3Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
ЗабаваФото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во ХоливудНајголемиот заводник во Холивуд, актерот Бред Пит повторно воодушеви со својот изглед на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.Мегапопуларниот актер на филсмкиот фестивал се појави во тексас комбинација. Бред Пит веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста. Често можеме да го видиме во необични, лежерни изданија што не ги следат правилата на светот на модата кога станува збор за големи филмски настани и проекции. Неодамна, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, тој се претстави во шарена комбинација што спојува дури шест навидум неспоиви бои, а сега нè воодушеви со младешки изглед. Тој присуствуваше на прес-конференцијата за филмот „Срцето на ѕверот“ и за таа прилика одлучи да ја продолжи својата низа лежерни комбинации, кои изгледаат како воопшто да не се трудел да го шармира светот на модата. Се појави во тексас од глава до пети, постигнувајќи го оној лежерен, младешки изглед. Сепак, главниот адут на стајлингот беа парчињата облека што се „криеја“ под неговата тексас-јакна. Носеше бела кошула со розова вратоврска, со што постигна ефект на модерна елеганција која не делува премногу круто. Ќе се согласите, ретко кој маж би се осмелил на ваква модна комбинација...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПредводникот на Комо, Фабрегас има една забелешка по историскиот триумф од 9:1! Тренерот на „чудото од покрај езерото“, легендарниот ас на Барселона, Челзи..., Сеск Фабрегас, долго време ги средуваше впечатоците по историската победа на Комо над Ланс со 9:1 во 4. коло од Лигата на шампионите.Фабрегас и неговите играчи се вистински хит оваа сезона. И не само тоа – тие се сензација. Фудбалот што го играат е нешто што долго време не е видено, дури ни на елитно ниво. Играат како вистински да се „играат“. Фудбал во кој човек лесно може да се заљуби. Комо е дебитант во Лигата на шампионите, а како новајлија во најсилното европско натпреварување, тие делат фудбалски лекции, довчерашниот второлигаш, сезонава го победи Лајпциг со 4:1, Јунајтед со 4:1, а Ланс со 9:1. Единствениот пораз го претрпеа од Феенорд, со 2:3. Инаку пред само две сезони, Комо беше член на Серија Б. Тогаш тимот го презеде Сеск, кој во тоа време сè уште ја немаше задолжителната УЕФА „Про“ тренерска лиценца. „Ова е само нашиот четврти натпревар во Лигата на шампионите, а бројот четири е дефинитивно важен број за нас“, изјави Фабрегас со насмевка за „Скај Италија“ (Sky Italia) по величествениот резултат на стадионот „Болеар“. Сеск очигледно прераснува во одличен тренер. А имаше и од кого да учи. По Пеп Гвардиола и Луис Енрике, актуелниот тренер на Комо е уште еден производ на системот на Барса, но и на шпанскиот фудбал, кој доминира во светот. „Среќен сум, ова е фудбал и сè се одвиваше во наша корист. Момците си ја завршија работата одлично, а сега мораме да се подготвиме за многу важен натпревар во недела – деветти по ред во периодот меѓу паузите за репрезентативните обврски.“ Комо е во одлична серија – победата против Ланс беше шеста по ред во сите натпреварувања. И покрај историската победа, перфекционистот Фабрегас беше незадоволен од една работа – примениот гол. „Лут сум поради примениот гол, бидејќи направивме промена во дефанзивната поставеност по трите извршени замени. Плус, голот го постигна мојот поранешен соиграч (Рубен Агилар), со кого играв во Монако. По натпреварот му реков дека никогаш претходно нема постигнато таков гол. Навистина беше прекрасен погодок.“ Она што беше впечатливо во овој дуел е дека сите девет гола на Комо беа постигнати по одлична тимска игра и организирани акции. Тоа е печатот на Фабрегас. Екипата игра. Тоа е толку препознатлива карактеристика на „Ла Масија“. Ова е „тика-така“ од крај езерото.Тагови: Фабрегас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Торнадо уништи аеродром во Бразил, летови прекинати...!Силно торнадо во средата ја погоди бразилската држава Санта Катарина и ја уништи аеродромската инфраструктура во градот Шапеко.Драма на пистата среде катастрофата: „Авионот силно се тресе“ . Внатрешноста на терминалот и кровната конструкција се урнале под налетите на ветерот, хангарите и главната сала претрпеле оштетувања, а ветерот откорнал метални конструкции на влезот и искрши прозорци. Severe weather driven by a confirmed tornado struck the municipality of Chapecó in Santa Catarina, southern Brazil, generating wind gusts of up to 126 km/h (78 mph). The extreme winds severed power lines across multiple districts, ripped off metal roofing structures, and shattered glass facades at Chapecó’s Serafim Enoss Bertaso Airport, forcing civil defense authorities to suspend all flight operations indefinitely. #Brazil #SantaCatarina #Chapecó — ConflictRadarME (@ConflictRadarME) November 5, 2026 Снимките од дрон покажуваат оголени покриви во неколку делови од аеродромскиот комплекс, а дел од урнатата конструкција паднала дури и врз еден помал авион. Сите летови се прекинати. Концесионерот „Voe Xap“ го потврди прекинот на работењето, односно на полетувањата и слетувањата, и апелираше до патниците да не доаѓаат на аеродромот додека техничките екипи вршат детален увид и санација на штетата. Градските власти соопштија дека работењето е прекинато до петок, додека концесионерот наведува дека прекинот е на неодредено време. Во моментот кога торнадото удри, патничкиот авион на „Азул“ се наоѓаше на пистата, подготвувајќи се за полетување. Во разговорот со контролната кула беше опишана ситуацијата на пистата. „Стоиме, авионот силно се тресе, се поместува... Застанавме на пистата, леталото се движи, не можеме... радио врската... Чекаме да се смири за да можеме да се вратиме на паркинг-позицијата. 🚨 Happening in #Brazil 2026 terrifying footage captures the destructive force of a tornado at Chapecó Airport, Fierce winds tear through the terminal area, leaving wreckage in their wake. May everyone caught in its path stay safe. 🇧🇷 https://t.co/CAQymlFL5F — NNA (Nadia)🇩🇿 (@22NN_A) November 4, 2026 Се враќаме кон влезот на позицијата. Ќе процениме дали можеме да влеземе“, им рекоа членовите на екипажот на контролата на летање.Тагови: Торнадо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПропадна ли договорот за увоз на дизел меѓу Трамп и Путин? Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа.Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа, а два танкера што првично се упатиле кон американскиот брег наеднаш го промениле курсот, пишува „Фајненшал тајмс“. Промената на рутата доаѓа во момент кога состојбата со залихите на дизел во САД дополнително се влошува. Најновите податоци покажаа дека залихите паднале под 100 милиони барели, што се случува за првпат по повеќе од две децении. Овој недостиг би можел дополнително да го оптовари пазарот на горива, кој претставува една од клучните алки на американската економија. Неколку недли пред изборите, Трамп постигна договор со рускиот претседател Владимир Путин за купување и увоз на пратки со дизел во САД, со цел да ги намали цените на бензинските пумпи и да придобие гласачи. Овој потег не им донесе никаква корист на републиканците – во вторникот, демократските кандидати остварија убедливи победи ширум земјата и ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот. Танкерите со руска нафта веќе не патуваат кон САД. „Талисман“,руски танкер стар 20 години кој е под санкции од САД, Велика Британија и Европската унија, како и танкерот „Леру“ – кој е во сопственост на субјект од Хонгконг, плови под знамето на Сиера Леоне и е под санкции од Велика Британија, ЕУ и Канада – повеќе не ја наведуваат американската атлантска крајбрежна област како своја дестинација. Во понеделникот, „Леру“ (Leroux) го промени својот сигнал и како нова дестинација го наведе Бразил, додека „Талисман“ (Talisman) се оддалечи од Атлантскиот Океан и се упати назад кон Средоземното Море, каде што моментално се наоѓа во близина на алжирскиот брег. Овој брод емитува сигнал „чекање на наредби“, што значи дека за товарот сè уште нема потврден купувач или пристаниште за истовар. Третиот танкер натоварен со руски дизел, бродот „Агиои Фанендес“ (Agioi Fanendes) во грчка сопственост, според податоците за пловидба, сè уште се упатува кон САД, но исто така емитува сигнал „чекање на наредби“. Неговиот сопственик, компанијата „Истерн Медитеранеан Меритајм“ (Eastern Mediterranean Maritime), претходно за „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) изјави дека бродот плови и чека наредби, бидејќи пристаништето за истовар сè уште не е потврдено. Во средата, компанијата не одговори на новото барање за коментар. Од друга страна, „Бист“ (Beast) – танкер под санкции, регистриран на Сејшелите, кој товарот го презел на 27 октомври во руското пристаниште Приморск – исто така се упати кон САД и емитува сигнал „Атлантик“ (Atlantic), што укажува дека негова дестинација е атлантскиот брег на САД.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00