Фото: Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа во Калифорнија - Канал 5

Фото: Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа во Калифорнија

Светската музичка ѕвезда, пејачката Бијонсе и нејзиниот сопруг продуцентот, Џеј Зи  купија вила во Малибу за неверојатни 200 милиони долари.

Фото: Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа во Калифорнија

Богатата музичка двојка со ова купување парот го собори претходниот рекорд кога станува збор за цената на куќите во Калифорнија. Имено, „TMZ“ пишува дека оваа куќа е најскапата досега продадена во Калифорнија.

Пред неа најскапа била куќата на Марк Андресен кој за својата вила во Калифорнија платил 177 милиони долари.

Вилата вредна 200 милиони е изградена од сиров бетон и има прекрасен поглед на океанот. Комплексот е во облик на L, а пространиот двор има и базен.

Куќата, изградена со високи бетонски ѕидови со многу простор, ја дизајнираше јапонскиот архитект Тадао Андо, кој исто така работеше на куќата на Канје Вест во Малибу.

Андо е добитник на „Прицкеровата награда“ и е познат по своите уникатни бетонски конструкции во Азија, Европа и Северна Америка. Куќата била изградена и сопственост на Вилијам Бел, познат колекционер на уметнички дела. Имотот го купил за 14,5 милиони долари во 2003 година.

Бетонската конструкција на куќата се градела речиси 15 години. Иако цената е небесно висока, парот успеа да добие попуст. Куќата претходно беше продадена за 295 милиони долари.

Никогаш не се појави на пазарот, туку беше прикажан на избрана група купувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја.

Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ.

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ.

Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?

Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел.

Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат.

Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со Сити

Светската фудбалска ѕвезда, норвешкиот стрелец Ерлинг Халанд со нов имиџ, кратка коса се појави на старот на  новата сезона со Манчестер Сити во Премиер лигата. 

Видео- Фото: Халанд со нова фризура во нови победи со Сити

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (26), ја скрати долгата коса и ја започна сезоната во Премиер лигата со драстично поинаква фризура.

На милиони негови фанови ќе им биде тешко да се навикнат на фактот дека норвешката машина за голови сега изгледа вака:

Халанд се појави на натпреварот против Борнмут на стадионот „Етихад“ со кратка коса, а пред почетокот на мечот објави видео од својата нова фризура на својот профил на социјалната мрежа X.

Поради новиот изглед на Халанд на социјалните мрежи се јавија и неговиот долгогодишен тренер, легендарниот Пеп Гвардиола и светската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ.

Во видеото во кое Халанд е со новиот имиџ може да се види и изненадената реакција на неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола, кој не можеше да поверува во она што го гледа. Шпанецот реагираше побурно, па дури и опцу за време на нивниот видео-повик.

„Не е можно... Среќник си што воопшто имаш коса, и јас би сакал да имам“, рече Гвардиола со насмевка.

„Што по ѓаволите си направил? О Боже, што е ова? Да не изгуби во некој облог или слично? Блокирај ме, избриши ми го бројот“, му рече Златан Ибрахимовиќ.

Секако реагираа и многу соиграчи на Халанд.

Ерлинг Халанд со години носеше долга коса и беше препознатлив по неа. Последен пат настапи со косата врзана во опавче на Светското првенство во Америка, каде што испиша историја со националниот тим: го елиминираа Бразил и стигнаа до четвртфиналето, откако во нокаут-фазата ја совладаа Брегот на Слоновата Коска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер