Фото: Ферари „Портофино“ - Канал 5

Фото: Ферари „Портофино“

Популарниот „Портофино“ со цена од околу 200 000 евра е еден од најевтините модели на „Ферари“.

Фото: Ферари „Портофино“

На саемот во Белград беше изложен еден од најновите модели на Ферари „Портофино“ .

Овој кабриолет со цврст кров кој се расклопува има распоред на седишта 2+2, што значи дека има две „нормални“ седишта,а задните седишта се условни, поради тоа што таму и нема многу место.

Внатрешното на „портофино“ е типична за Ферари, со волан со многу команди, инструмент табла со централно поставен аналоген брзиномер, а тука е и големиот екран со инфо – забавен систем.

Под хаубата на „Портофино“ има В 8 твин турбо мотор, со 3,9 литри кој развива 562 коњски сили. Оваа сила се пренесува на тркалата преку седум-степен автоматски менувач. До брзина од 100 километри на час ферарито „Портофино“ стигнува за само 3,5 секунди, инаку најголемата максимална брзина изнесува 320 км. на час.

„Портофино“ инаку го доби името по истоименото мало рибарско село во Италија, кое е популарна дестинација меѓу светскиот џет – сет.

Кога ќе се спомене „Портофино“ луѓето веднаш помислуваат на гламур и елеганција, а тоа е токму она што претставува овој модел велат од Ферари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 17 возачи, 12 од нив возеле без дозвола

Лишени од слобода 17 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит.

Уапсени се 17 возачи, 12 од нив возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од КЗ. Од нив, 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.И.(31) од тетовско, 17- годишник и 16- годишник од Скопје, С.Ј. (35) од Виница, Д.Г.(29) од Скопје, Б.Ј.(33) од скопско, Б.И.(19) од скопско, К.Ј.(24) од Скопје, 17-годишник од кочанско, M.Ш. (44) од Скопје, М.М.(21) од Тетово и 16-годишна малолетничка од Виница. Исто така лишени се од слобода и Б.Б. (50) од струшко, Р.Д.(51) од Прилеп, Р.Ј. (56) од тетовско и А.Н. (39) од Прилеп, бидејќи возеле под дејство на алкохол. Од слобода е лишен и П.Р. (27) од Гостивар, затоа што управувал возило во спротивен правец на еднонасочна улица.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер, по Путин се сретнаа и со Зеленски

Со воз преку Полска од Москава во Киев пристигнаа претставниците на Трамп испратени да посредуваат за крај на војната меѓу Русија и Украина. 

Виткоф и Кушнер, по Путин се сретнаа и со Зеленски

Откако на Централната железничка станица во Киев беа пречекани од високите претставници на Зеленски потоа и тој лично ги пречека специјалните претставници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои пристигнаа во Киев, што е нивна прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија.

Оваа посета беше овозможена со договорот меѓу Русија и Украина за 72 часа целосен прекин на нападите и воените дејствија за да може безбендо да пристигни делегацијата испратена од американскиот претседател Трамп.

Нивната посета на Киев доаѓа во време кога Украина ја нагласува важноста на конструктивните и суштинските разговори со САД, според претседателот Володимир Зеленски. Пристигнувањето на специјалните претсавници на Трамп доаѓа по исклучително значајната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва.

Детали од средбата и планот за прекин на 4 годишната војна не се објавуваат никаде а на самиот почеток на средбата Путин изрази благодарност до Трамп за неговите заложби за прекин на војаната.

Специјалниот претставник Стив Виткоф се заблагодари за приемот и за овозможувањето на прекин на воените дејства.

Специјалните претставници беа во Москва вчера, каде што се сретнаа со Путин. Разговорите траеја повеќе од три часа, што укажува на сложеноста и важноста на дискусиите што се водат во контекст на сегашните геополитички тензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СПЦ ја исправи грешката околу именувањето на МПЦ-ОА

Откако на својот сајт во информација за мегународна конференција  СПЦ го употреби името ПОА-МПЦ за нашата црква, грешката во меѓувреме е исправена, потврдија од синодот на МПЦ-ОА.

СПЦ ја исправи грешката околу именувањето на МПЦ-ОА

Српската Православна Црква го коригираше спорното именување на Македонската православна црква на нивната официјална интернет-страница. Од МПЦ-ОА за Канал 5 велат дека стапиле во контакт со СПЦ и побарале, како што велат, очигледната грешка да биде исправена. Во првичната објава за меѓународна конференција во манастирот Манасија, епископот Климент беше претставен како секретар на Синодот на „Православната Охридска Архиепископија – Македонска Православна Црква“.Спорно беше што со првичната формулација се добиваше кратенката ПОА-МПЦ. ПОА беше паралелната црковна структура под јурисдикција на СПЦ, која во 2023 година беше интегрирана во МПЦ-ОА. Дополнително, самата СПЦ во Томосот од 2022 година го употреби официјалното име на македонската црква.

Дилеми предизвика и неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Српската православна црква е „иста и во Скопје“. Од МПЦ-ОА тогаш реагираа дека својата духовна и пастирска мисија ја остваруваат на сопствената канонска територија. Црковните аналитичари потсетуваат и на низа претходни случаи на поинакво именување – од формулацијата „Охридска архиепископија – Македонска православна црква“, до ословувањето на архиепископот Стефан како „архиепископ на Македонија“ или само како „Охридски архиепископ“. Аналитичарот Бранко Ѓорѓевски смета дека низата различни именувања тешко може да се сведе само на случајни грешки, додека според Цане Мојаноски повторувањето на ваквите примери може да укажува дека во СПЦ се уште има поединци незадоволни од одлуката од 2022 година.

„Секоја случајност во комуникациите е значи и одредена порака која треба да ја восприеми оној кому му е упатена. Зачестените грешки повеќе или помалку упатуваат дека во структурата на Српската православна црква постојат незадоволни, така да кажам, елементи, кои на еден или друг начин го изразуваат ставот спротивен на одлуката на Соборот на Српската православна црква од 2022 година.“

„Вакви пораки, слични на онаа која неодамна ја испрати и српскиот претседател Вучиќ, сигурно дека ќе има и во иднина, но нашата црква мора да има јасен страв околу тоа и не смее да дозволи вакви игри со именувањето. Мислам дека се работи за една смислена стратегија со која нашата црква од време на време се потсетува на тоа дека СПЦ нè признала под уставното име и дека тоа не треба да се заборава во нашите релации, посебно со Вселенската патријаршија, врзана за добивањето на конечниот Томос за автокефалност.“

Ѓорѓевски потсетува дека со Томосот од 2022 година СПЦ ја призна автокефалноста на македонската црква, но за официјалното име препорача дијалог со останатите православни цркви. Затоа смета дека македонските владици треба да побараат детално појаснување зошто и натаму се појавуваат различни формулации за МПЦ-ОА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер