СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците
1СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
1Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
Шоу бизФото: Бред Пит промовира луксузни рачни часовници во Кина!!Луксузниот бренд часовници „Бреитлинг“ организиран настан по името „ Squadona Mission“ во Пекинг, Кина.На овој специјален промотивен собир во Кина се појави и холивудската ѕвезда Бред Пит во гламурозно и комплетно нови издание. Како еден од главните промотори на овој луксузен бренд на часовници Бред Пит специјално долетал во Кина каде веднаш станал главна ѕвезда за медиумите. Според мислењето на медиумите ова е едно од најдобрите изданија на популарниот актер во последните неколку години. Бред на промоцијата се појавил во сако од плиш со вратоврска пеперутка и кожни чизми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците Токму денеска, кога го откривме планот на Мицкоски за распродажба на Македонија преку давање на рудниците и труење на народот за туѓи интереси и профити.Токму денеска, кога објавивме мегаскандал: приватна компанија за оружје плаќала над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски. Кога на јавноста ѝ станува јасно зошто Мицкоски договара антимон без да го праша народот: за милиони да завршат во приватни џебови. Денеска дефокус и напад врз СДСМ од платформата на Мицкоски, ЗНАМ 2.0. Дефокус и напад врз СДСМ и претседателот Филипче од луѓе купени со тендери вредни 1,6 милиони евра. Одговорот на едно едноставно прашање целосно ги разобличува: Кому му одговара да се пренасочи вниманието на јавноста со ваков дефокус? Кому му одговара да не се зборува за криминалот на Мицкоски и за распродажбата на Македонија? Одговорот е еден: На шефот на организираната криминална група, арамијата Христијан Мицкоски! Сè е јасно. Граѓаните и членовите на СДСМ не се наивни. Сите гледаат дека единствено СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски. ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг. Не постои друга опозиција во Македонија. Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо. Порака до сите нив: сите ќе одговарате, а власта ќе ја вратиме во рацете на народот. ЗНАМ 2.0 нема да помине! No pasaran!, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСтручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижнаНема лекарска грешка во случајот со Станка Михајлова од струмичко Баница, која по породување со царски рез и остана неподвижна, потврди петчлената комисија која го испитуваше случајот. Комисијата била составена од гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, а двајца од експертите биле од Србија и од Словенија. По извршениот надзор, заклучокот бил едногласен дека невролошката состојба на Михајлова не е последица на спиналната анестезија. Како најверојатна причина за состојбата, експертите го наведуваат спонтаното крварење од ретка малформација на крвните садови. Сепак, за конечно утврдување на причината е препорачана дополнителна дијагностика, како и продолжување на рехабилитацијата. Случајот во јавност го објавки свекрот на Михајлова, Велибран Стојанов , и побара помош од министерот за здравство Сашо Клековски. Министерството за здравство најави темелна проверка , а по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат започна вонреден инспекциски надзор и со странски експерти од Словенија во трите установи каде што Михајлова била лекувана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ЕвропаЧленството на Црна Гора доведено во прашање - Хрватска ја спушта рампата за Подгорица? Билатералниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора ја става во опасност можноста Црна Гора да стане 28та членка на Унијата во 2028та година .Билатералниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора ја става во опасност можноста Црна Гора да стане 28та членка на Унијата во 2028та година - воени злосторства, спорна поморска граница и имотни побарувања ја одложија закажаната меѓувладина конференција со кандидатот фаворит откако Хрватска се спротистави на затворањето на неколку преговарачки поглавја – пишува Бриселскиот медиум Еуроњуз повикувајќи се на дипломати вклучени во процесот. Во последните недели се водат билатерални разговори на министерско ниво со поддршка од Европската комисија, но сè уште не е пронајдено решение. Доколку се постигне доволен напредок, се очекува меѓувладина конференција да ги затвори понатамошните преговарачки поглавја на 12 или 13 октомври. - пишува Бриселски Еуроњуз. Освен нерешени прашања од времето на југословенските војни, барањата на Загреб кон Подгорица вклучуваат и враќање на училишниот брод Јадран како и преименување на базен именуван по поранешниот југословенски ватерполист Зоран Гопчевиќ. Неоптоварена од поголеми билатерални спорови, соседна Албанија пак уверено чекори по европскиот пат - Европската комисија работи на затворање на процесот на пристапување на Албанија до крајот на следната година, објави Еуроњуз повикувајќи се на високи претставници од ЕУ. Комисијата подготвува патоказ за да ја потврди наведената цел на Албанија за затворање на сите преговарачки поглавја до крајот на следната година и да ги утврди приоритетните резултати за пополнување на преостанатите празнини во пристапувањето. Овие патокази кои шефицата на ЕК – Урсула фон дер Лајен ги најави, ќе бидат вклучени во новиот пакет за проширување што се очекува кон крајот на октомври, а освен за Албанија, се очекува да бидат изработени и за Црна Гора, Украина и Молдавија. Во случајот со Црна Гора, како што уверува еврокомесарката за проширување – Марта Кос, дури и оваа кандидатка да не ги затвори сите поглавја оваа година, сепак би можела да се приклучи на Унијата во 2028 година, доколку добие брза ратификација на договорот од сите земји членки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook