Фото: Автономни возила на Тојота ја преземаат работата на аеродромот во Токио - Канал 5

Фото: Автономни возила на Тојота ја преземаат работата на аеродромот во Токио

Автономни возила на Тојота почнаа да работат на аеродромот Ханеда во Токио.

Фото: Автономни возила на Тојота ја преземаат работата на аеродромот во Токио

Тојота започна со распоредување на автономни возила на аеродромот Ханеда во Токио, еден од најпрометните во Јапонија.

Станува збор за електрични влечни возила без возач, опремени со автономија од ниво 4, кои ќе се користат за транспорт на багаж и товар на домашни летови.

Проектот беше најавен во март 2021 година, а тестирањето започна таа есен.

Развојот го води „Toyota Industries Corporation“ во соработка со „All Nippon Airways (ANA)“.

Патем, ова возило веќе ја освои наградата „iF Design“ во 2022 година.

Три автономни влечни возила ќе бидат во употреба од декември 2025 година, додека уште три ќе бидат додадени во возниот парк до крајот на март 2026 година.

Според Тојота, ова е прв пат автономно возење од ниво 4 да се користи во затворена зона на јапонски аеродром. Претходните тестови беа претежно на системи од ниво 3.

Возилата се дизајнирани да влечат контејнери помеѓу авиони и терминали и се потпираат на комбинација од сензори за прецизно позиционирање, откривање на пречки и далечинско следење во посложени ситуации, како што се близина на пистата и густ сообраќај на аеродромот.

Дизајнот е сличен на претходните прототипови, со мали промени на браниците и страничните прагови. Возилото има повеќе сензори, вклучувајќи „LiDAR“, монтирани на предната страна, страните и браниците, за да му се даде на системот целосен преглед на околината.

Во автономен режим, максималната брзина е 15 км/ч, а капацитетот на товар е до 13 тони. Кога возилото се користи со возач, брзината се зголемува на 25 км/ч, а капацитетот на влечење на 27 тони.

Рутата што ќе ја поминува е долга околу 1,5 километри и вклучува минување низ сигнализирани раскрсници во рамките на аеродромот.

Заедно со воведувањето на возилата, Тојота и „ANA“ имплементираат и нов систем за управување со возниот парк (FMS), кој ги координира задачите, рутите, семафорите и движењата на возилата, со цел намалување на застојот и поефикасно работење на аеродромот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер