Шоу бизФото: Без долна облека на црвениот тепих!?Убавата манекенка Криси Тејген на со својата појава предизвика огромно внимание од фото-репортерите и публиката на доделувањето на МТВ наградите, иако покрај неа скоро гола шеташе контроверзната тинејџерска музичка ѕвезда Мајли Сајрус.Причина за големиот интерес секако беше гардеробата на убавата сопруга на пејачот Џон Леџенд. Репортерите на секој начин се обидуваа да откријат дали атрактивната Криси носи гаќички под провокативниот фустан. Според дел од медиумите Криси носи „ C-string“ , таканаречени танги што стојат сами.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанокПолскиот претседател Карол Навроцки свика итни консултации со претставници на парламентарните партии поради ескалацијата на конфликтот околу Уставниот суд, што предизвика сериозна политичка криза во земјата.„Поради заканата по внатрешната безбедност на Република Полска, денеска свикувам итни консултации со учество на претставници на парламентарните сили, со цел да се стабилизира политичката состојба и да се воспостави уставниот поредок“, изјави шефот на кабинетот на Навроцки, Павел Шефернакер, пренесува полската телевизија „Република“. Засега не е прецизирано кога ќе се одржат консултациите. Навроцки вчера ја прекина својата официјална посета на Сенегал и се врати во Полска, откако полицијата влезе во просториите на Уставниот суд, а претседателот на таа институција, Богдан Свјенчковски, беше суспендиран. „Во ваков момент, претседателот мора да биде во Полска. Ја прекинувам посетата на Сенегал и се враќам“, напиша Навроцки на платформата „Икс“ (X). Од полицијата соопштија дека нејзини припадници влегле во зградата на Уставниот суд по инцидентите пред оваа институција, при што кон полициските службеници биле фрлани опасни предмети. Демонстранти се собраа пред зградата на судот и се обидоа да ја пробијат заштитната ограда, поради што беа распоредени дополнителни полициски сили. Уставниот суд на својата веб-страница објави дека Свјенчковски е суспендиран, додека министерот за правда Валдемар Журек поднесе барање за негово разрешување од функцијата вршител на должноста претседател на судот, како и за одземање на неговиот имунитет. Во Варшава, повеќемесечниот судир околу контролата врз полското правосудство синоќа ескалираше. Сè започна кога судијката Ана Корвин-Пјотровска најави едномесечна суспензија за претседателот на Уставниот суд, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик, Бартломеј Сочански. Овој потег доведе до присуство на полиција за разбивање демонстрации пред зградата на судот, предизвика протести на улиците и го принуди полскиот претседател Карол Навроцки да ја прекине официјалната посета на Сенегал – додека сè уште беше во авион – и да се врати во земјата. #BreakingNews 🇵🇱 Unconfirmed reports of a potential coup attempt led by Prime Minister Donald Tusk have emerged in Poland. President #Nawrocki has reportedly aborted an overseas visit mid-flight and is returning home. https://t.co/MEJilbLDqn #Poland #Warsaw #RegimeChange #Coup https://t.co/CDA8uo1PZn — People's Eye (@eye_peoples) October 30, 2026 Демонстранти и политичари од десничарската опозиција – предводени од Јарослав Качински, лидер на партијата „Право и правда“ (PiS) – се собраа пред Уставниот суд. Полицијата распореди сили околу комплексот по барање на судијката Корвин-Пјотровска, која проценила дека постои потенцијална безбедносна закана. Во текот на вечерта дојде до помали судири, некои поединци фрлаа предмети кон полицајците, а три лица беа приведени откако се обидоа да ја преминат заштитната бариера.Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Судири на улиците во Рим: Полицијата интервенираше со водени топовиСудири на улиците во Рим- Поставени контејнери во близина на Колосеумот; Полицијата интервенираше со водени топови.Најголемите собири се одржаа во Рим и Болоња, каде што во секој од овие градови се собраа повеќе од 50.000 луѓе. Протести се одржаа и во Милано, Неапол и Торино, додека ученици и студенти се приклучија на демонстрациите во повеќе од 50 градови. In Rome, protesters have set up barricades in front of the Colosseum.Rome #Italy #Colosseum #Protesters #Barricades #Protests #Demonstrations #CivilUnrest #BreakingNews #snnfinland https://t.co/QzTQPFQ3Hh — SNN Finland (@snnfinalnd) October 30, 2026 Синдикатот USB, кој го организираше овој ден на протестни активности, тврди дека до пладне во протестите низ земјата учествувале најмалку еден милион луѓе. Полицијата сè уште нема излезено со свои проценки. Поради страв од насилство, на улиците е распореден голем број припадници на безбедносните сили. Сепак, повеќето протести во текот на денот поминале мирно. Мирољубивите протести, организирани од синдикатите и студентите во Рим, завршија, но потоа група демонстранти се собрале на брегот на реката Тибар и се обиделе да стигнат до центарот на градот, јавува СРНА, повикувајќи се на руската новинска агенција РИА Новости. Полицијата со употреба на сила ги запрела демонстратните на мостот. Демонстрантите потоа се обиделе да стигнат до центарот на Рим по друг пат, но полицијата ги запрела и во вториот обид употребувајќи водени топови. A group of masked protesters were seen throwing rocks, glass bottles and firecrackers at officers as clashes erupted outside the Colosseum in Rome. More than 20,000 demonstrators were expected to march across the Italian capital to protest against the rising cost of living. 🔗 https://t.co/kouT9yjn7E — Sky News (@SkyNews) October 30, 2026 Ситуацијата во Рим дополнително се заостри, при што беа запалени контејнери и поставени барикади во близина на Колосеумот. Немирите избија по масовните протести низ Италија, за време на кои полицијата во неколку наврати интервенираше за да ги запре демонстрантите. Италија е потресена од насилни протести во текот на последните недели, а најтешките немири беа забележани во Милано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗелена агенда: Од национални политики до локални економски можности Како националните зелени политики да се преточат во применливи локални мерки и можности за економски развој беше централното прашање на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“.Како националните зелени политики да се преточат во применливи локални мерки и можности за економски развој беше централното прашање на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, кој денес се одржа во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, во организација на Центарот за климатски промени. Настанот обедини претставници на националните институции, локалните власти, планските региони и граѓанските организации, со цел размена на искуства за спроведувањето на Зелената агенда и разгледување на потребната поддршка за општините. Програмата ги поврза институционалните перспективи со практичните предизвици во локалното планирање, финансирање и реализација на зелените мерки. Во рамките на првиот панел, „Од национални политики до локално дејствување“, дискусијата беше насочена кон националните приоритети, достапните алатки и ресурси и начините на кои институциите можат да им помогнат на општините. Беа разгледани и клучните наоди и препораки од Годишниот извештај од мониторингот на општините за спроведувањето на политиките поврзани со Зелената агенда за Западен Балкан. Вториот панел, „Локални зелени приоритети како основа за инвестиции и економски раст“, ја насочи дискусијата кон искуствата на општините и можностите за партнерства и меѓуопштинска соработка. Во фокусот беа поврзувањето на зелените мерки со подобри јавни услуги, поефикасно користење на ресурсите и создавање услови за одржливи инвестиции. Општините имаат непосредна улога во областите што го обликуваат секојдневието на граѓаните: енергетската ефикасност на јавните објекти, управувањето со отпадот, заштитата на водите, воздухот и зеленилото. За долгорочна примена на овие мерки, препораките од мониторингот ја нагласуваат потребата од нивно поврзување со редовните општински буџети, зајакнување на стручните капацитети и воспоставување функционални механизми за соработка и отчетност. Регионалниот форум се спроведе во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“, спроведен од Центарот за климатски промени заедно со партнерските организации, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Во текот на проектот, соработката со општините, планските региони, националните институции и граѓанските организации беше насочена кон следење на зелените политики и создавање основа за нивна поефикасна примена, со видливи придобивки за граѓаните и локалните заедници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook