Фото: Девојката на Фернандо Алонсо - Канал 5

Фото: Девојката на Фернандо Алонсо

Легендарниот возач на Формула 1, Фернандо Алонсо, продолжува да го привлекува вниманието на јавноста. 

Фото: Девојката на Фернандо Алонсо

Шпанскиот заводник досега одлично ги балансира кариерата и приватниот живот.

Легендата на Формула 1 Фернандо Алонсо, е сè уште еден од најпрепознатливите возачи во светот на мотоспортот, иако ја гради својата кариера повеќе од две децении.

Фернандо моментално е член на тимот на Астон Мартин Ф1, тим со кој го продолжи договорот до крајот на сезоната 2026. Иако самиот вели дека ова би можел да биде неговиот последен професионален договор, Алонсо не ја исклучува можноста да остане во тимот и потоа, во некоја друга улога, или како советник или ментор на помлади возачи.

Сезоната 2025 за Алонсо, започна со неколку технички проблеми, но тој сепак остана посветен и мотивиран.

Во слободното време, Алонсо успева да најде моменти за одмор и приватен живот. Често се гледа во Монте Карло и Шпанија, каде што ужива во одморите и времето со семејството и пријателите.

Приватно, Фернандо Алонсо живее мирно, поголемиот дел од времето помеѓу Шпанија и Монте Карло, каде што има свој дом. Тој е во врска со новинарката и ТВ личност Мелиса Хименез, а двојката потврди во медиумите дека очекуваат бебе, што дополнително ја привлекува внимание од јавноста.

Иако постојано е под рефлекторите поради својата професионална кариера, Алонсо успева да го балансира живот на патеката со својот приватен живот.

Мелиса Марија Хименез Дионисио е родена на 26 јуни 1987 година во Лиеж (Белгија). Како дете, се преселила со семејството во Барселона, бидејќи нејзиниот татко - инженер во Мото ГП - почнал да работи во светот на мотоспортот. Уште од рана возраст била опкружена со трки и мотоспорт, што веројатно влијаело врз нејзината подоцнежна професионална ориентација.

Пред врската со Алонсо, Мелиса била во брак со екс фудбалерот на Барселона, Марк Бартра . Со кого има три деца: две ќерки и еден син.

Се венчаа во 2017 година, откако беа во врска некое време, и објавија дека се разведуваат во јануари 2022 година.

Врска со Фернандо Алонсо според медиумските шпекулации започнала во средината на 2023 година. Иако ниту таа ниту Алонсо официјално не ја потврдувале тогаш врската, тие сега често се гледаат заедно - на трки, но и надвор од професионални настани. Според извештаите, тие се запознале „на работа“ - преку преноси од Ф1 .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поезија од Мозамбик во срцето на Прилеп

„Да живее Македонија, да живее Мозамбик“, слемираа Елијане Лусија Леонардо Бутелане и Наташа Сокре, гостинките слемерки од Мозамбик, на фестивалот „Поетски слем Македонија“, кој четири дена се одржува во Прилеп.

Поезија од Мозамбик во срцето на Прилеп

Во полната сала на киното „Мис Стон“, публиката имаше можност одблизу да го почувствува пулсот на Африка, со поезија во која беа испреплетени традицијата и современите социјални горливи расни, политички и родови прашања.

Елијане Лусија Леонардо Бутелане е писателка, слемерка и активистка од Мапуто, Мозамбик, добитничка на повеќе национални книжевни награди и признанија, како и национална претставничка на својата земја на Светското привенство во слем -поезија во 2025 година, кое се одржа во Париз, Франција.

Наташа Сокре е писателка, активистка, слемерка од Мапуто, Мозамбик, голем борец за човекови права, чиј збор поттикнува поголема општествена свесност за правата на жените, децата, родовата еднаквост и социјалната неправда. Повеќе пати ги освојува првите три места на поголем дел од слем-натпреварите во Мозамбик.

Покрај настапот на гостинките-слемерки, втората фестивалска вечер се одржа и полуфиналето за слем-поезија, на која најмногу поени добија Стефанија Граовац, Тони Павлески и Лилјана Сливоска. Тие вечерва во финалето ќе се натпреваруваат со Валерија Дамчевска, Матеј Петров и Јован Лешев, кои добија најмногу бодови на настанот по повод Светскиот ден на слемот, кој се одржа на 26 септември во Скопје.

Третиот фестивалски ден ќе се одржат и неколку поетски промоции на книги, како и главното слем-натпреварување.

Промоција на збирка поезија од Марија Грубор, чија промоторка ќе биде Елена Пренџова, ќе се одржи во клуб „Дипломатик“ со почеток во 18 часот.

Фестивалот свечено ќе се отвори со слем-караванот, кој ќе почне на прилепскиот плоштад (кај Саатот) и ќе се движи до НУЦК „Марко Цепенков“.

Ќе се одржи и промоција на книгата „Како паѓаме јас и ти“ од Ненад Јолдески, а промотор ќе биде Ѓоко Здравески.

Главното слем-финале ќе се одржи во киното „Мис Стон“ со почеток во 21 часот, по што следи концертна промоција на збирката „Пружини“ од Пијан Славеј (Бранислав Николов), заедно со „Хот џез оркестра“.

„Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство.

Годинешниот победник ќе ја претставува Македонија на Европското слем-првенство, со можност и на Светското, а како подарок ќе добие часовник од брендот „11и11“.

Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп.

Дизајнотот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното

Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното, Еврообврзницата во наредната година може да се реализира во 2 дела .

Димитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното

Нивото на јавниот долг останува во рамки на проектираното и Фискалната стратегија. До крајот на годината ќе се реализираат задолжувања само што се планирани во Буџетот и Ребалансот. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во телевизиско гостување.

„Министерството за финансии не може да се задолжува дополнително ако тоа не е предвидено со Буџетот и Ребалансот“, рече министерката и појасни дека заради промена на состојбата на пазарите е направено задолжување на меѓународниот пазар и дека генерално со домашно задолжување ќе се заокружи дефицитот за годинава.

Наведе дека се следат состојбите, се прават калкулации и се избираат опции за пониски камати. При тоа посочи дека до крајот на годината нема да има издавање на еврообврзница.

„Ги разгледуваме состојбите. Издавањето на Еврообврзницата ќе зависи од состојбите на пазарот. Неизвесноста е голема и затоа ја разгледуваме и можноста за следната година да издадеме 2 еврообврзници или да имаме два различни типови на задолжување. Не сме одлучиле дека ќе биде во јануари, може и февруари. Но како и да е секако еден дел обврзница треба да имаме за да може да ја сервисираме Еврообврзницата издадена во 2023 година, а која доспева во 2027 година која беше со каматна стапка повисока од 6%. Значи дека каматната стапка тогаш била поприлично висока“, посочи министерката.

Во интервјуто се осврна на Ребалансот на Буџетот којшто беше усвоен од страна на Владата. При тоа се посочи дека капиталните расходи кај кратењето е по основ на КАПЕФ механизмот, односно дека има одложување на проекти кај кои нема реализација согласно планот, а дека нема кратење на проекти кои што имаат редовна динамика на реализација.

За инфлацијата изрази очекувања дека ќе се стабилизира, додека во врска со подготовката на Буџетот за наредната година посочи дека се работи и дека ќе се движи во рамки на Фискалната стратегија, а од проритети ќе бидат здравството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анкета Маркет вижн: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство

Големи се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн.

Анкета Маркет вижн: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство

Големи се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27 септември на примерок од 1.200 испитаници.

На прашањето „за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, 19,3 отсто одговориле дека ќе гласат за ВМРО-ДПМНЕ, 5,6 отсто за СДСМ, а рејтинзите на ДУИ и на Влен се изедначени – 4,2%.

41 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да излезат да гласаат, не знаат дали ќе излезат на гласање или не сакаат да одговорат на ова прашање.

Меѓу испитаниците кои се определени за одредена политичка партија, за Левица би гласале 4 отсто од испитаниците, за ЗНАМ 1 отсто.

И кај лидерите, довербата за Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, (20,4%) е во голема предност пред довербата во Венко Филипче, претседателот на СДСМ (3,8%).

Дури 44,1% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија, а 12,5% не сакаат да одговорат на ова прашање.

Довербата за Али Ахмети е 3,7%, за Димитар Апасиев – 3,4%, за Изет Меџити – 2,6%. Лидерите на новата политичка партија Влен, Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши, се во предност во однос на лидерот на опозициската ДУИ.

И анкетата спроведена во јуни покажа убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски пред опозициската СДСМ.

Анкетата е спроведена со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер