќата Џонас и Деми Ловато, ја обвини Мајли Сајрус дека ја малтретирала додека двете биле дел од светот на Дизни. Таа ги изнесе овие тврдења во коментар на Инстаграм, кој потоа стана вирален на Reddit и привлече големо внимание. Пруит коментираше старо видео на кое Сајрус наводно се потсмева на Селена Гомез и Деми Ловато. „Мајли тогаш така се однесуваше со сите, вклучително и со мене“, напиша Пруит. Кога еден корисник ја замоли да објасни што наводно ѝ рекла Сајрус. „Мајли ми се јавуваше и ми оставаше непријатни пораки на телефонската секретарка. Таа и нејзината пријателка Менди ми велеа дека треба да направам операција на носот, да ги поправам забите и да си најдам кореограф“, напиша таа. Пруит, која сега има 35 години, додаде дека 33-годишната Сајрус била „бездушна“. Нејзиниот коментар собра повеќе од илјада лајкови, а претставниците на Мајли Сајрус не одговорија на барањето на Page Six за коментар. Таа претходно откри дека напишала песна за Мајли Ова не е прв пат Пруит јавно да зборува за Сајрус. Во март, таа откри дека својата песна од 2008 година „Boyfriend“ја напишала за неа. Во песната, таа ѝ кажува на друга девојка дека нема да ѝ го преземе момчето. Во тоа време се шпекулираше дека Пруит се забавува со Ник Џонас, но нивната врска никогаш не беше официјално потврдена. Сајрус и Џонас се забавуваа од 2006 до 2007 година. Ѕвезда на Дизни како тинејџерка Пруит е најпозната по нејзината песна од 2006 година „Outside Looking In“ и песната „Jump to the Rhythm“ од филмот на Дизни „Jump In!“. Како тинејџерка, таа сними два албума за „Hollywood Records“ на Дизни и беше на турнеја со некои од најголемите ѕвезди на Дизни во тоа време. Во 2012 година, таа се натпреваруваше во американската верзија на „The Voice“ со Кристина Агилера, а во 2017 г. се повлече од музичката индустрија. Во 2019 година, Пруит ги тужеше „Disney“, „Hollywood Records“ и нејзиниот поранешен менаџер Кит Томас. Таа тврдеше дека Томас сексуално ја злоставувал од нејзината 14-та година и дека компанијата не успеала да ја заштити. Во тужбата, таа изнесе сериозни обвинувања против Томас, тврдејќи дека тој сексуално ја злоставувал кога била малолетна и дека во една прилика ја дрогирал и силувал. „За жал, на големите компании на прво место им е продажбата, парите и музичките топ листи“, изјави Пруит за „Variety“ во тоа време. „Премногу често тие не успеваат да ги заштитат младите таленти за кои треба да се грижат. Разочарана сум што „Disney“ ги третира своите малолетни ѕвезди исклучиво како извор на профит.“ Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook