Традицијата на производство на мали Фиат пикап возила во Латинска Америка е многу долга а името Страда е на тој пазар уште од деведесеттите години на 20 век.
Најновата генерација на овој компактен камионет е претставена во Бразил, кој е најголем пазар за автомобили во тој дел од светот.
На почетокот на купувачите ќе им биде на располагање верзија со 4 врати и нешто пократот дел за товар, а подоцна ќе и се придружи и модел со 2 врати и поголем товарен дел.
Должината на камионетот е 4.480мм а отворениот товарен дел има димензии 1.173 х 1.059мм, додека носивоста е 650кг.
Предниот дел на Страда стилски наликува на на бразилскиот Фиат Арго, а интересно е дека наместо стандардниот амблем на италијанскиот бренд, маската ќе ја краси ново лого во со името на компанијата.
Фиат Страда за погон користи 1.4 литарски бензински мотор со 88 коњски сили а достапен и и помоќен агрегат со 110 коњски сили.
И двата мотора се со 5 брзински манујелен менувач.
Фиат наведува дека во кабината на верзијата со 4 врати има место за 5 патници, а поскапите верзии се опремени со мултимедијален систем со 7 инчен екран.
Било плчанирано новиот Фиат Страда да пристигне во Бразил на почетокот на април, но Фиат од веќе познати причини бил принуден да го одложи почетокот на продажбата, најверојатно од втората половина на оваа година.
Автомобилот ќе се продава по цена од околу 12.7000 евра.